imam citano po forumi ovaa linija na hydra termal bila dobra.i sum vo plan da ja probam inaku samponite od afrodita nekako ne mi se dobri.
Може, одговара на тој тип на кожа. Јас имам масна кожа и супер ми беше оваа крема за дневна нега во зима и пролет. Во лето не ми одговараше баш за под пудра, ама за нега на лицето беше супер.
Неколку пати купувам ноќна маска, не знам колку е добра, ама предобро мириса. Мислам дека на некое цвеќе. Ако некој знае на што уствари мириса, нека каже
Само да знаеш дека целата колекција 4Д Колаген се препорачува за 35+. Мислам дека си многу млада за вакви маски со поголема количина хијалуронска и колаген. Барем јас не би користела ништо од ова до кај 32-3. Има преубави ноќни маски и без колаген, посоодветни за помлада кожа до кај 30-ка.
Од горната слика. Таа доле не ми е баш како за лице, што знам, многу е мрсна, како универзална крема е повеќе. Другата е супер. И дневната и ноќната.
Дали некој знае зошто овие гелови не можам да ги најдам ни во Дм ни во Веро ни Рамстор. Има некои други но овие не.Дане се повлечени од продажба предобри се .
@Пале 345 јас го имам користено, во комбинација со гел за туширање е во сет. Многу интересен, специфичен мирис има, и добро хидрира.
Ја купив кремата на Афродита со камилица за отстранување на влакна на лицето пред некој ден. Сега ме интересира дали некој ја користел претходно пошто имам многу сензитивна кожа и ми е страв од хемиски изгореници ако ја ставам на цело лице. Порано користев ленти али ми се појавиа акни така да престанав да ги користам
Има ли некоја искуство со оваа колекција на Афродита? И како се движат цените конкретно на кремите за лице?
Јас имам користено пред неколку години и се наполнив со првут, ама тоа е индивидуално, читав на форумот многу девојки се задоволни, отвори во темата за побрз раст на косата и прочитај.Инаку шампонот сум го гледала во Дм околу 100-140ден.