Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте задоволни од козметиката на Афродита?

Дискусија во 'Лице' започната од AzSxDc, 15 септември 2011.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Премногу сум задоволна од сите производи. Не можам ни на еден да се пожалам. Сите се покажале одлични и вредни за парите. :)
    Сега за сега, ми е колекција број 1 која ја користам. :)
    Само штета што дел од производите ги нема кај нас, но за среќа имам пријатели во Словенија, па си нарачувам оттаму. :)
     
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    10.595
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Шампонот на Афродита од коприва и пантенол никогаш повеќе, на челото исфрлив ситни брумки ме шекнуваат од чешање :@ а главата скоро и да си ја разранив и кремата за подочнаци од Афродита џабе фрлени 360 ден за 15 мл :|
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.725
    Допаѓања:
    175.002
    Пол:
    Женски
    Презадоволна.. не е дури ни соодветен збор. :)
    Веќе неколку години сум навлечена на козметиката на Афродита и ништо не ме разочарало до сеа.
    Константно го употребувам шампонот од коприва и пантенол... абе прекрасност!! :D
    Сакам да го зеам сеа тој од лук шо е, ама малце сум резервирана во тој поглед едино ради мирисот...
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Јас сум многу задоволна од кремата на Афродита hydra thermal ,па ме интересираше дали некој го има пробано серумот од истата линија?Која е всушност намената на серумот?Знам дека е поконцентриран,а мене ми треба нешто ептен ефикасно,не знам зошто ама кожата на челото ми е премногу сува,ја тинтрам со крема наутро и навечер,маски еднаш неделно,маслиново и бадемово масло и пак ништо,освен тоа почнав и повеќе вода да пијам во случај да е тоа причината. И пак ништо,па си реков да пробам со серумов. :)

    Го има некој користено? Ок е за млада кожа?

    [​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    :rofl: :rofl: :rofl: (пред да се сфатиме погрешно, сори што мораше тебе да те потрефам со смеењето)

    Ако пишува дека е со екстракт од лук, не значи дека треба да мириса на лук. Ве читам уште од одамна дека се грижите да не мирисате на лук :rofl: И тоа многу од вас. А кремите за лице на база на козјо млеко мислите дека на млеко мирисаат? Или оние со база на краставица дека на краставица мирисаат? (тука ќе застанам за да не станат непријатни споредбите :lol: ).
    Мирисот најчесто се поклопува само кај овошните, какао и кокосовите креми/шампони/лосиони. Мирисот никогаш не се однесувал за оние кои не се со екстракт од тие што ги наведов.

    Башка, ниту една компанија не би ризикувала со непријатен мирис да си ги оддалечува своите производи од потенцијалните потрошувачи.

    На крај, изложени си се шампоните. Никој не забранува да се помирисаат. Секако дека ти ќе го користиш и доколку го купиш без да знаеш каква е миризбата и ако подоцна ти се лоши од тоа што не ти се допаѓа таа (слично како кај парфемите), што ќе правиш? Ќе го враќаш (и тоа е во ред но дупла работа)? Се работи за 100-тина денари. Но за друго ќе биде многу повеќе.
    Кремите се друга работа. Заштитени се за наше добро, но никој не забранува мирисање на шампони. На крај, онаму каде што не дозволуваат мора нешто да не е во ред. И нормално, ќе си прашате пред тоа дали е дозволено.

    P.S. Оној со екстракт од лук го имам јас. Нормално дека не мириса на лук. Мириса на лимон (така некако) но не можам да ти кажам со сигурност бидејќи го купив вчера и го немам користено. ;) :)
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.725
    Допаѓања:
    175.002
    Пол:
    Женски
    И не дека се сфативме погрешно ај џаст трај ту мејк а поинт ;)
    Не ја сфаќам поентата да се потсмева нечија (ни помалце ни поише) туку неинформираност ?! :^)
    Џаст фор да рекорд.. последната козметика ми е од Германија: шампон од пиво шо мириса на пиво, крема за раце од краставица шо мириса на краставица и гел за туширање од маслиново уље шо замисли има арома на маслинки :) и ред други ствари..
    По кое правило само овошните мирисаат под дифолт на дотичното овошје?

    Башка најчесто им се додаваат екстракти од други овошки, цветови и такви мити ствари ради мирис, но со тоа губат од примарните функции, затоа некои компании им дозволуваат на одредени производи да ги зачуваат нивните примарни особини без истите да ги менуваат, квалитет никогаш не оддалечува потенцијални потрошувачи, верувам го знаеш тоа.
    И да, фала шо ни кажа дека може да се помириса шампонот на лице место, зошто во спротивно ние гревови немаше да знаеме.

