За нормално да функционирам потребни ми се 7-8 часа.Кога спијам повеќе од 10 часа ме боли глава.Е сега пред колоквиумска и испитна 4-5 часа.
Доколку сакам и имам време можам да спијам цел ден, никогаш не ми е доволно од спиење.Но бидејќи најчесто немам време спијам по 8 часа.
Не сфаќам луѓево овде како наоѓаат толку време за спиење. 8 саати сум на работа, да се спремам 1 саат, 45 мин натака, 45 мин назад, да се испазари, да направам јадење или да спремам за утре саат два, да одговорам на некои меилови уште саат време... да не правам математики 16 часа минале. Остануваат за спиење максимум 8. Ако искочам на кафе/свирка ете -2... 6. Колку саати ви трае вам деноноќието?
Спијам 4-6 часа дневно, ама несврзани. Поделени се оти ноќе секогаш се будам откако ќе заспијам и сабајле поспивам уште малку пред да станам.
Отприлика спијам околу 8 часа, јас и да сакам да спијам повеќе, се будам, станувам, едноставно 8 часа ми се доволни за да функционирам во денот.
5-7 часа. И кога имам време за спиење, сама си станувам рано зашто толку му е доволно на мојот организам. И поубаво вака, повеќе време имам за се.
За убаво да си се наспијам ми требаат 9-10 часа, но ретко кога е така. Околностите најчесто ми овозможуваат 4-6 најмногу. Спојлер Што би рекла понекогаш, ќе спијам кога ќе умрам.