Колку сте задоволни од вашите родители?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ***nekoja***, 25 март 2016.

?

Дали сте задоволни од вашите родители?

  1. Да

    75 глас(а)
    79,8%
  2. Не

    19 глас(а)
    20,2%
  1. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    мислам дека нема ваква тема а секако ако има нема иде во канта секако дека без разлика на која возраст секој е задоволен или не задоволен од своите родители без разлика дали се работи за 5 години или за 50 години...
    еве јас ке си кажам за мене имам 26 год не сум мажена и сум презадоволна пд моите родители ме гледаат ко принцеза...се што замислам јас имам ja имам нивната подршка во се секако дека има денови кога се караме за ситница или било со но сепак сум задоволна од нив и мн ги сакам едноставно НЕ БИ МОЖЕЛА ЖИВОТОТ ДА ГО ЗАМИСЛАМ БЕЗ НИВ........
     
    Последна измена: 25 март 2016
    На КикиМаус, rose60, sugarlips и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ~disappointed~

    ~disappointed~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    pa zadovolna sum malce karanje ama dobro e
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    49.166
    Пол:
    Женски
    Мене никогаш не ме гледале како принцеза и тоа е причината зошто пораснав во личноста која што сум.
    Ги обожавам.


    Патем, како тоа прашањето е колку сте задоволни, а има опции да и не?
     
    На КикиМаус, Antolinaa, JustFun и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    прашањето беше дали сте задоволни да или не ама ете го утнав (n)
     
    На sugarlips, Orthophill и crimson им се допаѓа ова.
  5. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.708
    Пол:
    Машки
    Задоволен со оглед на слабите финансиски средства сепак успеав да се шлолувам и да израснам во академски граѓанин ...Бескрајно сум им благодарен за се .Е сега секоја финансиска криза носи и кавги во семејствата што е нормално .Али тоа е сепак издржавме и одиме напред
     
    На elvittta, КикиМаус, vichy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    12.498
    Ne sum iskreno.Duri I cesto mislam zosto mene ova me snajde,tolkavo netrpenie megu nas,duri i omraza.Ne samo roditeli tuka spaga I brat mi koj mi nanel golemo zlo.Poradi niv si imam problemi koi ne mozam lesno da gi prebrodam,sekako I nesigurnost.Vie sto imate mir I harmonija doma stvarno ste srekni,toa e mnogu bitno za eden mlad covek sto nema koj da go nauci.I da ucis sam ne e toa toa.Ke vleguvas od greska vo greska.Ama ako i od niv se uci,pa ova ke bide primer kako jas NE treba da se odnesuvam so moite deca.
     
    На Mia.MGK, rose60, vichy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    10.085
    Допаѓања:
    128.132
    Пол:
    Женски
    И да и не. Никогаш немав блиски односи, мислам особено откако почнав на училиште како да не постоев поќе. То си имаше свои ефекти како тоа што тешко се прилагодувам на нови луѓе, не ширам многу познанства ама па сум посамостојна, планирам финансии, учам сама, се прам сама. Така да се е накратко, нивна заслуга ама мислам дека навистина добро ме одгледале. Малку сум нервозна, зошто и двата се многу нервозни, па нели шо си гледав си учев. Не ме земаат сериозно кога дискутирам сериозно со нив, никогаш не се достапни за разговор сем последната пола година мајка ми пробва да комуницира со мене, ама не ја осеќам доволно блиску за да зборам поотворено сега.
    Ама во глобала сум задоволна, сум среќна, лично зошто до одреден степен се сакам себеси и не би сменала многу работи и зошто тие се заслужни многу за мене, баш затоа и сум задоволна.
     
    На rose60 и ***nekoja*** им се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    Не сме задоволни воопшто, не би да навлегувам у детали.
     
    На ***nekoja*** и rose60 им се допаѓа ова.
  9. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.574
    Пол:
    Женски
    Од страната на татко ми и брат ми ич не сум задоволна поточно кажано само проблеми и расправии,додека мајка ми цел живот гледаше се да имам и ништо да не ми недостига,се би направила за неа,животот би го дала.Една е мајка!
     
    На ***nekoja***, Mia.MGK, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    71.243
    Пол:
    Машки
    Исто е и кај мене.

    Да си кажам и јас. Како што и одговорив на Мучача, од татко ми и брат ми не сум задоволен. Некако се гледаат за себе, не размислуваат за своите постапки, не размислуваат дали некого ќе навредат или ќе наштетат. За татко ми нема да зборувам, се имам изјаснето во друга тема. Само ќе кажам дека многу изгубив од животот. Ги изгубив оние најубави години, го изгубив оној живот кој секој млад човек би требало да го има. Ми биле ускратени многу нешта.
    Додека од страна на мајка ми сум задоволен. Жената колку може и има дава. Така да, нема да гласам во анкетата за ДА или НЕ, мислам дека фали зборот „делумно“ за ние кои сме задоволни само едниот родител.
     
