Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте задоволни од козметиката на Афродита?

Дискусија во 'Лице' започната од AzSxDc, 15 септември 2011.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    ^Mims,го имаш ли користено серумот на Афродита Hydra thermal? Ок ли е за млада кожа?Ми треба нешто екстра хранливо зошто веројатно од агресивен шампон ,ептен ми е суво челото.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Општо линијата Хидра Термал не е баш наменета за млада кожа(-24) затоа што е доста интензивна, што значи дека серумот е уште поинтензивен. Содржи хијалурон кој е наменет за многу длабока хидратација. Кремата е предобра за многу сува дехидрирана кожа и кожа која се лупи, серумот го немам користено но знам дека серумите се уште поконцентрирани од кремата така да не би го препорачала за под 24-25 години. За млада кожа од Афродита можеш да си ја земеш со маслинка или бадем, тие се екстра хранливи.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам Силвер и Мимс, ги погледнав кремите, ама уште сум во дилеми.
    За некој месец правам 20ка и сепак нешто ми вели да си почекам уште некое време за козметикава.
    И онаа крема со алое вера има изгледа некои анти-ејџинг состојки (пишува на кутијата), па така ми останува како опција оваа Oil control. :^)
    Или ќе биде таа или некоја сосема десета, а лосионот и гелот за туширање обавезно ги купувам. ^_^
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Гледам пишувате влажилна крема и дека не ви текнува соодветен наш збор, според мене тоа значи хидратантна крема :) .

    Мимс, во право си- нека си го мирисне гелот и млекото пред да ги купи, оти не сите се заљубуваат во мирисот, има и исклучоци, како мене :tmi: .
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    :) хидратантна, не е баш наш збор, ама ајде :) околу овој збор може да има еден куп дебати, ама доколку бараме соодветен превод на хидратантен, тогаш македонскиот би бил: крем за навлажнување. ама ете, си преземаме странски и еден збор понекогаш е полесен за употреба отколку 3. :)

    инаку јас сум задоволна од млеката за тело, друго немам користено.
     
  6. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Го користам млекото за тело од грозје,360 е 400 мл и да ви кажам дека е афродизијак за партнерот:)
     
  7. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Ја користел ли некој кремата за лице од невен од Афродита, или некоја слична за чувствителна кожа?
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ЏинТоник јас ја имам користено, ок е за посува кожа, за мрсна не би ја препорачала може дополнително да го светне лицето. Двената е по лесна, додека ноќната е похранлива, погуста и потешко се упива.
    Збориме за оваа така?
    [​IMG]
    Може слика од таа со алое кремата што ја зборите, никако да ми текне која е :^)

    П.С. Сесилија јас мислам дека е нешто како навлажнувачка крема, затоа што и хранливата може да е хидратантна, уствари во принцип сите се хидратантни :?:
     
  9. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Има ли некој шампон од овие на Афродита за волумен? Ми се видоја ефтини 99ден. па сакав да земам еден?
     
  10. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Да таа е, мене кожата ми е комбинирана, но на образите ми е доста чувствителна затоа сакам со невен да земам нешто за да ми се смири. Фала ке пробам со дневната :*
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    А зарем хидратантна и навлажнувачка не се синомини?
    Само некако покористен е зборот хидратантна, некако сме посклони кон присвојување странски зборови, отколку користење на нашите.

    Кога веќе пишувам пост, сакам да прашам за кремите околу очи- каква е таа со камилица, може ли малку подетално инфо, и дали има и некои други за наша возраст, ~25?
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Па во сите кремови се спомнува дека се со анти ејџ состојки, ама и самите состојки во нив како бадем, алое вера, невен, делуваат на тој начин да заштитуваат и спречуваат стареење.
    Доколку има хијалуронска киселина, колаген ( и слични состојки ), тогаш стварно е за постара кожа.

    Ама, ако немаш мрсно и проблематично лице, не ти ја препорачувам таа со Оил контрол, зошто можеш да си го расипиш лицето.

    Таа од невен, камилица, и зелен чај се понеутрални и убави за чувствително лице. Иако никоја од кремите не е агресивна, состојките се многу благи и меки, и со никоја крема нема да згрешиш. ;)

    ДА ПРАШАМ: Дали кремата од маслинки (уште таа ја немам пробано) е мрсна ???

