Најчесто спијам од 6/7 саати (значи легнувам 1 или 2 по полноќ, станувам во 7.30), иако за викенд знам да поспијам повеќе. Ама затоа секој ден преспивам саат, два, три преку ден. Превртен ќе ми е денот ако немам попладневна дремка, се ќе ми е наопачки. Така да во глобала дневно од 8 до 10 часа спијам Дечко ми стално ме зафркава што ќе речам еј мене досадно ми е ај ќе си легнам
Можам да го преспијам и цеееел ден спијм по 10 до 12 сати а ми се има случено и поке.. важно пред 12:00 не сум станата..( другарками ме зафркава,вели- ти дури да станиш јас ручек имам напраено и цела куќа ја имам средено и детето си го имам искапено и внуците на училиште ги имам однесено па дури и еден сон си има манато ) голема спанка сум
Mногу спијам Во зависност од обврските на факултет, во просек спијам по 8-9 часа. Но сега кога сум слободна, а и летото, легнувам доцна,околу 3-4 часот по полноќ и станувам во 2-3 часот попладне. Не можам поинаку, голема спанка сум. Ако не се отспијам толку колку што му треба на мојот организам, не сум јас, цел ден сум мамурна, изморена, некогаш дури и како болна сум. Затоа си го земам сонот редовно
Кога сум у школо, за прва смена, легнувам 12-1, станувам 6:30. За втора смена, легнувам 12-01, станувам 10. А за распустов, УБИСТВО! Легнувам 4-5 станувам 12-1 па и 2 ! Несмеам вака да продолжам!
Оф камо да кажев, доволно. Јас исто како Росоњерче, легнувам во 12, 1 па некогаш и 2 по полноќ а станувам веќе во 7.30 за на работа. Ама потоа си знам како ми е кога ќе ме фати криза околу 3 попладне, па кога ќе почнам да се проѕевам на работа, подготвена да ме дигнат и однесат кај нилските коњи во зоолошка Не знам дали е доволно, мислам дека не е, затоа што при крај на работната недела сум ужасно многу уморна. На некој магичен начин и ко за инат баш во петок живнувам, и по обичај знам да излезам, да се „уморам“ онака ептен со неколку пијачки и саботата да си ја отспијам барем до 12. По можност. Сакам денови кои човек знае да си ги резервира за ништо. За спиење, лежење, одмарање. И мразам кога некој од моите познаници си зема за право во такви денови да ме буди и уште кај ќе ме разбуди па уште и по телефон ми вика „Лелееее те разбудив?? Аман бе што направи? Јас сум од 7 саат станата, епа ништо бе, уживај ај друг пат ќе ти кажам.“ Тииит, тиииит, тиииит....спуштено! Агннн Ама тоа е веќе друга тема
Мене ми е навистина многу чудно кога некој ќе рече дека спие до 1, 2 па и 3 саатот не можам да се замислам јас така...јас сум ти ранобудник човече па и сабајле во 4 да легнам мене ме гледаш до 9 обавезно станата ама затоа па мака немам за да станам за на работа само не можам да преспивам на поручек ауууууу тоа никако два дена после тоа глава ќе ме боли само навистина некогаш ми треба ден за одмор не за да го отспијам туку за да лежам онака филмчиња да си гледам да си посветам себеси внимание ...ееее тоа ми фали
Спијам мноооооооооооооооооооогу, мајка ми постојано ме кара за тоа моето спиење и затоа користам прилика кога таа не е дома да се изнаспијам до 14-15h.
Анги, ме изнасмеа Јас морам да отспијам барем 9 саати.Ако се помалку или ме боли глава или сум нервозна и неспособна за било што. Сега кога не сум на факултет ми е милина. Пред 12-1 не сум станата и јас конечно како човек да се наспијам
Сакам да спијам, голема спанка сум... али спијам колку што ми дозволуваат обавезите.Некогаш по 6-7 саати, најчесто гледам барем 8, а за викенд си поспивам и до 12. Мана ми е што неможам да преспивам, ако легнам преку ден потоа неможам да станам без три саата сон... и после незнам дали е ден дали е ноќ цела сум буричканици.
Кога сум слободна можам да спијам и повеќе од 12 часа но тоа ретко се случува и само тогаш се чувствувам максимално наспана и одморена. Но, обично спијам околу 10-11 часа во зависност од обврските Се случува некогаш и многу малку време да спијам но тогаш цел ден ми е онака...како да кажам.....напорен.
Поголема спанка од мене, амин.. Буквално можам да го преспијам цел ден и пак да се осеќам недоспиена, заникаде сум, знам! А во просек што знам, сигурно 6-7 саати
Па вака -Мислам дека повеке од 11 часа неможам да спијам. -Обично ми е доволно 9-10 за убаво по кејф да си се наспијам Не сум некоја голема спанка, немам спиено после 11 ипол..морам да се разбудам, преспивањето на цел ден ми е како коцкање а и не ми е убаво, бидејки колку повеке спиеш, толку повеке ти се спие Но иако викаат дека 8 саати се доволни да човек добро се наспие, сепак не ми е баш тоа веродостојно..
Преку ден ич не спијам колку и да сум уморна,освен кога сум болна нешто.Навечер обично касно многу легнувам и касно и станувам.Негде околу 10 саата спиење мислам дека ми е идеално,ни помалку ни повеќе!По обичај или мн малце спијам ради колокфиумска или кога сум слободна претерувам 12 саата спиење.Значи од крајност во крајност одам!
значи коа спијам спијам како труп хехе легнувам накај 5 6 и знам да окапам со спиење и до 4 5 зависи али кога мора да станам рано а неможам да заспијам боље иц не ни легнувам
Кога сум прва смена можам да спијам и само 3 часа, а нашколо да функционирам беспрекорно дури и лекции да раскажувам, можам да спијам до 10-11 часа максимум, најкасно што сум станала е 14 часот ама ако сум легнала во 5 ама ова многу ретко ми се случува, три пати во едно лето Нормално спиење ми е по 7-8-9 часа, ако не сум наспиена убаво ама цел ден не можам да функционирам како што треба, ако имам многу малку спиено крај 22 одма ми се соспива. А, ако станам покасно од што сум планирала или сум спиела повеќе од што треба наспана сум ама се чудам колку бргу ми летнал денот и ми е без врска , најубаво ми е чувството кога ќе станам наутро и гледам тогаш денот се буди, и поубаво се организира времето кога ќе станеш порано. И така распишувана, заборавив сосема на време, и во име на погорниов муабет, се гасам, и си ветувам дека ќе се потрудам да го слушнам алармот и да станам колку што можам порано, вака можам да си го уништам утре, а не сакам.
Спијам во просек по 7-8 часа и сосема ми се доволни да се разбудам одморена и спремна за новиот ден.А и ранобудник си сум,ги обозавам утрата па станувам обично од 6-8часот наутро,кога и да сум заспала претходниот ден.Утрата,како еден од омилените периоди од денот(покрај самракот) не сакам да ги пропуштам,малку сум оф топик.
Кога сме на училиште спијам по 4-5 часа, толку ми требаат за да можам да функционирам нормално. А кога сме на распуст, тоа е сосема друга приказна. Легнувам во девет наутро, а станувам во шест попладне, додека пак има случаеви и кога воопшто не спијам. Стојам на тоа дека од спиење нема спомени.
рано станувам во работни денови а во викенди максимум до 9 можам да спијам , но не повеќе од тоа, освен кога сум на свадба, нова година или слично