Од афродита козметика сум го користела шампонов. Многу ми одговараше на косата, и имаше преубав мирис.Здравје боже да се истроши овој сега што го користам, обавезно ќе си купам ваков повторно.
Сметам дека Афродита козметика има квалитет, АМА мене никако не ми се погодува Се што имам пробано досега, шампони, млека за тело и креми за лице, многу ми се мрсни, премрсни за мојата кожа. Последно што имам земано е Хидра термал хидрантна крема, ама ниту една крема не ми толку пречеше како ова, кога ја нанесем буквално стои на лицето, воопшто не се впива, и после некоја минута почнуваше да ми избиваат капки пот по лицето, посебно на носот (тој дел ми е инаку најмрсен). И сите други производи така, околуочна крема од камилица, млеко од јојоба (ако не се варам од тоа беше), ете тоа последно зедов, и знам дека ми се тешки производите и не знам зошто повторно им дадов шанса и се зезнав. А баш читав на нет, дека имаат добри квалитетни состојки, ама ете мене не ми се погодуват.
Пената за миење од линијата Young & pure ме разочара прилично. Јас имам многу мрсна кожа, особено Т- зоната која премногу лачи. Е сега, бидејќи оваа пена е за мрсна кожа, јас очекував дека ќе ми одговара, ќе ми ги намали порите, кои да бидам искрена иако кожата ми е мрсна не се нешто многу големи. Знаев дека ќе ми ја суши кожата, но мислев дека тоа ќе биде во граници на нормалата како и било кој друг гел, пена за мрсна кожа. Што направи оваа пена за мене? Освен што одлично го мие лицето (за мене одлично е кога на пешкирот немам траги од било што), ми ја пресуши кожата, буквално се перути и пука. Т- зоната не е цела мрсна, носот исто се лупи, но челото лачи многу повеќе од што лачи без да го мијам на пример со нешто. Порите повеќе ми се познаваат, иако митесерите ги исчисти т.е посветли се, а и јас редовно ги средувам сама Пред да почнам лицето да го мијам со пенава тенот ми беше прилично изедначен, не ми се познаваа ни флеки, па ни белези од акни, сега лицево е катастрофа. Буквално се се познава, кожата е беживотна, со куп флеки, мал милион црвенила. Воопшто не ми одговара, лицево ко во секој момент да ќе распука.
Жени, каде може да се најдат производите од Афродита ама од таа Professional линијата. Гледам многу убави работи од таму, а кај нас ги немам сретнато. Или јас не гледам убаво?
За кои производи конктретно зборуваш? Ако е за линијата 100%Спа, со маслата за масажа путерите и пилингот за тело, ги има во подоброснабдените аптеки на Зегин, а мислам дека некоја феминка спомна дека ги купила во ДМ.
дaли знaете кaде мoжит дa се нaјдит кремa зa aкни сo цинк oд aфрoдитa јa имaм кoеистенo и презaдoвoлнa сум
Сеси, дубоко се извињавам шо касно ги забележувам мислењава. Не, не мислев на тие, тие знам дека ги има. Туку на самата официјална страна на Афродита кај шо има лого "Afrodita Cosmetics" има и такво лого "Afrodita Professional" и многу фино ми изгледаат колекциите за лице. Ама тука ги немам видено. Ако не сум слепа, освен.
Ги имам видено тие на сајтот, и кај нив се нови- ама како што приметив само три колекции се и тоа двете за зрела кожа, нам би ни одговарало само тоа со кислородот, па затоа претпоставив дека мислиш на нешто друго. Не верувам да ги има тука, ама би требало да ги донесат понатаму со тек на време. Овие ги немав видено до сега, ми фатија око, ама сигурно ги нема и нив http://www.kozmetika-afrodita.com/s.../proizvodi/linije/aromaterapija/aromatherapy/ Леле сега додека ти одговарав го разгледав пак сајтот, значи не се само тие три колекции што ги спомнав за лице- има цел нов свет . Многу убави работи има- маски за сауна, спа и велнес производи, етерични масла, масла за масажа, масла за лице, разни маски за лице, леле леле. Мора да ги има некаде, мора. @mims-89 ти си запознаена повеќе со асортиманот на Космо, дали има нешто од линијата Професионал, или тешко?
