Еве вака гледав во темата образование , и имаше многу теми , ама ни една не најдов од ваков тип , па решив да отворам ваква тема . Би сакал да видам ваши меслења од сите феминки кои имаат деца или деца на свои блиски кои одат во основно образование ... Да ги кажат своите мисли , пофалби , жалби и поплаки за наставничките / наставниците на нивните мали мили Ученици Ајде да видиме !!
Се е индивидуално мислам јас, јас немам деца но имам внуци.... она што за нив е супер предмет со супер наставник кој одлично објаснува ,за комшивчето е глупав предмет и глупав наставник кој не знае да предава и слично многу дискутабилна тема.........
Брат ми е сега 5то, можам да речам има сменато 3 наставнички до сега и 2 по англиски. Од година ќе има повеќе наставници, тогаш ќе пишам пак. Многу е лошо шо ги обврзува родителите да ги извршуваат пола од домашните работи. Значи знам дека убаво е да се одржува врската родител- дете, и дек родителот треба да има удел во образованието на детето, ама ова е претерано. Ајде годинава и лани не, ама претходно со претходните наставнички - премногу. Иди дома и вика - наставничката рече родителите да ни направат тоа и тоа, ние треба да играме со него. И обично тие работи ги правев јас зошто моите беа постојано на работа. Брат ми е најзадоволен од претходната наставничка по англиски чисто зошто не проверуваше домашно, а јас мислев дека за почеток треба да проверува домашно колку да им стави некоја навика на децата да пишуваат, да чувствуаат потреба за тоа.