Спијам во просек по 7-8 часа и доволно ми е Преку ден речиси никогаш не легнувам да спијам, па колку и да сум уморна и ненаспана. Мислам дека се е навика
Леле МНОГУ! И тоа ова откако дојдов овде. Можеби поради промена на средина едно-друго. Порано и 5 часа доволни ми беа. Сега испод 10 часа нема шанси. Мора да се регулира ова некако
Од седум до осум ипол часа....ама секогаш ме буди аларм, инаку мислам дека и 13 саати можам да спијам, ама не си го дозволувам тој луксуз и јас никогаш, ама никогаш не легнувам преку ден, затоа што тоа ми е веќе уништен ден, остатокот ќе бидам со главоболка и поспана....
Аааа, јас сум гоолема спанка! 10 часа ми требаат за да се наспијам, а ако сум посебно уморна .. Порано си станував рано и се си беше со ред, а сега ништо не се знае. Го мразам ова и мора некако да се порпавам .
8 саати..доволно за да се почувствувам наспана и полна со енергија, ма да се случува некогаш тоа да биде и 2-3 саати..зависи од ситуација
кога како ...обично кога е учебна година спијам повеќе за викенд а посебно во сабпота ако се вратам покасно дома во петокот ... омиелни денови ми се тие бидејќи работните денови станувам од 9 часот за да стигнам се да направам ..па и да пишам тука
Најчесто спијам по 8 часа,но со оглед на тоа дека имам мало детенце кое се буди ноке и наутро станува рано некогаш и помалку.
до оглед на фактот дека страдам од несоница 5-6 часа можеби и помалку но пак сум одморна и свежа преку целиот ден
Uff e mene u nikoj sluchaj ne mi se dovolni 7-8 saati.. toa mi e kao da sum pospala 2 saati Golema spanka sum, nikako da se odviknam.. Koga neam obvrski vamu tamu uchenje togash spijam po 12- 13 saati... [mod-kirilica:3kyc0q0c][/mod-kirilica:3kyc0q0c]
голема спанка сум!! кога не сум на училиштее знам да спијам и до 10 часови или повеќе некогаш хихихи а за летен одмор ме нема цел денн!! ужваамм да спијамм
Гледам од коментариве дека контрирам на сите... Спијам по 2-3 часа кога сум во школо, но често ми се случува и воопшто да не спијам...Се тестирав неколку пати за да видам колку ќе издржам без сон, и најдолго било 38 часа....ама затоа после се изнаспав....16 часа....мајка ми се исплашила па на 5 минути ме проверувала дали сум жива а потребни ми се околу 9 часа (во нормални услови) и воопшто немам проблем со станување рано - фала богу
Кога сум на школо спијам од 6-7 чаца а некогаш и помалце. А преку викенди или на одмор по 10-11 часа. Море да ме оставиш би спиела цел ден! хаха Ама секогаш кога спијам помалце од 9 часа се осеќам ко да ме згазил камион! хахаха
Во текот на неделата спијам 6-7 часа, а за викенд си дозволувам и до 9 часа. Кога морам да стигнам одредени рокови ми се случува да спијам и по само 3,4 часа, ама после поминувањето на роковите отспивам и по 12 часа. За мене нема толку влијание бројот на преспани часови, колку што е важно колку квалитетно сум спиела. Ако спијам предолго може да ми се случи да ме боли глава. А, искрено и не обожавам долго спиење, некако се осеќам дека сум можела и нешто поинтересно да направам од само спиење. Понекогаш знам и да подремувам по 15 мин ако сум многу уморна, што јас би рекла спиење на рати
Со оглед на тоа дека сум без обврски, спијам многу... по 11-12 часа... Но, не го бива ова... доцна легнувам (да не речам рано наутро) и пола ден го преспивам... И затоа во последно време почнав да си правам аларм, и да спијам максимум 7-8 часа... барем ден да видам малку..
Кога како...знам да спијам и по 10-12 саати и пак да сум недоспана, па истиот ден да си дремнам и на поручек ,но си имам и периоди кога неможам око да склопам. Не сум од тие што глава на перница и ги нема, ако си имам некоја мисла или мака оди па заспиј ако можеш, се врткам со саати и оп стигнало утрото. И така додека не ми се реши маката или додека не си се помирам дека нема решение
вообичанео спијам по 9-10 часа ама последнава недела како да ме фатил зимски сон, спијам по 13-14 часа кога ке станам сум сонлива, на работа постојано се прозевам ми се спие ме фатила спијачката болест
најубаво ми е кога спијам по 6-7 саати бидејќи после толку време сум свежа,одморена,наспана. Се што е над 8-9 саати не ми годи...колку повеќе спијам толку повеќе ми се спие незнам зашто е така. Во нормални услови спијам токму по 7-8 саати, ама сега неколку месеци дека без обврски спијам и по 12 саати и се будам со зевање
Јас сум најголемата спанка во цел универзум, или јас сум жена-Дракула , зошто по цела ноќ не можам да заспијам штом почне да се разденува одма почнува дремка да ме фаќа и спијам од сабајле до кај 1-2 напладне, но може и да си продолжам и докај 4-5 или така речи цел ден . Сега дека порано се стемнува неколку пати ми се имаше десено да станам од спиење а надвор веќе е темно и ми треба 15 минути да сфатам кој ден е, колку е часот, утро ли е или вечер и така. Обожавам да спијам, но сепак некогаш кога имам обврски не ми е проблем и по неколку часа само да одморам зашто во такви ситуации времето поминато во спиење го сметам за изгубено а кога немам обврски нема зашто да не си поспијам да си се одморам убаво, да си уживкам