    На ***nekoja***, Artista, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум,дури мислам дека премногу ме разгалиле,требало да бидат построги со мене.:D
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  12. shnolichka

    shnolichka Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    33
    Паааа, и не баш :?:
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    2.147
    Пол:
    Женски
    Премногу. Порано можеби не го гледав тоа, но сега откако сум родител и сопруга, во многу постапки се пронаоѓам со мајка ми. Мајка ми е херој, мојот идол.
    Татко ми е многу добар човек, ама јас немам близина со него. Знам дека ме сака најмногу на свет, знае и он дека ја го сакам ама едноставно не сме блиски. Така некој општ муабет, ќе го прашам за некое мислење, он ми вика ти си знаеш. Е тоа има и позитивна страна. Да ме направи самостојна личност, да не ми се меша во моите одлуки.
    А мајка ми е прекрасна. Премногу сме блиски. Многу има поминато во животот за да мене и брат ми не израсне како што треба.
    Сме биле во 4 ѕида со 8 луѓе, сме биле и сами, во финансиска криза... никогаш не направи да се чувстувам лошо, осамено, сиромашно. Ме научи да сакам, да имам големо срце и да сум многу скромна.
    Еве и сега поминувам низ многу лош период, таа не се тргна од мене, секоја солза, секоја насмевка... се заедно делиме. Ја гледам дека е скршена, а се прави јака да ми помогне.
    Посакувам утре и ќерка ми да е толку блиска со мене и да бидам родител како мајка ми.
     
    На ***nekoja***, rose60, Libera и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Искрено, се изненадив од претходните коментари. Не очекував толку незадоволни но изгледа јас сум од тие што имале среќа.
    Не можам да се пожалам од моите родители. Ми пружиле и повеќе од што можеле. Секако, има многу луѓе на кои им е пружено повеќе (главно од финансиски аспект) но јас сум убедена дека ова е максимумот од моите родители. Додека растев имало моменти кога сме биле во многу лоша финансиска состојба но мене и брат ми никогаш не ни фалело ништо. Мајка ми често знае да каже дека тоа е затоа што никогаш и не сме имале неразумни барања, но јас и тоа го сметам за нивни успех, затоа што така не воспитале.
    До ден денес стојат зад секоја моја одлука и го поддржуваат секој мој избор. Во секој момент можам да сметам на нивната помош и посветеност иако во моментот сме многу далеку едни од други.
     
    На ***nekoja*** и Libera им се допаѓа ова.
  15. MissAlena

    MissAlena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене.
     
    На ***nekoja*** и sugarlips им се допаѓа ова.
  16. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Чудно откако станав и самата мајка за работи за кои терав инает дека не се во право сега разбирам дека се во право а еден ден и јас за истото ќе се карам со децата и тие мене ќе ми се инаетат :rofl:
     
    На ***nekoja*** и Mr. Right им се допаѓа ова.
  17. mula

    mula Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    2.307
    Пол:
    Женски
    Моите ,,старци" ( нагалено така си ги викам) доживуваат втора младост. Љубовта им цвета. Како - врска немам :D
    , оти паметам како помала си имаа криза во бракот.
    Немам зборови за нивното родителство, колку се посветени на бракот, на семејството. Имам многу да учам од нив. Баш се пример.
    Иако нели, ако бараме игла во сено- ќе најдеме. Секој си има моменти кои не се баш сјајни- но затоа е семејството: да имаш некој кој ќе те сфати и кој ќе ти прости. Знам дека ми мислат најдобро, а тие ми веруваат и така си се разбираме. :)
     
    На ***nekoja***, Libera и Херкул им се допаѓа ова.
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Премногу! Никогаш неможам да им се оддолжам.
     
    На ***nekoja*** и ADOKI им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.951
    Допаѓања:
    55.776
    Пол:
    Женски
    Не сум многу задоволна, не се некои добри, далеку од идеални, но се грижат за мене и се обидуваат да ми обезбедат тоа што ми треба. Не можам да кажам ниту дека сум незадоволна бидејќи заради нив сум она што сум денес а не сум пропалица туку човек кој цели кон животот.
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mia.MGK

    Mia.MGK Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна но само од мајка ми таа е прав родител и за мене е и мајка и татко ,се грижи за мене се ми удоволува и секогаш е тука за мене и сум пресреќна покрај неа ,но истото неможам да го кажам и за татко ми тој воопшто не се грижи за мене и што и да направам му смета..
     
    На Alisa22, cresa-jagoda и ***nekoja*** им се допаѓа ова.