Нема работа,факултетот заврши па си спијам кога сакам и колку сакам.Поубаво здравје,спијам по 10-12 сата.Моите ми велат дека сум како мечка која потонала во зимски сон.
Не сум спанка.Доволни ми се 7-8 часа за да функционирам во текот на денот.Времето (часот) на станување воопшто не ми е проблем.Колку и да треба некогаш да станам рано,подготвена сум.Но,ако е неопходно до доцна во ноќта да останам будна,поради некоја прослава или излегување,тоа ми претставува физичко и психичко малтретирање Воопшто не можам доцна да седам.Се е навика.
6-7 часа и се чувствувам наспана.Можам да спијам и 12 часа,ама потоа глава боли.Поодморена се чувствувам кога спијам помалку.
Оваа недела не доволно за да бидам во форма.Ме мачеше чир на десното уво и повеќе бев будна од болка,отколку што можев да му се препуштам на сонот.Најстрашна болка што досега сум ја почувствувала
Премногу спијам,мајка ми ми вика ти дете од можни 24 часа 25 спиеш сериозно незнам во последно време што ми е ама и цел ден би го преспала да можам.
ако немам спиено повеќе од 8 часа.. (и ако е можно дремка преку ден) јас не сум јас и се губам на моменти, пошто напорни денови имам во последно време..
Уууу премногу 12часа обавезно, а можеби и повеќе и често ми се случува да си легнам во 11 и да станам во 12попадне а кога сум прва смена на школо, ми се случува со отворени очи да подзаспијам
Многу многу многууууу сигурно повеќе од 12 сати. Мајка ми вика како ќе гледас кука, а камо ли деца...Не дај боже некој да ме разбуди порано...како зашеметена сум цел ден.. Не знам кај терам
Многу. Не е ни здраво толку. Се обидвам колку шо можам порано да станвам за порано да си легнувам ама никако не ми успева Рекорд ми е 16 сати. И после инсомниа. хаха неможев да се совземам од толку спиење.
Вчера баш броев.. цели 13 саати сум спиела. И пак ме будеа, едвај станав.. абе до воздухот да не е? Гледам сите овде помалку од 11-12 саати немаат напишано. Мнозинството секогаш е во право, така да наспијте се убаво и не му ја мислете многу.
скоро ич не спијам ,од кога тргнав на работа неможам да се отспијам,пописи едно друго и по цел ден на работа,се на се по 4-5 часа спиење на ден
луѓе после нова година да ви кажам почнав да спијам по 15 саати што не е нормално веќе.. Ќе си легнам накај 12, 1, 2 ноќе и спијам до 5, 6 попладне и се будам тотално ненаспана и уморна и можам да си легнам да заспијам пак во било кој момент. Ова веќе мислам не е нормално.. што да правам?? да испитам крвна слика една ?? ај хелпп, што мислите??