Даважам за лидер едно што најмногу мразам е да ми наредувааат.Па,умеам ама зависи од карактерот на личноста ако е некој тврдоглав ке се намачам додека да му го сменам мислењето ама воглано успевам.Па лугето ги прифакааат моите идеи скоро сите со исклучок на 3-4 идеи ......
Не се сметам себеси за лидер, никогаш не сум сакала да се истакнам дотолку и обично го препуштам лидерството на друг, но има случаи кога тоа пак тоа паѓа на мене.
Многу сакав во школо кога требаше да направиме некоја презентација и ќе ме ставеа во група со некои мрзливи и јас морав да завршувам половина од работата,абе лидер Другите само се караа,кој вака сака да биде,кој онака....
Родена сум за лидер, тоа и го правам а и другите ме бираат мене кога треба јас да ги водам и да ги застапувам во било што....сакам да се борам, сакам да зборам, барам правда, се бунам, сакам да организирам,галамам, мавам воспитни......се борам за подобар и поквалитетен живот за сите....стално ми е глава гордо крената горе и не потклекнувам пред никој.(ама се испофалиф)
Јас сум секогаш лидер, во сите ситуации од на училиште до сега во домот и секаде, сакам да сум лидер и мислам дека не сум лош лидер, на сите им се допаѓам како лидер, барем така ми кажуваат. Сакам да си наредувам ама не на сите само по дома, сакам да си е по мое и не се потценувам и сум многу горделива
Ич. Не сум спретна и спремна да имам тимска работа. Мразам тимска работа, па уште лидер да сум. Обично си имам замислени „перфектни“ идеи во врска со одреден проект и ако веќе морам да работам во група гледам опкружувањето да биди некој кој не сака да работи па цела работа ќе ми остани мене и ќе изработам се онака како што сум замислила Доколку би ми било дозволено да ја водам организацијата, ако тоа е некое мерило за лидерство, па тогаш имам само еден голем плус.
Јас сум роден лидер, многу можам да им влијаам на луѓето со мислење и да им наметнувам мислења, но секогаш се тоа позитивни мислења. За огранизација зависи од ситација, некогаш сакам се да огранизирам некогаш кога ми е сеедно препуштам на другите. Сакам тимска работа а секогаш во група некако предводник сум, дали ради карактерот оти по темпераментна и друштвена сум или поради тоа што сум Близнак во хороскоп. Мислам дека и харизмата има влијание.
Не ме дефинираат повеќето како лидер, иако јас лично се сметам дека сум. Сакам организираност, јасност и точност. Мразам луѓе назначени како лидери, а притоа не си ги извршуваат задолженијата. И имав баш еден судир со лидер на еден проект. Имаше конкретна ситуација, одлучи пристрасно во полза на друга учесничка. Застанав, му кажав два-три збора. Ама ич око не ми трепнува за фамозни "лидери".
Ме бива за лидерство. Бар ја така мислам. Знам да се организирам со време, пари, простор, знам да сум објективна. Кога нешто мора да се направи не го одложувам, нити па на тие околу мене им дозволувам да си ги одложуваат обврските.
Кога треба нешто да се организира сите оставаат на мене, бидејќи знаат дека вешто се справувам со секакви работи. Во школо секогаш бев јас таа од групата што правеше презентации и проекти, со задоволство правев се' сама, ме исполнуваше тоа кога имав полни раце работа. 4 години бев претседател во класот и вешто се справував со секакви предизвици.
Не сметам дека ме бива за лидер. Не сакам тимска работа, многу подобро работам сама. Секогаш сама си ги постигнувам најдобрите резултати. Ме бива за организација и планирање, но само кога станува збор за нешто мое, индивидуално.