Не сум лидер, зошто не сакам да бидам, се сллучува повеќе пати во група јас да го имам главниот збор и да ја представувам групата ама не се сметам за лидер, иако ме бива за тоа, можам да вршам главна работа, зошто сакам да бидеме добро организирани. Значи доволно сум лидер Доверба кај луѓето имам доволно, не се трудам да придобијам, самите забележуваат дека можат да ми веруваат зошто сум човек од збор.
зависно од ситуацијата но накчесто јас сум лидер и организатор на сите случување али више ми е доста од тоа таа работа ќе му ја препуштам на некој друг дупли овен што да се прави
Не само што јас многу работи решавам туку и другите на мене оставаат. Кога нешто не можат да го решат се нервирам и морам да ја преземам одговорноста. Иако многу пати знам да речам - Зошто се на мене оставате?
Јас не се сметам за лидер, иако некои ме сметаат. Во училиште, сите проблеми и задачи ми беа препуштени на мене. Сите совет бараат од мене, секогаш јас го имам последниот збор, а не сакам секогаш да е така. Одсекогаш сум го претставувала класот, а некогаш знам да се откажам од некоја задача и да ја препуштам на некој друг, но кога гледам дека не се снаоѓа и дека е неспособен да ја заврши, се нервирам и сепак ја превземам. А често и сама се пријавувам за да завршам некоја задача, да решам некој проблем, да дадам совет и слично. Понекогаш ми годи тоа што сите бараат совет од мене, ме сметаат за способна, но некогаш не сакам да ми препуштаат се на мене.
Лидер? Доколку станува збор за друштво, некои работи поврзани со школо, да. Но не на секое поле. Барем јас не се гледам за таква, не знам каква сум во очите на другите. Цврсто стојам на мислењата и сум перфекционист, така што сакам да е работата во мои раце, затоа што верувам најдобро ќе ја завршам, но се случува да ја препуштам на друг, па потоа да корегирам, критикувам...
Се цитирам самата себе да кажам дека многу се променив.Се ова што го имам напишано БЕШЕ точно,сега е веќе друга приказна.Мислам дека созреав,сфатив дека е добро во животот да бидеш и лидер во одредени ситуации,да знаеш и да бидеш главен.Се криев,избегнував да се истакнувам но не бев во право.Животот е битка каде треба да се бориш,докажуваш,да бидеш водач ако можиш,зошто да не? Сега не набљудувам од страна,вмешувам прсти за мојот интерес,не поднесувам да слушам само некои да ми наредуваат и наметнуваат нивни желби
уфф перфекционист сум по природа и роден лидер Кога ќе се нафатам за некоја работа мора да ја истерам до крај,и тоа без никакви грешки.Луѓето имаат стекнато доверба во мене,за било што јас сум организатор Не сум тип кој се наметнува сосила но сепак ја имам лидерска улога и во соседството,и во друштвото па дури и дома
Воопшто. А според сите тие гачки, натални карти, во хороскоп како овен, и во нумерологија како кец пишува дека сум роден лидер, а врска нема. Колку само не сакам да се замарам со тоа, онака ...лежерно, многу сум приспособлива, како ќе кажат другите така, или сум за или против. Не можам сега и со тоа да се замарам.
Оваа тема како за мене правена Јас се си организирам,и на другите се им кажувам како оди се Секогаш 2 пати мислам пред да кажам нешто И дефинитивно знам да сменам мислење И во хороскопот скогаш ми вели така: -Вие сте динамични, полни со енергија и поседувате натпреварувачки дух. Ве привлекуваат професии кои се поврзани со ризици и предизвици, преку кои можете да ја покажете вашата индивидуалност. На вашата креативна, амбициозна и отворена личност најмногу ѝ одговара кариера во медиумите, маркетингот или архитектурата. Ако сте претставник на овој знак, вие сте роден херој и лидер, па затоа ви одговараат и професии како војник, полицаец, спасувач или управител на фирма.
