A само јас мислев дека спијам многу Порано коа одев на работа по 8 часа спиев, не ми беше доволно ама обврска си е обврска. А сега коа некоја мечка во зимски сон сум. По 10-12 саати спијам. Легнувам во 1, 2 по полноќ а станувам во 13 и 30 најчесто, и тоа со аларм. Спанка сум и тоа голема.
Јас како заклана спиев за нова година до кај 4 поручек Гинис а,и после до кај 10 часот спијам,а сега околу 9 и нешто станувам и толку ми е. Поручек ако сум изморена по пола саат и толку....а кај 1,1 и пол по полноќ си легнувам :geek: тука некаде 10 саати отприлика спијам...
За распустов,легнувам во 2 по полноќ,и станувам во 1-2.Дури кога ќе станам се запрашувам прво,дали да доручкувам или да ручам?
Спијам по 7-8 саати. Легнувам накај 11/12ч. и станувам во 7,30ч. за на работа. Некогаш знам да си легнам и во 23ч. но ретко се случува тоа. Сега дека бремена мислев ќе си легнувам порано, додуша во вториот месец од бременоста си легнував во 22ч.
Значи отсекогаш сум била спанка(добро не од оние до 5 поручек шо спијат) ,ама сеа со безработицава тотално се пореметив. Навечер не можам рано да си легнам зашто не сум уморена ни физички ни психички( дури ни вежбањето не ми помага),ќе заспијам у 4 станувам у 13...тоа никад не ми се десило...не дека се многу саати спиење 9 се,ама ритамот ме нервира,навечер пред 4 да заспијам јок..се надевам е период само!
„Благодарение“ на мојава тироидна жлезда, не можам да се освестам од спиење.. Колку и да спијам, пак ќе ми се приспие во текот на денот, и тоа неколку пати Не знам како ми успева, ама почнува да ме нервира во последно време.. Ми ги попречува секојдневните активности. А изгорена сум да можам да се наспивам со 4-5 саати, како што можат некои луѓе. Денот ќе ми биде три пати поголем и ќе имам време за се. Ај, можеби некогаш...
Ако немам спиено 10 -11 часа јас не сум јас.Се ме нервира,сите,не можам да функционирам цел ден.Ко претепана,нервозна
За да функционирам како и секоја нормална личност, потребно ми је да спијам околу 10 часа. Јас ? Јас спијам околу 6 - 7 часа и не го сметам тоа за нормално, со оглед дека сум уште во рани години и ми е потребен сон за развивање. Сепак, добро сум, успевам некако. Инаку, во попладневните часови, знам да легнам и да спијам, а тоа трае околу час, час и половина, понекогаш два.
Секогаш различно, целата сум безредие. Или спијам малку, или многу, немам средина. Обично спијам по 13ч. а некогаш ми се доволни 5-6.
Jас сум спанка по природа, 9-10 часа секој божји ден-ноке будна до 01-02 часот, преку ден до 11.30, не ми е проблем некогаш и до 12 часот ххехеххех-човек без работа (што да се прави).
зависи од обврски што ги имам и од тоа колку сум изморена.. секој ден различно така што во бројка и не можам да кажам баш