    И да не бидам оф топик, за оние кои сеуште ги интересира шампонот од лук на Афродита, го имам веќе некое време и имам многу нови влакна на главата, дали е до шампонот или некој си пласибо ефект не знам, времето ќе покаже :)
    Мирисот не е на лук...ама лично мене носов едвај ми го издржува.... :D
     
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Никаде не сум ги исмејала! Во никој случај! Зарем јас немам право на свое мислење како што го имаш и ти?
    Производите кои ги напомена ти се од Германија. Не го заборавај тој важен фактор!
    Во Македонија сеуште го нема тој „луксуз“ да има или да се увазува производ кој не е со екстракт од овошје, а да мириса на тоа нешто. Но нагласив и дека доколку пишува дека е од екстракт од лук, не мора да значи дека мириса на лук. И го знам тоа за овошките на начин на кој ти не можеш да сфатиш, а впрочем темата не е за објаснување од каде ги имаме знаењата за одредени производи. If you don't really know, don't question it! ;)
    Да знаат како и на кој начин се произведуваат, никој нема да стави ниту едно колаче во уста, а не пак кога се работи за козметички производи.

    Уште нешто, на производите со екстракт од некое овошје, им се додава вештачка арома со цел да се долови тој мирис, а не мириси од други овошки. Затоа по дифолт мирисаат така како што си пишува. Не се што пишува на пакувањето од некој производ значи дека е така.

    А со сите постови кои ги изначитав го сфатив сосема спротивното. Или пишаното од голем број форумџики не се зема во предвид кога сакаш да „мејк поинт“? :)
    ___________________________________________________________________________________

    Прв впечаток: шампонот има убав мирис и убава кремаста структура, но од друга страна, малку ја мрси косата.
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Презадоволна сум! Имам пробано повеќе работи и од сите сум многу задоволна, планирам се да пробам од Афродита. Само шампоните не ги имам пробано. На листат на пробани ми се:
    [​IMG]
    Ги имам фалено низ други теми, кожата ја прават мека како свила и миризлива како во парфем да сте се бањале. Цела куќа ми мириса на слатко грозје одкако ќе се избањам :D Млекото е околу 350 денари, а гелот околу 300.
    [​IMG]
    Има два вида, за нормална до комбинирана кожа и за сува кожа. Јас ја користам за сува кожа, неверојатно е хранлива и хидратантна, цената и е околу 700 денари.
    [​IMG]
    Преубава маска, повеќе е за сува кожа, маската не се плакне и не се отстранува од лицето, само се нанесува подебел слој, се остава 15тина минути и потоа убаво се втрива во лицето. Кожата во истиот момент ја прави премека и навлаженета. Цена околу 100 денари.
    [​IMG]
    Ги земав и овие креми со невен, дневната и ноќната бидејќи беа на попуст, а се што е на попуст мора да земам :lol: Некако ми ја смируваат кожата бидејќи на некои делови од лицето имам црвенило, дневната е по лесна, а ноќната е по мрсна и хранлива. Како и да мене ми одговараат на сувава и чувствителна кожа. По 160 денари ги земав :devil:
    [​IMG]
    Најдоброто нешто што им се случило на моите раце кои во зимскиот период се суви и ми се потат во исто време. Инстантно се впива кремава, преубаво мириса и веднаш дава ефект на омекнати и нежни рачиња. Исто околу 100 денари ја имам купено.
    Спомнувате маска за лице од грозје, јас ја немам сретнато никаде, па кажувајте, мора и тоа да се проба :P
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мимс, оти те гледам тебе вака поупатена во козметиката на Афродита, нема што не си пробала, па морам да те опитам за едно стручно мислење. :D

    Која од кремиве е попогодна за нормална кожа освен на Т-зоната кај што ми е мрсничка троа?
    Нема да ми има некоја посебна намена, единствено за под пудра или пак саморекреативно нашлакување за потхранување и сл.
    Грамажата им е различна, ама оваа поголемава (првата) е поефтина.
    И ако им ги знаеш точните цени, оти скоро не сум ги сретнала.

    Спојлер, оти големи се сликите.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Првата не ја имам пробано, ама се мислам дека е обична помада за универзална употреба, така да ако ти е мрсна кожата уште толку ќе ти светне во тие делови. Додека втората е повеќе навлажнувачка, јас без проблем ја користам и како подлога. Првата е претпоставувам по густа и по тешка крема, додека вторава е баш лајт, хидратира и смирува + мене не ми го мрси лицето и не ми е тешка иако ми е сува кожата.
    Е сега вторава јас ја купив околу 150 денари, во Космо е на попуст инаку е околу 200 денари, а за првата незнам која цена е, не сум ја ни приметила баш затоа што знам дека не е наменета само за лице туку е универзлна.
    Ако ја земеш првата рачунај дека можеш и раце и тело да си мачкаш со неа, само проблемот е да не ти ја мрси кожата повеќе. Втората ти е подобра според мене ако ти треба баш крема за лице која ќе можеш да ја користиш и за нега и како подлога за шминка. Па пиши што си одлучила и искуства :)
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Мимс, маската од грозје ја има во Веро, 100 денари е. Ја купив уште пред месец дена и не сум стигнала да ја ставам од што немам време :$ Инаку, преубава е, втор или трет пат ја купувам, а тек па мирисот... Прекрасна е, исто како млекото за тело мириса (и тоа го имам, исто од Веро :D, таму секогаш го има).