Донекаде имам лидерски способности, но не сакам да бидам лидер по секоја цена. Ме бива за организирање, договарање, решавање проблеми. Сум забележала дека често го прифаќаат моето мислење, а јас воопшто сум немала намера за такво нешто. Понекогаш убаво се чувствувам кога сум организатор, но и да стојам од страна и да набљудувам, не ми пречи.
И тоа голем, за организирање се јас ги организирам кажувам дали е добро или не, едноставно сакам да имам контрола врз работите и сакам се да испадне совршено, не се задоволувам со добро сакам одлично па си засукувам ракави и се трудам да ги поправам проблемите, и да ги средам работите. Но апсолутно не се наметнувам доколку некој ме замоли за нешто да му помогнам, да му покажам ќе го направам тоа. Од култура и ќе прашам дали на некој му треба мојата помош ако мислам дека е така,но нема да се наметнувам. Според хороскопскиот знак Девица сум и голем перфекционист што е точно сега за лидерство не знам,но тоа е особина што ја имам.
Доколку одговорам на сите овие прашања, одговорот е позитивен, а тоа значи само едно... Definitely a leader
лидер.. ..денес е всушност менаџер, командант-капетан на ,,бродот'', управувачот со промените и играч со судбините, чуварот на капиталот и материјалните ресурси, пазачот на конкурентска предност, пронаоѓачот на патот до ефикасноста...оф леле,леле.... ....па него го има и по дома(шета по гаќи).... ..го има и во бизнисот па тоа е нормално....е...е бизнисот без лидер.., не е гаталец или недајбоже астролог...тој е планер,стратег и изумител... и затоа тој дозволува постоење на колатарални штети кои без исклучок му се од сопствената армија на извршители..,, ..совест..за среќа нема..т.е таа му е непозната категорија.. да ја има ова докториве ќе мора сто стента ќе му бапнат... ..негово свето тројство е..лес пипл,минс лес костс,што значи мор мани.. ма чудо од наука,ама функционира...и сите пак го сакаат,па и кога грешат,нели...го сакаат и крај... ...најважното тука е дека медицината докажала дека дотичниот сепак има срце, но докажала и дека е му е од најцврст камен и дека му служи исклучиво да му пумпа крв... ...па амен... п.с..ако се гледате некаде погоре тогаш дефинитивно сте лидери..јас уствари никогаш не сакав да бидам..ама што да правам,ме убедија,додуша тешко ама кога се појавија $$$$$$$$...немав каде..
Хахаха. Може да се каже дека сум, бидејќи кога и да се шетаме, да одиме на базент, одмор, било што, иницијатор на сите тие идеи сум ЈАС ! Инаку, во никој случај не им наредувам на дечките од друштвото, не ни се обидувам. Доколку им се допадне мојата идеа, тоа го правиме, но доколку има несогласувања, размислувањето продолжува . Сепак, друго е кога ќе отидеш некаде со друштво знаејќи дека сите го сакаат тоа и дека сте одлучиле СЛОЖНО !
Не сакам секогаш јас да сум таа што е главна! Повеќе сакам да набљудувам....секако понекогаш сум главна, ме слушаат....но како што кажав не сакам цело време да е така!
Се разбира дека сум Посебно кога треба да излегуваме, секогаш јас резервирам и давам идеи. Исто и за факултет, кафе
Мислам дека важам,тоа ми го кажале и други.Јас повеќето работи ги организирам,се разбира не сакам само јас да одлучувам но понекогаш се нервирам бидејќи за се што треба да се одлучи или заврши мене ми ја доделуваат таа задача.
Важам за лидер, бидејќи во средно се што требаше мене ми се доделуваше за организација.Во спортот исто така.Организирање на изненадувања...тоа ми е најомилениот дел. Како и да е,никогаш самата не сум се возвишувала и нарекувала лидер,но едноставно пријателите сами со доверба ми ги доделувале одредени работи,и со тек на време си добиваш статус на лидер