Во последно време сум станала голема спанка, никако да се наспијам..ми се фаќаат по некои 10 часа спиење.. А, најубаво ми е кога спијам 6 часа, најодморена и најпродуктивна сум.
Спанка сум и тоа голема.. Еве баш сега си реков ќе поспијам малку па покасно ќе учам... Навечер не можам да легнам да спијам, насабајле не можам да се разбудам и да станам... паразит, шта чеш Сакам да спијам и ми се чини ако не сум доволно наспана, одма цел ден сум против сите...
Па од прилка 8-10 часа зависи кога си легнувам ама никогаш не спијам повеќе од 11 сатот на сабајле то ми е максимумот
5 до 6 саати - за жал. Останувам до касно навечер, и си се мразам себеси наутро. Тешко заспивам и никако немам навика порано да си легнам, а постојано рано станувам. А и да не е рано, ако си легна наутро во 4 - 5, и станеш во 10... Тешко се држат очите отворени. Особено во испитна недела. Сфатив колку многу значат 15 минути повеќе сон, научив да заспијам во сите можни положби, на сите можни места, научив да спијам со отворени очи ( hock: ). Крваво црвените очи се дел од мојот имиџ...хеал јеаа хахах
Спијам малку, максимум 6 часа, не сакам времето да го трошам на спиење. Освен за викенд, кога спијам колку што ми се спие. Осум часа сум на работа, а потоа има толку многу работи што сакам да ги реализирам, па немам време за спиење. Имам многу интереси и хобија, а денот е толку краток за сите тие убавини што ми ги нуди животот.
Па 8 саата најчесто, секако некогаш и помалку, али во принцип не сум голема спанка можам да издржам и 24 часа да не спијам
Спијам по 7-8 саати. Не сум спанка, а и ранобудна сум па макар и до покасно да заглавам.. таков ми е оддамна навикнат биоритамот на организмот За викенд можеби некој саат плус ќе пролонгирам, ама и тоа е ретко хехе
Спанка сум ... по 9-10 саата сигурно. Ако сум под притисок на испити и учење како сега, спијам по помалце и тешко функционирам, ама затоа после полагањето надокнадувам па знам да се заборавам и комирам и по 12 саата или повеќе....само додека надокнадам и после пак сум си на околу 9 часа.