За возрасен човек требало да се доволно 6. А не знам како, кај мене нема шанси, со 6 часа сон сум како да ме згазил воз, и ми треба кофа кафе за да го истуркам денот, и пак ќе сум делумно функционална. Од друга страна, сум многу физички активна, и ми треба доста одмор. Оптимално, најдобро се чувствувам со 10 часа сон и на толку секогаш се будам без аларм, сум спиела и по 18 после испитна , а најчесто спијам по 8. И плус ако имам простор, си дремнувам попладне, најубаво нешто.
Зависи буквално,може ич да не спијам може да спијам 2-3-4 саати а можам и по 7-8-9 саати да спијам или повеќе ако немам обврски или сум на одмор/распуст.
Легнувам околу 12, ако сум прва смена станувам во 6, ако сум втора во 8, 8 и пол за дa учам. Наутро е претешко да се стане, е тогаш катастрофа....
и јас .... Со 6 часа.... Подобро ич да не заспијан одколку да се залажам со ситно. Мене минимум 9 часа ми се потребни но често обврските ми налагаат дека тоа е речиси невозможно
Онолку колку ќе ми дозволии бебето некогаш 7-8 часа со кратки прекини а некогаш и цела ноќ дежураме..
За да се чувствувам одморена, ми треба барем 8часа непрекинат сон. Колку и како спијам, е друг муабет