Еве ме втор ден, општо земено и пресметано можда помалку од 3 саати и топ ми е. Прашајте ме кај 10 саат како ќе ми е.
Многу ... Јас сум најголема спанка, за да се наспијам асално ми требаат 10 до 12 саати, знам пола ден го преспивам , ама што да правам кога ми е убаво, па и на она Дормеоно мило и драго кога ќе се опружам, е тоа е прекрасно чувство После напорен период, како колоквиумска која додека траела сум спиела само по неколку часа, последниот ден легнувам, се иде на офф и спијам по 16 саати, после сум како нова, среќна и весела ... Многу тешко заспивам, ама кога ќе заспијам заборавам да се разбудам
Хух... би спиела ако може и 23 саати али се задоволувам со 8-9 (тешко!), 10-11(умерено), 12-13( ТОП!) најголема спанка сум (понекогаш се плашам да не сум болна со таа спиечка ...спавача ли (како и да ја викаа ) болест !
Додека бев на факултет навечер скитав до доцна а сабајле рано станував за на факс, па 3-4 часа сон ми беа доволни, така се имав научено. Сега немам обврски и спијам по 11-12 часа, не можам да се освестам. Си го упропастив цел биоритам.
6 саати или помалку. Кога сум на работа секој ден станувам во исто време, без разлика кога сум си легнала вечерта. За викенд до 9 сум станата
Па си спијам прилично добро Кога имам колоквиуми за цела недела ми се собираат едвај по 15 саати , а и кога не полагам сум претежно ноќна птица ама затоа денот го отспивам до кај 13:00 , но некогаш знам и рано да станам...сепак си спијам прилично добро, испуштени саати за спиење си ги надокнадувам обавезно
Преку викенд 8-9 саати,а преку недела 5-6,и некогаш кога многууу ќе ми се спие заспивам преку ден,за да можам навечер да останам до порано
Малце, 6-8 саати Мака ми е да спијам повеќе, ептен ретко ако треба да надокнадам некое неспиење, иначе не, не го трошам времето на спиење дефинитивно, од тоа спомени нема.
8 саати ми се неопходни за да функционирам, ама знам да функционирам исо 4-5 саати преспиени во тек на една недела и после тоа се комирам 24 сата. Во принцип си дозволувам 7-8 саата за да нормално функционирам.
за да се наспијам убаво ми се потребни 12 часа... секојпат не спијам по 12 часа, понекогаш и по 10, ама кога ќе спијам помалку од 10 часа, цел ден се осеќам изморено...
Па обично некогаш си спојувам одма после искачање на работа идам така да кога наоѓам време колку што можам спијам али тоа обично е по 10 саати