Шампонот од лук е одличен за раст на коса и спречува опаѓање. Реално да, ја суши косата ама со добра маска нема гајле. Маските за лице ми се врв
Здраво девојки. Дали некој што ги користи кремиве, забележал промена од кога им ги сменија опаковките. 20 години ја користев хидратантната од невен, имам многу осетлива кожа и ми беше идеална. Последниот пат ми рекоа дека е истата, само дека дизајнот на кутијата е сменет. Се намачкав и ни текстурата ми беше иста, ниту мирисот. За 2 дена се нафрлав и осетив жежење по лицето. Упорно и давав шанса, но кожата никако да се прилагоди. Морав по сите маркети да барам остатоци од старата пратка, најдов 2 креми и кожата одма ми се смири и среди. Ова е старата крема што ми е перфектна. А ова е истата во ново пакување.
Имам користено шампон од арган, океј беше многу е исплатлив. И крема за раце од бадем одлично хидрира.
Јас користам ленти за депилација и го сменија составот, сега лепат ама не депилираат. Само замачкувам и се прјам без ефект. Го користев и маслото од арган, беше океј ама многуу беше мрсно, и пошо ми требаше преку година и пол време за да го искористам - се усали и мирисаше на старо усалено масло.
Немам забележано дека ја суши, напротив него го користам кога ми треба подобра нега и често поминувам и без регенератор (иако со други ми е неопходен). Edit: да нагласам дека ова се однесува на постар кога веќе подолу правиме муабет околу тоа. Може со поновите да е различно, немам од нив, овој ми е од пред повеќе месеци и уште имам зошто често ги менувам. Познато е дека кога менуваат пакување менат и формула, не само тие туку и сите други. Пример шампонот што го пишав погоре се случи да имам 3 шишиња во исто време и сите беа со различна етикета и различни на изглед. Провери состав и редослед на состав дали е ист. Секако, штом не ти одговара новиот не го ни користи. Додека уште има заостанати залихи земи си од тој ако начекаш. Нема да имаш проблем со рок ако е неотворен.
Го користам шампонот од лук година дена, немам сменето. Додуша земам на истава фирма цело време ама менувам, некогаш земам од кокос, лотос, алое вера, како ќе ми дојди при рака. Косата дури ми изгледа како да имам надоградба ставено. Летото ми беше до кај пазувите тука некаде, сега ми е до стомакот и повеќе. Ваков раст до сега не сум видела. Ми расте мене косата брзо да, ама мислам дека повеќе улога има тука шампонов.
Па и малку ја суши да, ама ни тоа не е лек за мојата мрсна коса, 2 дена едвај издржува да не се измрси Од лук можиш како најпопуларен, а инаку јас најчесто го земам од shea butter, карите масло пишува на него.