Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте задоволни од козметиката на Афродита?

Дискусија во 'Лице' започната од AzSxDc, 15 септември 2011.

  1. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Верувам дека има уште некој со ист проблем како мојот. Косата долу кај врвовите ми е сува и брзо ми цвета, а пак кај темето ми се мрси многу брзо. Имам пробано мал милион шампони и маски и што ти ја знам какви се не глупости, од најефтини до најскапи и нема некој препарат или шампон кој ми е омилен и да сум презадоволна од него. Престанав да ставам секакви глупости на косата, ја немам фарбано цела 1 година и многу ретко ја пеглам.

    Е сега да преминам на главното, дали мислите дека би ми одговарал шампонот од кокос (бидејќи обожавам како мириса и е многу добар за косата) или дополнително би ми ја мрсел косата? И дали некој друг од шампоните на афродита можеби повеќе би ми одговарал?
    Значи се ќе ставам на косава само нека се опраи :D
     
  2. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Шампонов е крш мене косата како перика ми ја прави
     
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Јас пак не сум забележала такво нешто можеби затоа што користам еден куп други работи во комбинација.
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    [​IMG]
    Вчера го земав овој гел на Афродита и сум презадоволна. Има многу убав мирис и плус не ми ја суши кожата онака ја остава баш мека,претпоставувам има некои масла во составот. Плус на попуст е во Дм.
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Значи реков дека ќе ги земам кремите со невен и ги земав, па беа на тест до денес т.е. им дадов рок 10 дена па сега впечатоци.
    Ајде со дневната ќе почнам, значи ОК е, хидрира и брзо се впива, не е мрсна или слично, туку има баш чудна лесна структура па многу малку се нанесува и размачкува. Не сум многу задоволна, но солидна е, е сега незнам како би се понашала на сонце но ќе помине. Цена: 205 денари.
    Ноќната ми е многу подобра од дневната, погуста е и не е воопшто тешка, како други креми, оваа ја мачкаш и одма се впива, значи нема мрсни траги по навлаки од перници, нема тешко чувство на лицето и сл. Наутро кожава ми е одморена, тонирана, значи претходно ми се појавува црвенила, сега ги нема.И многу ми ја омекна кожата, имав 2-3 црнки на образите кои ни со пилинг, ни со стискање не ми излегуваа, размислував дури и на козметичар да одам ради проклетничките, но после неколку дена редовно користење на кремиве пилингот што го правев ми извади скоро се, остана уште некоја што верувам дека при следно тинтрење ќе излезе. Топло ја препорачувам, јас се плашев да не е тешка многу за летниве ноќи, но до сега немам добиено таков впечаток, и ако за дневата ќе размислам дали следен пат ќе ја купам истата за оваа сум сигурна дека и повторно би ја купила. Цена: 205денари.
    Иначе еве и слики во спојлер.
    [​IMG][​IMG]
    Искрено не ни очекував дека ќе се разочарам од Афродита, одсекогаш ми делувале како солиден бренд, иако немав користено многу производи имав таков впечаток што сега ми се потврди, и со цените се доста приступачни, не се ефтини но не се ниту воопшто скапи за квалитетот кој го имаат.
    Следно на листата ми се продуктиве за чистење лице од оваа колекција http://kozmetikaafrodita.rs/negalica/cleanphase.html .
     
  6. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    феминки да ве прашам линијата на hydra thermal дали е наменета за младешка кожа(јас имам 19) или за повозрасните? :)
     
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Веќе еден месец го користам кокос и задоволна сум ама нема шанси само со шампон(како перика е косата само со него),употребувам регенератор Генера ефтин е и тој околу 70 ден 500 мил.засега оваа комбинација ми е погодена.Инаку мене косата ми е фарбана,шатирана,сува во превод никаква ама со производиве е ок.Се разбира после тоа капките со Арган од Авон и ќе заборавев најважното 3-4 пати до сега пред миење ставам кокосово масло :) се надевам ти помогнав
     
  8. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Го користев овој крем на база на цинк оксид пред некое време, не се сеќавам точно како дојдов до него... знам само дека тешко се наоѓаше по продавници. И сега го барам по парфимерии, Тинекс, секаде каде што има производи на Афродита и џабе.
    Инаку е добар, стварно добар за акни. Остава бело како Здраве, но по нанесување чувството е некако поинакво, полесен е и поубаво се впива. Суши и лечи без да ми ја пресуши кожата.
    Ако го видела некоја феминка некаде или знае како може да се набави замолувам за информација :$
    [​IMG]

    Инаку, задоволна сум од скоро се што имам користено, шампоните оние големите, креми за раце, лосиони/млека за тело...
     