@sesilija, баш на сите тие останати работи мислев. Ептен фино ми изгледаат, затоа. Ах, нека ги донесат. P.S Зегин и Космо ми се најопција дека први би ги донеле.
@sesilija и @senza.parole не сум ги забележала овие производи досега ни во Космо ни по другиве места, а прилично добро забележувам се што е ново . Сепак по некое мое мислење е дека овие производи не се наменети за широка потрошувачка туку само во специјализирани козметички салони. Незнам колку сте забележале по поскапиве козметички салони кои користат козметика од Афродита дека таа истата неможе да се најде во продавници туку е само за професионална употреба, како што го носи и името нели. Така да мислам дека овие производи од линијата профешнл не се и нема ни да бидат наменети за широка потрошувачка туку најверојатно со нив се служат само по козметичките салони. http://www.kozmetika-afrodita.com/ser/afrodita-professional/ Погледнете го делот каде што пишува „список на овластени козметички салони„ и после тоа пишува проверете во кои козметички салони се употребуваат производите на Афродита Професионал линијата. Затоа сум едно 90% сигурна дека овие производи нема да се најдат по рафтовите во продавниците затоа што знам доста производи на Афродита кои неможат да се купат туку со нив можете само да се служите во кометички салон. Најверојатно не се за секојдневна употреба или треба професионално аплицирање, штознам, си имаат некој принцип на работа... Ама па од друга страна гледам имаат поризводи за секојдневна нега на лице, гелови и пилинзи за миење лице, па не ми е некако логично да една пена за миење лице или гел биде наменет строго за професионална употреба... Како и да е ако ги сретнам негде ќе ве известам зашто и јас тешко да одолеам да купам нешто ако ги видам така да нема да заборавам во никој случај.
Мимс, можеби има некаква логика, ама како тогаш низ парфимериите има од професионалните линии на Шварцкопф, Лореал, Субрина, Ревлон? Кој ќе им го најде крајот значи... Во секој случај ќе те држам за збор за известувањето/
@sesilija каде има од професионалните линии на Ревлон, конкретно за коса ми треба. Сите што ќе ги прашам само преку фризери набавуваат. Исто и од Лореал незнам кои им се тие професионални линии, ако можеш и си користела нешто сподели низ темиве и секако означи ме за да читнам . Се извинувам за оф топикот.
Мимс, извини што дури сега ти враќам, ми немаше стигнато известување дека си ме означила. Од Лореал полесно се наоѓаат, многу производи сум среќавала во Космо, а Ревлон обично има во некои помали парфимерии, не во дрогериите- некогаш човек може да се изненади што се' се наоѓа таму. Еве ти и официјална фан страна на фб, можеш да си прашаш каде најбиску до тебе можеш да најдеш конкретен производ.https://www.facebook.com/RevlonMacedonia?fref=ts А оваа ти е повеќе за производите за коса. https://www.facebook.com/naturalkompanigv/photos_stream. Јас дојдов на темата да прашам за новите маски за лице. Дали некоја ги има видено/користено? Има три видови, мене конкретно ме интересира за оваа бидејќи другите две се антиејџинг како што прочитав сега на нивниот сајт.
Добри ли се кремите за лице на Афродита? Гледав денес во Дм некои од камилица, невен и се мислам дали да си купам.
Ова ми е најомилениот гел за туширање од Афродита. Јест да сите им се убави, ама овој има така добар мирис . Презадоволна сум. Скоро во секој маркет, порано беше 100, сеа глеам го симнале на некои места е 85 ден.