можеби и има веќе ваква тема.. но ме интересира каква личност сте вие дали имате храброст да го направите првиот чекор Колку често прва му пишувате на машко колку често прва му се јавувате.му викате да излезете (се разбира кога се работи за почетна фаза) Дали сте упорни и колку се трудидите да му се пикнете под кожа ? Лично јас не можам никако да му пишам на машко прва, ни да му се јавам, ниту пак да му речам да излеземе...мислам дека така ке добие впечаток дека сум напалена курва или ке му станам одбивна знам дека ништо не губам едноставно се плашам да не бидам одбиена како да си ја зголемам самодовербата ?
исто и ја..Ја нз..Мене гордоста не ми дава ја прва да пишам или да ме јавам аа тоа да не праиме муабет за да го питам дали сака да искочиме..Нз луѓе ја загубив самодовербата..Па кажувајте шо да правам..??
Истo и јас Премногу размислувам,што е многу лошо .Еве пример никогаш на машко прва му немам пишано.Ете од страв си мислам,а што ако не ми врати ке испадне глупо,дека ја му се пуштам...Или па ако има некој во близина што ми се свиѓа(дури некогаш и коа нема ),се укочувам,не можам да зборам,и ако отворам уста ко гласот чуден ми е некако тивко зборам,ко несигурна во себе,што уствари и така е.
Девојки се што треба да направите е да се опуштите, и да не размислувате за тоа дали можеби ќе испадните глупави или незнам што друго. Еве јас ќе се земам за пример, јас да не му пишев на мојот сегашен дечко дали сака да излеземе јас мислам сеуште ќе чекав тој да ме покани . Инаку слободно ако има некое машко што ви се свиѓа пишете му, немора веднаш да го каните да излезе со вас, туку почнете општи муабети, за тоа што го интересира, што прави во слободно време и полека полека прашајте го дали сака да одите на кафе, ако речи не голема работа, не е тој единстевното машко на светов мислам Така да немате од што да се срамите или па да немате самодоверба
Јас сум празна. Никогаш прва ни сум пристапила ниту пак тоа некогаш ќе биде. Секогаш си викам Ај седи си мирна, не се глупирај, тој тебе ќе те сакал... да му се допаѓаше самиот ќе ти пријдеше. И тука завршува се, уште непочнато.
Ако ми дошло да се зафркавам зш да не пишам прва ? и јас сакам да се насмеам некогаш, инаку сериозно со некоја намера нема шанси. Не поради нешто друго туку човек што не ме забалежува нема шанси да го забалежам, збиен распоред од обврски и мисли така што треба ептен пред мене да застане па, да го приметам, инаку тешко.
исто никогаш не сум пишала прва или пак да викнам да излеземе тоа никогаш причината е таа исто како ти што кажа.....
Доволно сум горделива , упорна и со голема самодоверба и ич не ми е страв или срам да му пишам некому ама само додека стварно ме интересира, ако не врака мени исто доџе затоа кога тој ке ми пишува следува мала одмазда и јас нема да му вратам Но повекето не се замарам сега не ми се баш интересни ахаха. Гордоста моја мислам дека ке ме уништи
Еднаш ми се има десено да му пишам на дечково што ми се свиѓа и тоа чисто за да го прашам нешто професионално и не го развив разговоров пошто ептен срам ми беше..и кога и да го видам глупост некоја кажувам и се понашам ка чудак тежок, пример последниов пат дојде до мене и проба да ми направи муабет а јас толку се успаничев што му реков само да? и си ја брцнав главата во телефонот и виде не виде си замина, и мислам дека од тогаш се откажа
Полна сум со самодоверба се додека не почнам да симнувам делови од гардеробата..колку повеќе слеквам. толку повеќе ми опаѓа самодовербата
Па нема некој проблем, само што премногу сум самокритичен, ама таков сум за се во животот, не само во врска со мојот изглед. Ама ако за некоја сум ептен заинтересиран, знам прв да и пријдам, да и пишам и да и се јавам да излеземе, впрочем тоа и го правев со претходните девојки со кои сум бил. А лоша особина ми е што не сум многу наметлив и упорен, лесно се откажувам ако не видам во брзо време позитивна реакција од другата страна.
Кога сум сигурна во себе преполна сум со самодоверба. И кога не сум си терам така ама со сомнеж. Самокритична сум понекогш , ама ретко да го изнесам пред други. Без самодоверба мислам секој човек би бил само газен.
Само на кратко да нафрлам али како што забележав во некои коментари треба да се направи разлика повеѓу: 1. Confidence 2. Self-esteem 3. Courage Пишете на гугл речник знае подобро да ви објасни Али што се однесува дали јас имам самодоверба за пристап до девојка .. па да имам, затоа што долго време го праам тоа и сум прошол низ доста ситуации така да веќе е рутина и имам самодоверба, т.е. секогаш знам дека ќе успеам ( колку и да звучи ... ) На пример: Кога би мѕ рекле на ;Мајкл Фелпс да исплива 1км ... он има самодоверба да го направи тоа, цел живот го прави тоа и е еден од најдобрите пливачи .. Но за мене да испливам 1км е тешко .. и ми треба доста храброст да го направам тоа. Али ако си почеток ти треба Courage .. а self-esteem нема никаква врска со confidence. Така да за самодоверба решение е да се направи тоа ... мора да се почне од некаде. Али треба храброст првиот пат. После како проаѓа време со искуство и поголемата способност скил сет, за соочување со предизвикот доаѓа самодовербата Епа драги момци и девојки ,,, во акција