  9. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505

    конечно некој одговори :) јас веќе заборавив дека имав пишано. веќе имам дома 3 шампони, други, а ете денес нарачав нов од орифлејм, па шампонот од афродита ќе го пробам друг пат, да си ги потошам залихите. инаку фала на одговорот ;)
    јас ја користам маската на генера од кокос и многу ми се свиѓа, а и кокосово масло ставам во последниве 2 месеци. кокос и само кокос :D
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    [​IMG]

    Морам да го пофалам маслениот гел за туширање.
    Го купив 118 ден. Преубаво мириса (жолтиот поточно), многу ја хидратира кожата, воопшто не ја суши.
    Лосионот е многу миризлив (на ши путер и ванила), малку и прејак е. Многу убаво се размачкува, се впива, а кожата е баш како свила, пренежна.
    Идеален е за летово, кога кожата се уморува од сонцето.

    Црвеното е малку како за постара кожа.

    Синиот е пилинг.
     
    На simoncelicius и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Ова линија е наменета за лица од 30 па нагоре,а ако кожата има потреба од подлабока хидратација тогаш можат и лица од 25 нагоре.Содржи поголемо количество на хијалуронска киселина која не се препорачува за млада кожа.
     
  12. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    97
    Ја има ли оваа колекција кај нас ?

    [​IMG]
     
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ ја нема колку што имам приметено :)

    Иначе зошто неможам да ја најдам маскава никаде ? :( [​IMG]
    Никаде не можам да ја најдам, а е најдобро нешто што кожава ми осетила, стакло ми го праеше лицево... :worried:
     
  14. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Aко некој го користи серумов, ќе може ли да ми ја објасни неговата употреба - како подлога за пудра; пред/по нанесување на крема ? И после колку време ви светнува лицето (мислам кога имате ставено пудра)? Чинам goddess.of.chaos го имаше пофалено, па би и` била благодарна доколку објасни нешто повеќе :) .

    [​IMG]
     
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.969
    Пол:
    Женски


    Јас ги имам и серумот и кремата. Искрено ништо посебно не ми се. Престанав да ги користам и сега се префрлив на Eucerin и Avene. Ама секоја кожа е приказна сама за себе, нели...

    Инаку да, имаат мат ефект и двата ама јас ги користев самостојно. Никогаш не ги тестирав под шминка. :^)
    Имав чувство дека ми се премногу "суви". :?:
    Јас лично имам многу мрсна кожа на лицето и од нив светнував после два часа да речеме.

    Инаку ако сакаш, јас со задоволство ќе ти го поклонам мојот серум. Преку сила четири пати дали имам ставено од него. :D
     
  16. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    За жал, веќе го купив :D . Не сум обично импулсивен купувач, ама ете, се случи. И сега баш ме разочара, на тие четири стотки ќе им најдев друга намена. А другиве производи ти го намалуваат ли сјајот?
     
  17. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.969
    Пол:
    Женски
    ^^

    Ти пратив ЛП. :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Ги имам пробано само целулитните креми и сум презадоволна, посебно од црвената (средната):
     

    Прикачени фајлови:

    • 4780_big.jpg
      4780_big.jpg
      Големина на фајлот:
      626 KB
      Прегледи:
      218
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Го користам нивниот шампон од мед и ванила. Ептен ми е убав и косата убава ја прави, друго нешто не користам, а и не сум ни приметила нешто друго дека има од нивната линија.
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    54.994
    Пол:
    Женски
    Сум користела само шампон од коприва и оној од лук :lol: за парите си е ок,друго не сум пробала ништо,сепак за 100 ден можеш да купиш квалитетен шампон од афродита :)