Послениве месец дена претерувам, многу спијам, скоро по 10 часа. Порано обично доволно ми беа од 6 до 8 часа.
Да не пресметувам, спијам секој ден од 1 по полноќ до 12 попладне. Доволно ми е кога не се оди во школо.
Не многу!!!Најчесто по 6-7 саати и сосема доволно ми е да се чувствувам одморена и спремна за обврските што ме очекуваат
Гледам да се најмалце 8 часа, еден период спиев по помалце, по 5-6 и се осеќав посвежо првите недела-две, потоа почнав да се разболувам, имунитетот ми опадна многу, главоболки, немав концентрација така да пазам веќе да не пробувам такви глупости.
Преку недела не баш многу, ама затоа за викенди.. 10 саати минимум, а башка муабет е попладневната дремка, скоро задолжителна, зошто неделата не е недела без неа. Па, грубо пресметано, некаде околу 13 саати.. Инаку вака, најчесто 7-8. Некогаш повеќе, некогаш помалку, но ништо претерано. Се додека повторно не ми се вратат несониците, супер е вака...
Е најмногу што сакам да спијам. Многу касно секогаш легнувам околу 4 после полноќ и станувам некаде кај 2 на пладне и никако не можам да се разбудам со топови ме будат. Да не дојде никој да ме разбуди ќе си спијам така до вечер...
вчера спиев само 2 саати, денеска по се изгледа нема ич да спијам, а и не осекам дека нешто многу ми е неопходен сонот...се претворив во суштество на кое сонот му доаѓа како можност, а не нужна потреба...знам дека не е здраво, али се надевам у скоро време ќе се вратам у нормала
8 часа ми се сосема доволно, ама заради обврските преку работна недела и не секогаш спијам толку. Викенди повеќе се опуштам и спијам дури и 10 часа. Како и да е, сон ми е многу потребен за да нормално функционирам преку ден.
Кога како Кога имам обврски, обично спијам по 6 до 7 саати, ама кога сум слободна, можам да спијам и по 12.
Кога сум слободна спијам и по 12-13 саати, а кога морам да станувам и имам обврски спијам и по 5-6 саати само Инаку рекорд ми е 23 саати спиење ама добро тогаш предгодно 3 дена немав спиено
Обично спијам по 8 часа,баш толку ми е потребно за да се одморам и наспијам како што треба.Некогаш знам и повеќе да поспијам,кога сум премногу мрзелива да станам од креветот.Но тоа секогаш ми се одразува лошо,повеќе изморена се чувствувам него одморена. Иако овие денови ми е се испомешано.Дење спијам,ноќе седам.А добро си се бев навикнала да си легнувам малку порано и да станувам малку порано.Вака не иде работа.
Па кога сум дома си спијам доста долго, околу 10-11 часа .. кога волку часа спијам убаво ми е и наспана сум си Кога сум во школо спијам само околу 7 часа и цело време ми се спие не сум си одморена. поздравче до сите феминки и спијте што подолго, одморете се убаво!
Не си дозволувам себеси да си пружам Beauty Sleep кој трае помалку од 8 часа. Максимум до 9, 10 и обавезно пред спиење бројам колку часови ќе спијам : ))