Во последно време малце ме разочаруваат, зошто никогаш не пушеле цигари, па сега на стари години им текнало да учат да пафкаат
Јас сум премногу задоволна од моите родители ... секогаш се правеле за мене и за сестра ми, а кога ќе падневме финансиски секогаш наоѓаја начин тоа ние да не го осетиме ... Кај нас во семејството секој лош период го поминувавме со мн. љубов, разбирање и сите заедно испливуваме на површина ...сега сум мажена и мн ми недостигаат деновите кога не бев мажена и си седев кај мама и тато : ) Кога ќе бидам мајка исто ќе постапувам како моите родители. Секогаш ќе му кажувам на моите деца дека во животот има падови и дека ако има љубов и разбирање се ке се среди. Ги сакам моите родители најмногу <3
Насловот на темата ме асоцира на муабет за кола: Како си задоволен, троши ли? А се однесува на родители... Моите родители се моја огромна поддршка. Посветени се и се обидуваат да ме воспитаат најдобро што можат и умеат. Разликата во години го прави своето, но толерантни се и имаат разбирање. Од финансиски аспект секогаш се обидуваат да ми угодат, но и сите мои барања се во разумни граници.
Како и за многу други работи во животот, предност е да се има родители кои знаат да ја одиграат вистинската улога и тоа обострано. Во тој поглед, пресреќна сум што имам со кој и со што да се гордеам во животот. Неизмерно сум им благодарна за се што направиле и се уште прават за мене. Тие се мојата силна страна и голема поддршка.
Неможам а да не бидам задоволна тие секогаш се тука уз мене ме поддржуваат, школуваат и охрабруваат за се горда сум на нив!
Значи многу сум задоволна од моиите родители, секогаш ми го даваат она што го посакувам и никогаш ништо не ми фалело. Не можам да се пожалам од нив, навистина се прекрасни родители. Е сега мајка ми малку повеќе ме разбира и подржува во моите мислења и одлуки но и татко ми знае да даде по некој совет или да ми помогне кога имам некаков проблем.
Криво ми е што не ме поттикнувале за некои работи како дете, пример никогаш не биле упорни за да ме запишат на играорна, балет, некои курсеви или било кој друг спорт, барем еден инструмент да научев да свирам, тука многу губам уште од самиот старт. Не дека требало на сила да ме праќаат да одам, туку да ми помогнеле за да стекнам некоја желба. Само се сеќавам дека татко ми сакаше да ми купи виолина, ја сакав гитара, и на крај ништо.
Родителите не можеме да ги бираме, ама затоа можеме да внимаваме какви се нашите односи. Во главно просечно сум задоволна.
Вооошто не сум задоволна ни од двајцата. Тоа што сега не се интересираат ни за внучињата (засега единствени) само го потврдува фактот колку им било гајле и за децата во минатото. Промашени методи на гледање и воспитување, пресебични за своите интереси, злоупотреба на децата за остварување свои цели и лечење фрустрации...
Би сакала јас и мм да бидеме исти родители како моите што беа за мене и брат ми. Т.е би сакала секој да има такви родители
Баба ми и дедо ми биле исто такви , ниту деца ниту внуци ги интересирало од никогаш ..саможивници од по 80 години ,само да тежат на земјава и за ништо друго ..мајка ми го има сличниот нивни саможивнички карактер
Просечни родители.Ниту прелоши ниту предобри.Не се што сме посакаувале јас и брат ми сме го добивале но најглавото како храна,облека,кров над глава,образование тоа да.Малку ми е криво кога гледам каков близок однос имаат некои мои другарки со нивните мајки.Со мајка ми отсекогаш сме разговарале за просечни теми како на пример времето,политика итн.Сакам да можам за се да и се доверувам како на другарка ама знам дека нема да ме сфати...Порано ми пречеше кога ме споредуваше со моите другарки ама сега веќе се навикнав и така...
Не можам да кажам не, но и не можам да кажам дека сум задоволна, бидејќи ми фалат некои работи. Како блискост, и доверба и можност да се потпрам на нив. За жал не можам, а после сè што имам видено немам ни доверба. Но во ред е, знам дека се обидуваат да го дадат најдоброто од себе.