    И за зборот *влажилна* кренавте бука, а јас го спомнав прва :lol: зошто не ми текнуваше во моментот хидратантна да напишам.
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    Јас го користам шампонот од коприва, многу сум задоволна, имав првут пред да почнам да го користам, но сега немам, другите производи не ги имам користено, баш сега ја отворив страната на afrodita-beauty care ќе разгледам што има :)
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Силвер, а зошто да си го уништи лицето со оил контрол кога баш за мрсна и комбинирана кожа е наменета кремата??? :^)

    Сесилија - за кремата за околу очи од камилица во каталогчево пишува дека има смирувачки и навлажнувачки ефект, ги елиминира темните кругови и ги редуцира малите ситни брчки. Јас ја немам пробано така да за искуство неможам да зборам. :)

    Инаку ме буни тоа со хидратантна и навлажнувачка затоа што на некои креми си е наведено како хранлива и хидратантна, на друга пишува само навлажнувачко дејство, на трета стои само хидратантна ... :^) Така да јас вака по читање на етикетите под хидратантна подразбирам некоја што е + хранлива и длабински дејствува во кожата, а како навлажнувачки ми се повеќе оние со моментален ефект на освежена кожа, тие се некако по лесни ... Незнам дали сум во право ама јас се раководам според тоа...
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Напишав дека може да си го расипи, бидејќи кремите ОИЛ фри, се претежно за пубертетска кожа, склона кон акни, очигледно мрсна и нечиста.

    Инаку, ако имаш мрсна/комбинирана кожа, има кремови кои се за таа намена, ама не се типично пубертетски.

    Овие ОИЛ фри, претежно се за пубертетлии со акни.
    Но, сепак, на кожата и е потребна и определена маснотија, затоа и лошо е ако со кремот премногу го затегните, исушите лицето.

    За кремовите, само два вида се: хранливи (тие се помрсни, погусти), и хидратантни (влажилни), кои се полесни и попосни.
    Првите се попогодни за постара кожа (не е правило) и за посува кожа. Повеќе и одговараат, ама не мора да значи.

    Секоја крема различно делува на секое лице. :)
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Кремата е Оил Контрол, незнам дали е Оил Фри. И како што прочитав е намената за мрсна и комбинирана кожа, а не беше наведено дали е за нечиста кожа и за лечење на акни... Како што разбрав наменета е за контролирање на прекумерното лачење себум, матирање на Т зоната и хидратирање на сувите делови...
    Јас немам искуство со кремава, само го кажувам тоа што го прочитав. Може и да побарате на официјалната страна на Афродита сигурно пишува нешто повеќе :)
     
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас да кажам за кремата за околу очи од камилица. Ја имам користено и тоа беше првиот производ од Афродита кој не ми се допаднал. Значи, кремата е ПРЕмрсна, премрсна. Не знам зошто толку маснотија кај крема за очи :^) , мислам знам дека е против подочници и брчки, ама ова е претеризам.

    На почетокот не ми пречеше толку, си викам и онака навечер ќе ја ставам пред спиење. Ама како поминуваше времето и како сфаќав дека и утрото областа околу очите сеуште ми е мрсна, ја баталив :^) Значи, воопшто, ама воопшто не се упива во кожата, си стои мрсна на површината :^) Ја зема мајка ми да ја користи, сува кожа има па ми вика дај да ја пробам, може на сува кожа ќе се упива подобро. Ма јок, два пати стави и ја фрливме.

    Значи ПРЕМНОГУ, ПРЕМНОГУ масна, а искрено и не видов некој ефект на намалување на подочниците. Поголем ефект кај мене има кремата за очи од Балеа. Не ја препорачувам оваа на Афродита :^)

    Туку, која е таа крема со алое вера? Може сликичка? Лесно кремче ли е? Мене кремите наменети за комб. кожа многу ми ја сушат кожата и ми се лупи иако ми е комб., ми треба нешто похидратантно, ама не мрсно :)
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    http://kozmetikaafrodita.rs/negalica/al ... 50-ml.html

    Еве ја кремата со алое (од телефон пишувам па полесно ми е линк да оставам), за оние што прашуваа, ама кај оваа е назначено дека е anti-age.
    Јас освен шампонот од кокос и едно млеко за тело (појма нема кое беше) немам ништо друго користено, но од овие бев доста задоволна.
    Сега сакам да си ги земам дневната и ноќна од невен што се, се размислував дали овие две или хидраактив, ама вторава бидејќи е за ептен дехидрирана и сува кожа се одлучив за првите.
    Деновиве ќе ги набавам па ќе пишам впечатоци за некоја недела.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Фамозниот шампон со екстракт од лук наменет против опаѓање на коса.
    За спречување на опаѓање на коса за кој е и наменет, не сум многу сигурна бидејќи сеуште ми паѓа во речиси исти количини. Но за конечен одговор ќе почекам одредено време, секако дека треба повеќекратно користење за да покаже резултат.
    Откако го користам, косата почна почесто да ми се мрси и ми се појави првут, а досега појава на првут сум немала. Сега за сега, не сум задоволна. Ќе почекам уште некое време па ќе напишам целосен впечаток.

    [​IMG]

    Имал некој друг слично искуство?
     
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Феминки, ај некој поупатен нека ми каже колекцијата аква за која возраст? Фала :)