Се трудам барем 8 часа да спијам. Кога учам спијам по 7 или 8, а во Јули си надокнадувам со по 10 часа спиење
сон е она што највише ми фали. морам да спијам по 5-6 саата а сакам 10-12. Само знам дека 8 се доволни за секого (барем така велат докторите) освен за мене. Тоа мене не ме наспива ако сум многу уморна. Спојлер она кога мораш да учиш и работиш, а кога ќе го видиш креветчето ти станува најомиленото нешто на светот
Лелееее какви цифри кажувате, се препотив. Срам ми е, а и страв ми е да кажам колку спијам јас. Поточно, колку не спијам.
Тоа е дискутабилно. Максимум 19,5 часа, минимум 0 во 45 часа, реално потребни ми се 9,5 часа сон од 24 за да бидам нормален, ај се надевам и тоа ќе биде некој ден наскоро.
Имам еден проблем периодов. Најверојатно со годините што си ги имам, многу почнав да спијам. Посебно пред ПМС. Од 8 до 8. 12 часа. Ужас.
Па откако се откажав од фб, (си го деактивирав), имам многу повеќе време за се, особено за спиењето 8-9 часа и порано легнување
Во просек спијам од 6 до 8 часа во текот на денот,веќе имам заборавено онака да земам убаво да се наспијам.Ако спијам повеќе од 8 часа,ме фркнува глава да ме боли премногу.
10h. Станувам и уморна сум.Морам да ја сменам навиката.Испити се нижат doctorgreyxo ќе спие по 2 саати или воопшто.
Спијам по +8 сати. Значи ако не си наместам 3 аларми ќе спијам до даље. Имам спиено 16 саати... Голема спанка сум. Спијам 9 сати на пример и поручек до камин сега како шо студи пак ќе си дремнам еден сат А за колоквиуми/испити.... Не ни легнувам најчесто или спијам по сат два колку да се речи.
Не бе не го губам туку го планирам другото за тоа време. Сакам и да излезам, и на компјутер да поседам покасно како и сите, ама и работам па не барам 100че за кафе кога излегувам како 90% од моите врсници. Ако не ја знаеш приказната не трудисе да испаднеш паметна.. Ти ја разбирам поентата на тоа кога ме цитираш, пишуваш во стил демек како ќе го заќутам сега, но нема да ти успее верувај.