Спијам по 10 часа. Обично, не останувам до доцна и заспивам покрај 11 часот, така да ем се будам рано ем сум наспана! Не ги сфќам луѓето што можат до сабајле да седат на интернет и да прават буквално НИШТО. А инаку кога сум излезена до подоцна, па посебно викендите, си поспивам до 10 часот наутро
јас колку спијам мислам дека тоа не е нормално се случува да спијам повеќе од 12 саати, по 13-14 а некогаш па и многу малце по 4-5 саати, зависи кога како
Многуууууу За да се наспијам нормално потребни ми се минимум 9 часа. Ама колку време и да сум спиела, дали 4 или 12 саати, насабајле секогаш ми е тешко да се разбудам. Ако не постојат алармиве/будилнициве мислам дека секој ден ќе спијам по 15 саати.
Многуу. Ептен многу. Кога не треба да станувам за училиште спијам и по 14-15 саати и пак тешко се будам
во последно спијам 8-10часа,но за да бидам убаво одморена ми требаат 12 часа ако не и повеќе хахаха...навечер често се будам и имам лесен сон,па затоа не сум секогаш баш одморенаи затоа спијам многу...спанка сум,знам