Ништо, само да знаеш дека со него ќе мораш да си купиш и океј регенератор зашто иначе косата - тесто. Али ок, за таа цена , литро шампон, шо очекуеш... А исто и од маскава сум поприлично задоволна. Оно баш лифтинг ми напраи.
Се заљубив во тоа розовото преубаво мириса, не го купив, незнам дали е убаво, ако некој има користено нека пише обавезно.
Јас го имам користено ацетонот на афродита и одличен е а исто така и шампонот од лук и сум делумно задоволна бидејќи откако ке се измиев косата ми беше многу сува..
kako ste zadovolni od samponot so kopriva i pantenol,koj e so podobren sostav i nova ambalaza?dali vi ja susese i zapletkuvase kosata?
Здраво. Имам една молба до некоја поупатена девојка која имала сличен проблем. Јас имам моментално сув скалп и многу ми паѓа косата, па ми спомнаа дека шампонот од лук на Афродита е навистина добар. Ве молам за совет. Тенкјуууу
Денес само што ја пробав маската за под очи и онаа со кератин и сум прилично задоволна од резултатот мислам дека навистина имаат квалитет сум пробала и други маски ама не сум била баш задоволна или пак требало повеќе третмани да направам за да воочам мала разлика. Ти препорачувам да си ја пробаш. Иначе од ДМ ја земав ги има таму за друго место не знам
Колку чинат шампоните на Афродита? Заинтересирана сум за тој од лук, инаку имам масно теме и суви врвови и каде можам да го најдам?
Тој од 1л е околу 100 денари по маркети и дрогерии, само не би ти го препорачала зошто мене почна ужасно да ми ја суши косата и да ми ги плетка врвовите. Помага при опаѓање на косата но ја има таа маана.
А можеш да ми препорачаш некој против опаѓање т.е. За поттикнување на растот? Поквалитетен нека е, не можам да се справам со косава
Може ја суши, но после шампон ќе си нанесеш маска за коса и решен проблем. Барем кај мене е решен проблемот на овој начин
Дали ги имате видено овие бланшеви од Афродита некаде? Мислев дека ќе ги најдам во Дм, вчера ги барав во тој во ГТЦ, ама ги немаше...
@Leat мене па тој шампон со лук не ми ја суши косата воопшто. Јас моментално овие два ги имам дома на Афродита , тој од лук и другиот од коприва , досега поинтензивно го користам тој од коприва , немам зборови фантастичен е , сега да тој од коприва ми ја заплеткува косата ама ќе си ставаш маски и немаш гајле. Шампоните се одлични која сака да и порасне косата побрзо нека го земе тој со коприва , загарантиртан резултат , се шишав во септември косата ми беше до рамена а сега ми е негде до пола грб. Имав земено два зашто овде кај што живеам неможам да ги најдам , сега кога ке одам во Ск наредниот месец повторно ќе земам
Ох ставам регенератор и кокосово масло пред бањање. На почетокот ми беше супер после месец - два почна да ми ја плетка косата. Сепак тоа е индивидуално. За цената е супер шампон ако имаш масна коса е и веројатно идеален.
Јас козметика многу не користам па од Афродита имам ставано само шампон од лук. Искрено првиот месец дури и ми се подобри состојбата на косата, ставав регенератор обавезно, ама сега и ставам и пак ми ја плетка ми ја суши и место подобра да ми е, ужасна ми стана косата, за жал.