во принцип нењ сум спанка ама си легнувам десет десет ипол и сама се будам во 6 часот доволно ми е но за да функционираш како што треба ботребно е 6 часа ефективен сон :
За да сум скрос одморена ми треба сон 12 сати... А кога сме прва смена на училиште спијам по 5-6 сати Кога ќе се вратам веднаш легнувам, оти не можам да функционирам а кога сме втора смена спијам околу 8 сати
сакам да спијам ,ако не сум наспана како што треба цел ден ми е напнат 1о часа ,знам дека се многу ама што да правам
Во последно време се повеќе останувам до касно на фејс, а сабајле порано станувам од обично зашо иам за учење и ми се фаќа 6-7 саати спиење и ич не ми одоговара цел ден ми е зезнат. Сега викендов ќе се изнаспијам за цела недела пошо сум прва Иначе многу сакам да спијам. Само таму имам мир
кога сум 1 смена спијам од 2 до 4 часа максимум и цел ден ми е за никаде -.-, кога сум 2 смена спијам до 8-9 часа а за време на викенд 12 часа минимум (е тогаш се чувствувам Like a Boss)
Во последно време спијам помалку. Во глобала може да се каже дека спијам по 6-7 саати. А викенди понекогаш си спијам по 12 саати а понекогаш дури и помалце од 7 саати ќе ми се фати, зависи кога како. Иначе за да се наспијам асално потребни ми се минимум 10 саати.
Во текот на работната недела спијам околу 5-6 саати,а преку викенд најчесто 8-9.Имам периоди кога премногу сум уморна и би можела да спијам и по 12-13 саати,ама од спиење нема спомени
Претерано спијам!!! Кога немам обврски а и кога имам не можам понекогаш да станам! Едноставно несвесно останувам во кревет и спијам и си спијам и немам мака .... Премногу сонувам! Мислам дека и радо тоа премногу спијам.
по 10 тина сати и мразам оти толку спијам сакам секогаш да си имам некој си обврски за да станам порано ама тоа се случува само 3 дена неделно за жал
И јас исто! Мислам дека ради сонувањето повеќе спијам, се имам приметено неколку пати. Иначе, порано помалце спиев, сега, последниве неколку месеци, се наспивам и тоа како. Просек 9 саати.
Сакам да спијам, меѓутоа поради обврските и не успевам да спијам многу, освен за викендот. Максимално спијам по 7-8 часа, а за викенд имам навика да спијам и по 10-11 часа