Па поприлично спанка сум Ако не сум наспана нема да функционирам како што треба максимун 3 часа па после се прилагодувам некако, а ни самата јас незнам како. Во зима спијам околу 9 часа и доволно ми е а на лето, се подразбира спијам подолго
Потрбни ми се во просек 8 до 9 часа спиење за да бидам одморена и нормално да функционирам.Ама со две мали деца многу ретко,речиси и никогаш не ги добивам тие 8,9 саати.Ретко кога ќе успеам да преспијам3 до 4 часа без некое да ме разбуди.
Да можам нон стоп би си спиела убаво ми е многу кога си спијам хахаххахха но дефинитивно кога спијам помалку сум повеке одморена одколку кога спијам со саати
И јас не спијам многу од причина што постојано сум прва смена и сум навикната рано да станувам. Дури и викендите си станувам порано околу 7/8 а навечер до кај 10/11 сум во кревет.
Околу 7-8 часа, а пред испити 4-5 часа. Она што во последно време ми смета е тоа што сум се' почесто поспана, станувам од спиење како утепана, без сила за ништо (еве баш денес размислував како лани истото време ролетните на тераса ги исчистив за неполни 2 часа, а денес за истата работа ми беа потребни повеќе од 3 часа). И ако никогаш порано сум немала потреба од легнување преку ден, сега гледам само како да стигнам до креветот
Последниве недела дена од прилика, почнав да претерувам. Легнувам околу 12-1 и спијам до кај 12, ќе се разбудам може и неколку пати со повреме, ама призаспивам бе, како призаспивам ни сама не знам кога сум наспана, можам да си заспијам истиот момент без ич мака, несвојствено за мене. Само да не се урочам па да ме фати сега некоја несоница.
За време на школската сезона од 4 до 6часа. А сега, додека трае летото, некогаш воопшто не спијам, а понекогаш и 10 часа