    Е сега, на маскава пишува anti-wrinkle :^) , ама јас си ја користам, убава ми е, ми го освежува и навлажнува лицето. Е сеа се нафурав, вечерва ќе си ја ставам :rofl:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Mимс каде сигурно можам да ги најдам кремот за сува кожа и маската на Афродита (Hydra Thermal)?
     
  13. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Ги има во Космо, јас од таму ги зедов.
    Кремата со Космо картичка до 31.03 е 547денари, а редовната цена e 676 денари. Маската ја зедов 80 денари.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Добив на подарок млеко за тело, гел за туширање, крема за раце, крема за стапала и маска за лице. Гелот и млекото се преубави, сеуште не ги имало кај нас, значи многу тазе производ се. Не е можно толку да им се совршени :inlove: Не мирисаат тешко туку свежо со кислека нота од лимонот, кожата ја прават премека!
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Mимс, едно прашање до тебе. :$
    Неодамна ја разгледував козметиката, поточно дневните креми, ама освен оние за позрела кожа на кои беше ставена некоја оскудна информација од типот „за зрела кожа“ и не успеав баш да се снајдам во изборот.
    Ми треба дневна крема, ама по можност да биде за млада кожа и да е наменета за комбинирана кожа.
    Овој за лице од невен го има мајка ми, а мене тотално не ми одговара и ми ја мрси Т-зоната многу, така да - и не би им го препорачала баш на оние кои си патат од мрсењето на Т-зоната. :sweat:
    Малку помош при изборот?

    П.С. Гелот и лосионот со грозје ги има низ нашиве маркети и низ Космо, така?
    Му фрлив око на овој, па ќе си го земам. :wasntme:
    [​IMG]
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мишела имам еден проспект дома, во него е наведена оваа колекција како оил контрол за комбинирана и мрсна кожа:
    [​IMG]
    Ќе ти цитирам што пишува:
    - го матира тенот и обезбедува моментално решение за проблемот на критичната Т зона
    - длабински и долготрајно ја хидратира кожата
    - помага при воспоставување на природната рамнотежа помеѓу мастите и влажноста на кожата
    Добитна комбинација за мрсна и комбинирана кожа се: Oil control T-Zone mattifying serum (серум за матирање), 24 часовен хидратантен крем и Oil Control Hydra маската за лице.

    Од линијата со камилица исто така има крем за мрсна и комбинирана кожа + е и наменет за чувствителна кожа. Е сега има влажилна крема и хранлива крема, значи влажилната е за комбинираната кожа + содржи УВ филтер.

    Од хидра лајфот има за комбинирана и мрсна кожа но јас ја сметам кремата за многу јака и интензивна, за пресушена кожа како мојата така да би ти препорачала некоја од горе наведените. За цените не би знаела да ти кажам.
    Инаку гелот и млекото јас ги имам купено од Космо но ги има секаде претпоставувам, нема да погрешиш со грозјето само прво мирисни го, постои опасност да се заљубиш :lol:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.035
    Пол:
    Женски
    А некој коментар за кремава од камилица за подочници и против брчки?
    Со оглед на последново претпоставувам е за повозрасни, но да си прашам сепак...ми треба некоја убава крема за околу очи.
    [​IMG]
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мендилејн не е наведено возрасна граница на кремава за околу очи и јас ја меркав еднаш, сега видов и во проспектов дека ни тука не пишува. Крема за околу очи препорачливо е да се користи после 25тата година но со оглед на начинот на живот јас мислам дека и порано може да се користи, секако подобро е да се спречи. Јас имам 23 и веќе користам крема за околу очи затоа што ми се проблем темните кругови и од премногу смеење веќе ми се појавуваат и малечки линии :lol:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кремите (освен тие за акни) не се нешто посебно наменети исклучиво за млада кожа.
    Но, многу млади ги користат, и навистина се преубави.

    Имаш две врсти креми, една е хранлива, друга е влажилна (не ми текнува точниот превод).
    Таа хранливата е секогаш погуста и помрсна.
    Другата, влажилна, е понегуста и не е толку мрсна.

    Сега доаѓаат топли денови, јас би ти ја препорачала Алое Вера, влажилна крем.

    Алое верата има убава функција, а тоа е, на сувата кожа и дава доволно влага, а на мрсната кожа и го одзема вишокот мрснотија. Значи двојна функција има, одлична и за мрсна, и за сува кожа, што другите креми го немаат.
    Одличен крем е за потоплите денови, бидејќи алое верата заштитува од сонце, и освежува. Дополнително храни и го прави лицето здраво.

    За пролет-лето, најубава крема мене ми била од Афродита - алое вера (во зелено пакување)

    Сите лосиони се прекрасни, овој со грозје убаво мириса и хидратира совршено. Исплатлива е и цената за таа колчичина.
    Последен лосион имав од бадем, убаво мириса, хидратира, и малку како позимски е. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HoNeY93

    HoNeY93 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Јас сум многу задоволна од кремата од невен, имам нормална кожа и ми ја прави многу мека и мазна преку целиот ден, единствена маана и е што нема заштитен фактор :!: