Не знаев како да ја крстам саглам темава ниту пак како да побарам дали веќе има нешто вакво ама ете. Може и да заврши во канта. Прашањево: Дали со некои феминки сте споделиле приватни социјални мрежи (фејсбук, инстаграм) да се дружите и таму или пак на форумов сте „стриктно професионални“ и доаѓате само за релакс, дискусија итн. но анонимно? Може некои сте се и запознале и сте станале редовна дружба за кафе, штознам. Па, од чиста љубопитност, да видам колку сериозно го сфаќаме форумов и членовите и пријателствата стекнати овде. Спојлер Се надевам темава нема да биде злоупотребена од машките што често знаат да бараат некои од горенаведените информации во лп.
Чисто за релакс доколку има интересна дискусија сакам да слушнам различни ставови, има ликови кои се интересни и квалитетни за читање но сепак би останала анонимна и не би споделила социјална мрежа или сл.
Не деκа оти е анонимен фоρум сум член, туκу таκа, од што не се сфаќаме сеρиозно. Што се мене тиче, тρеба да се споделат неκои битни инфоρмации со одρедени членови од фоρумот. Не со сите.
Ич! првенствено сум ради забава, совети, но исто така можам да си ја отворам душата и да си кажам се што си мислам без никој да знае која сум. А и веќе си имам кажано така да не би си го откривала профилот
Онолку колку што мислам дека е потребно да се знае.Само една ептен интимна работа имам споделено (во ло секако) бидејќи ми требаше совет,а искрено мислам немаше да кажам овде уште долго време.
Неколку другарки од Фемина знаат за мојов реален живот. Секогаш ми давале совети,ниту една не ме одбила,а јас секогаш сум се заблагодарила. Ви Благодарам и во оваа прилика