Спиев 8-9 часа, како тргнав на работа многу малку спијам, а кога се вратам во ниедно бош време не е баш за спиење, и затоа после работа сум како зомби едвај функционирам . Се надевам дека ќе навикнам на ова темпо оти навистина ми е исцрпувачки . По 10 часа на работа и малку спиење ептен сум психички раздразлива и малаксана, јас не можам да се трпам а камоли друг, се надевам нема да ми треба цела година да навикнам .
Кога - како, колку време ќе ми се најде - толку. Дури понаспано се чувствувам кога спијам 5-6 часа, отколку 9-10.
Премалку! Понекогаш во кризен период ми се собираат одвај дванаесетина часа во пет дена. И моменталната ситуација не е баш сјајна, ама ете, се навикнав на ваков режим иако знам дека лошо ми влијае. Ќе надокнадам во текот на летото, сега немам време, спиењето ми е луксуз со кој си се наградувам кога сум послушна.
Па би требало да спијам околу 9 часа, но кога сум на школо некогаш е добро по околу 9 часа а некогаш и помалку А некогаш за викнди и повеќе од 12 часа дури и до 14 часа што мислам дека не е добро ахх морам да си го подобрам режимот...
Спијам од кога ќе заспијам, па се додека не се разбудам се шалам. Спијам многу малку, понекогаш се случува и да прескокнам по 1 ден па дуди вториот да дремнам 5-6 часа. За мене спиењето е губење време, затоа се трудам да спијам само онојку колку што е неоходно да го одморам умот. Всушност спиењето е одмарање на умот, телото можете да го одморите и буден. Премногу интересни работи се случуваат околу мене за да го поминам животот во спиење.
Никогаш неможам да се наспијам колку што ми е доволно. Не дека некој друг ми е виновен, сама сум си, јас си го пореметив сонот.. Да видите едно чудо пак, навечер можам да играм да скокам да учам, се,се,се, ама преку ден мртва уморна, да ме види некој ќе помисли претепана сум. Ретко на лето или на зима за распуст ако се наспијам добро,инаку не, сум заборавила како изгледа да се разбудиш добро наспан па
Малку ми треба за да се ,,регенерирам,,...на пеимер 4 часа добар сон ми е сосема доволен. Никогаш не сум спиела подоцна од 8 ч. наутро