Колку сте адаптабилни?

Дискусија во 'Психологија' започната од Acronia, 17 јули 2021.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се случува животот да не стави пред сериозни промени кои од нас бараат брзо прилагодување. Без разлика дали станува збор за избор на студии, преселба, менување работно место, прекин на партнерски однос, губење сакана личност, или пак нешто сосем друго, прашањата се:

    Колку брзо успевате да се прилагодите на новите околности?
    Колку успешно ги надминувате кризните промени без претерана сентименталност?
    Дали преку личен пример, може да напишете кога последен пат сте морале да се прилагодите на нешто што во моментот ви се чинело неприфатливо?
    Каква поука извлековте од тоа?
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Зависи за што станува збор....

    Ако од мене се бара да се адаптирам а при тоа моите морални вредности, принципи и карактерни особини да се променат или да се потиштат тогаш не сум адаптибилна...порано бев и скапо платив за тоа... си ја научив лекцијата...

    за се друго се адаптирам - смртен случај, промена на раб место итн...за некои работи треба подолго време (ако станува збор за семејство, близок човек итн) а на пример за промена на раб место, место на живењее брзо се адаптирам и уживам во процесот.
     
    На Nate- princeza и Independent Girl им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Темава ме погоди во прав момент.

    Ужасно сум неадаптибилна на промени. Секое излегување од комфорт зоната ми е голем стрес, уште од дете, дури и до сега. И го мразам ова кај себе. Научив за помалите нешта да не се посветувам толку, ама за поголемите, секоја промена ми е тешка.

    Нормално животот те носи во непредвидени ситуации, и нормално, на овој или оној начин ќе мора сѐ да се преброди. Само ме загрижува фактот што секој стрес се полошо го поднесувам, станувам сѐ почувствителна и повеќе иритабилна со тек на време.

    Каква поука сум извлекла глупаво би било да кажам, кога сеуште се нервирам за нешта кои не зависат директно од мене, ама во ретроспектива, увидов дека сѐ ќе се заврши, на овој или оној начин, ама стресот кој што сме го доживеале остава траги. И за тоа ми е најмногу криво, што тоа не научив добро да го менаџирам.

    Единствен сегмент каде не сум имала такви проблеми е љубовниот живот, не би останала покрај партнер само за да не сменам. Можеби тоа се должи на тоа дека сум поприлично дифтар и некако не ми е тешко да се замислам сама.
     
    Последна измена: 17 јули 2021
    На KittyAgnes, fana, Bezimenka90 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Многу, само што ставам по некое килце ако се работи за голема промена, ама не се плашам ич од промени, ги предизвикувам, сакам да ми се случат нови работи, сакам да се менувам.
     
  5. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Ова ми се смени некако со годините, животните ситуации.
    Кога бев помлада важно ми беше да ми е секаде, со секого пријатно. Не размислував многу, се дочекував со широко отворени раце. Промените ме чинеа среќна.
    Сега сум скроз друг човек. Намќориште, ако не ми одговара нешто не се ни трудам. Во состојба сум сама да останам само да ми е погодено. А не е добро.
     
    На Dashing:), Cold.E, Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.642
    Пол:
    Женски
    Адаптабилна сум во доста погледи, освен кога е во прашање друштво за дружење - во тој случај, иако сакам да запознавам нови луѓе, многу тешко се прилагодувам.
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    12.120
    Пол:
    Женски
    Многу тешко се прилагодувам на се. Буквално на се. Тоа ми ствара немир макар и позитивни промени. Кога се омажив една година па и повеќе цмиздрев како не сум до мајка ми, а во исти град, за 5 мин со кола до неа.
    Сега се спремаме за некој месец да се селиме во куќа, ми се превртува во стомак од помислата, едвај се приспособив на оваа населба после 6 години сега па во нова :doh:
    А за работа и ново друштво тоа ми е стрес :worried:
     
    На nextredstyle, Celltica, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    56.954
    Пол:
    Женски
    Не сум адаптибилна. Промените многу нелагодност ми носат, дури и оние позитивните. Особено ако станува збор за голема промена, за нешто сосема ново и непознато ме пука анксиозност и overthinking на максимум. Многу ми е тешко да ја напуштам конфорната зона, иако знам дека тоа е за мое добро.
    Пример ми е сега што кога тогаш треба да почнам со работа. Сето ми е непознато и страв ми е како ќе се снаоѓам.

    Не гледам "лек" за ова освен намерно да се форсираш на промена, инаку нема да мрдниш од мртва точка. Мора да се соочуваме со ситуации кои се непознати и непријатни.

    Им завидувам на оние кои веднаш се прилагодуваат на сѐ и се снаодливи.
     
