Последнава вечер само два часа, а обично знам да си спијам негде околу 8, 9 часа.. Спијам и многу повеќе ама само во зима..Преку лето сакам порано да си станувам..
Секој ден си ветувам дека денот порано ќе ми почне, ама не, никако да станам! Преку лето спијам по 11-12 часа, а обично по 6-7 часа.
Последниве неколку дена касно легнувам и рано станувам па спијам по околу 4 часа, а просечно спијам од 9-12 часа.
уффф моментално дека немам обврски ,не одам на работа имам одвише слободно време а и либето ми е докај 6 попладне на работа нема кој да ме буди и ,спијам ненормално многу отприлика околу 12 саати што значи пола ден , накај 4 сабајле си легнувам околу 3 попладне станувам ... уопште не ми се свиѓа овој начин на живот ама тоа е , додека да најдам некоја работичка вака ке биде а и + си се тешам ај лето е не сум единствената
Во лето, дека на распуст, гајле си немам, по 10 саати, можеби и повеќе. Ама затоа, како почнува школо, саативе се намалуваат. Стануваат 5-6 отприлика.
многу.. Не ми се доволни 12 часа. Секогаш заглавувам. Легнувам рано накај 12, а станувам во 12, 1 попладне
Многу... за да се наспијам и за да не чувствувам умор потребни ми се 12 часа или повеќе ама ете денеска порано сум станата, значи спиена сум само скромни 6 часа.
зависи од тоа како ми поминал денот...ако сум со многу работа и луѓе тогаш сум скапана од умор и си ланфам до сабајлето, ќе станам кога ќе звони будилникот... ...а ако имам грижи и проблеми е тогаш спијам само неколку часа,,,си ги премотвам филмчињата во мојата глава зошто и како настанал проблемот и се трудам да најдам решение...
Не спијам по многу. Не паметам кога последен пат сум спиела 12 часа. Најчесто спијам по 8 часа, а за време на учебна година т.е за време на испити и колоквиуми можам да спијам и во просек по 4-5 часа цела недела. Поубаво се чувствувам кога ќе станам рано
мене ми требаат 10 до 12 сати за убаво да се наспиајм. ке сум активна цел ден и вечерта мозе покасно да си легнам 4, 5 сабајле а ако помалку спијам пр. 8 или 7 саати исто цел ден е сум активна ама вечерта рано ке ми се приспие
Јас без барем 8 часа сон не можам да функционирам нормално. Се околу мене затепувам, се ми смета, на ништо не можам да се сконцентирам, тотално сум незаинтересирана во било што...