во последно време многу..значи дневно спијам по 5-6 пати а секој пат по пола или сат време..плус навечер кога си легнам додека не отспијам едно 11 сата не станувам...ок станувам само до вц и пак назад во кревет
Премалку. За време на работните денови околу 4-5 часа навечер, а понекогаш спијам и преку ден околу 1 час ако имам време. Имам прилично многу обврски кои не стигнувам да ги завршам, па останувам до доцна, но и кога сум слободна од навика не можам да заспијам пред 1-2 часот по полноќ. За време на викенди спијам по 13-14 часа. Станувам доцна, освен ако не ми излезе нешто па да морам да станам рано. Смрт ми се тромесечијата и полугодијата кога во една недела ни ставаат тестови по сите предмети, па тогаш ни за викенди не можам асално да се наспијам.
Од 10-12 часа за да бидам убаво наспана ама нема некој голем проблем и ако станам порано ама затоа вечерта ќе си легнам порано
Не сум спанка, ама знам да преспијам цел ден. Обично легнувам во 12 а станувам во 6 и нешто, 6 и 15 обично... Кога -како. Не се тегнам многу во кревет, директива на нозе! Ранобудец разбираш
Исто и јас, ако имам обврски бројам колку ќе имам за спиење, па местам аларм да имам фора пола саат да заспијам и плус најмалце 8 часа Па најчесто и толку спијам околу 8 часа, може вака кога не морам да одам на факултет и по повеќе, а за викенд најмалце спијам, затоа што мајка ми не е на работа нели и ме нервира ако ми рече што толку спиеш, па се навикнав околу 10 да станувам за викенди
Последниве недели по 3-4 часа... Што ми се случува и јас не знам. Како да не сум јас, како друг човек да е во мене.
Последниот месец дена спијам помалку од 6 часа Не знам ни јас како издржувам малку да спијам, а да бидам многу активна, веројатно Ness кафето и кофеинот од чајот што го пијам секојдневно ми помага... Ама откако ќе ми завршат сите обврски си ветив дека ќе заминам на планина и ќе се изнаспијам. И нема да ги трпам досадниве и бучни комшии што осет немаат и не земаат предвид дека живее студентка до нив!!!
Таман спиев нормално неколку дена. Си легнував пред полноќ, станував пред 8, без аларм (ова беше важно да се спомене). ... И дојде време кога мора да се учи, а бидејќи ноќта е време за учење, спиењето ќе го редуцирам неколку дена.
Ако до лани бев позната како најголемата спанка во друштвото- сега таа карактеристика ја снема. Слободно можам да кажам дека заглавувам до доцните часови, а станувам навистина рано. Во просек спијам по 6/7 часа, кои сметам дека ми се доволни. Не сум голема спанка и мразам да спијам до ниедно време. Денот ми е најубав кога ќе го фатам од утрото, кога ќе ми започне со гугуткање на гугутките....да ме утепаш не можам да спијам до пладне
Спијам премногу, јас сум хронично ненаспана. Спијам (ептен ако не морам да станам порано ) по повеќе од 10 часа. Не сакам да е така, ама таква сум. Можам во секое време да заспијам, а и кога не сум наспана воопшто не функционирам и не сум расположена за разговор со кој и да е.
Премногуу, кога не сум во школо спијам 12 саати, ако не и повеќе. А кога сум во школо, спијам околу 6,7 саати, али после кога ќе се вратам од школо, нема еден ден а да не спијам пооручек околу 4 саати.
Најубаво ми е кога спијам 5 или 6 часа, помалку или повеќе лошо влијае на мене. Ако се преспијам ме боли главата, нервозна сум, и мислам дека многу време сум потрошила на спиење. Најмногу сакам кога денот ќе го фатам од почеток, почеток за мене е 7ч на утро, цел стан ми е во сонце, отварам се и уживам во утрото со моето кафе...