    На Bezimenka90, nextredstyle, f.girl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    32.859
    Пол:
    Женски
    Ич не сум адаптибилна.

    Сакам сè да ми е испланирано и организирано. Најмала неочекувана промена ми создава немир и анксиозност. Било тоа да е промена на план, запознавање со некого или друг проблем. Имам отпор кон секоја нова ситуација и тешко ја прифаќам новата реалност.

    Од друга страна, промените кои знам дека e неопходно да се случат ги прифаќам многу подобро. Пример кога отидов да студирам во друг град. Чувството на анксиозност беше присутно, но побрзо се адаптирав и се соочив со предизвиците без претерана осетливост. Изгледа не сакам изненадувања :D
     
    На Bezimenka90, nextredstyle, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Тоа што не се прилагодувам лесно на нови околности, ми е една од поголемите пречки во животот.
     
    На Lengerda, Bezimenka90, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    9.349
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека брзо се прилагодувам на секоја нова ситуација, секако сум сентиментална ама некако во нормална граница.
    Освен во едно многу тешко ми е да се прилагодам, а тоа е остварување на нови пријателства, е во ова воопшто не можам да се прилагодам затоа што тоа е надвор од мојата конфорна зона и не се чувствувам пријатно.

     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    17.582
    Пол:
    Женски
    Се трудам да сум максимално адаптабилна. Огромна слобода е.

    Знам како е да премислуваш се по 100 пати и да те обзема парализирачка паника на секоја промена, не е долго зад мене. Но во таква ситуација човек треба да остане приземен и да размислува.

    Комфорната зона тешко се напушта, ама еднаш излезеш ли, после нема да сакаш да се вратиш. Неприфатлива станува.

    И не знам зошто се оди од една крајност во друга, да си адаптабилен не значи да си неорганизиран и да немаш планови. Организираностta е вештина, има луѓе кои сакаат контрола и подреденост, јас сум една од нив.
    Планирањето не е пречка да си адаптибилен.
     
    На Kaja991, Bezimenka90, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Пречки?

    Зависи од ситуација.
    Во основа, не сакам големи промени.
    Ама кога морам, морам...
     
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Ич не сум адаптибилна. Година и појше ми треба на важни нови ситуации и места да навикнам, ич не сакам промени и непознати нешта, ме нервира излегување од комфорт зона.:worried: Дур се навикнам тон стрес сум поминала во тие периоди.
     
    На Guns N` Roses, nextredstyle, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  16. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    1.187
    Овој опис 100% одговара и на мојата личност.

    Исто низ годините се сменив во однос на флексибилност, од екстрем во екстрем.
    За работно место додуша и побрзо ќе се прилагодам, колку ми е повеќе погодено и побрзо и прилагодувањето ќе биде. Место на живеење... Тоа ми е сега тешко а порано предизвик.
    Особено тешко за прилагодување, може да речам и невозможно ми е да живеам со повеќе луѓе во едно живеалиште. Ќе излудам...
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.876
    Пол:
    Женски
    Не сум адаптабилна многу.Се тресам кога се случуваат промени.
    Сум се навикнала на едно и тешко ми е да прифатам друго.
    Ми се вртат 326785 сценарија :D во глава како ќе биде и може да поминат денови/недели дур речам ок,мора да биде така и ќе издржам.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Тешко адаптабилна. Секогаш кога се сретнувам со нешто ново, првите денови чувствувам огромна нервоза и бес кон самата себе. Најчесто поради тоа што не сум ценела доволно работи во претходното нешто или затоа што сум се вовлекла во ова ново нешто. Посветувам повеќе внимание на тие disadvantages на новото место, отколку да пробам да го видам подоброто и побрзо да се прилагодам, т.е. новото го доживувам како полошо од старото. И не знам како секогаш во овие моменти ги заборавам мааните на претходното нешто и се потсетувам само на подобрите работи.
    Обично ми треба долг период да се помирам, а често ми се случува и откако ќе се помирам со промената, на моменти да си мислам колку ми било поубаво во минатото.
    Значи, се е во психологијата на човекот, ама што да се прави кога сме такви :?:
     
  19. Мравојад

    Мравојад Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    3.129
    Пол:
    Женски
    Ако промените ми одговараат, т.е. се во моја полза тогаш немам никаков проблем, ама ако не се....... Е тогаш драмам, па се жалам, знам и да заплачам, копнеам по тоа што било претходно, ама ако се мора се мора :)
     
  20. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    20.902
    Пол:
    Женски
    Не сум адаптибилна. Тешко ми оди кога ќе треба да се прилагодам на нови промени во животот, и за тоа ми треба повеќе време.