Кога како и зависи за што. Опширен одговор, знам. Битно, она што сакав да го кажам на темава: едноставно со пробување се развива самодоверба. Колку повеќе искуство имаш толку повеќе самодоверба имаш.
За прва да му пишеш на машко треба да знаеш дали му се допаѓаш. Како што има женски што нема да вратат има и машки, а никој не би сакал да се чувствува глупаво. Јас ако се познавам и се гледам со некој нормално е да пишам прва и да го прашам најнормални работи како е, како си ги поминал денот и сл., но немам намера ниту пак време да пишувам со некој што е влезен во филм. Колку и да ти се допаѓа некој, ако ти не му се допаѓаш него нема причина да се трудиш додека тој изиграва глупак. На таков никогаш не би му пишала ниту пак би му се јавила, па да сум жена со најголемата самодоверба на светот.
Ни во еден момент ја немам изгубено самодовербата. Применувањето на истата во погрешни цели е сосема друга работа.
вака општо во живот имам самодоверба но со машко ич дали имате храброст да го направите првиот чекор ? не Колку често прва му пишувате на машко? никогаш, освен ако е другар колку често прва му се јавувате.му викате да излезете (се разбира кога се работи за почетна фаза) ако само би знаела дека ме свиѓа и би бил со мене, а вака на непроверено никогаш Дали сте упорни и колку се трудите да му се пикнете под кожа ? не сум упорна во вакви ситуации имам страв и несакам да сум одбивна или да има глупо мислење за мене
Marginite na rechenicata " samodoverba za da mu se pishe na nekoj na facebook " iniciraat na niska vrednost. Treba da se preispitate malku do kaj ste so mozochinjata ...
Некако не ми е во ред насловот со прашањата во темата. За мене не значи самодоверба ако му пишеш на некој прва или прва го побараш. Јас под самодоверба сфаќам да мислиш дека можеш да го привлечеш на каков било начин и да го натераш да те ,,лови’’. Секако и да знаеш што правиш и да бидеш упорна во тоа, а да не изгледаш очајно додека флертуваш со него
Полн со самодоверба за сега. Не се преценувам ни потценувам. Знам кои квалитети имам, кој, што, како, зошто, каде итн. Не сум arrogant bastard што е стадиум на самодоверба повеќе од потребното. Yeah добро е да имаш самодоверба пошто е добра и секси ствар. Чувај ја, негувај ја, ќе те служи!
Самодоверба. Како да ја добиеш? Се оди чекор по чекор. И јас ја немав да не речам ни 1 %. Се разгледуваш како личност. Се проучуваш.Се учиш да се сакаш. Стануваш горда на некои свои особини, и полека полека понатаму ќе сфатиш дека имаш уште многу добри - неоткриени особини. Занимавај се со нешто што те исполнува - фитнес, трчање итн. Ќе добиваш секојдневно позитивна енерија. Ќе си станеш битна, ќе сакаш да остваруваш свои цели во животот, нема да те интересира кој што правел или рекол.Едноставно СЕ САКАШ и доволна си сама на себе. Тоа е самодоверба. Недостиг на самодоверба значи недостиг на љубов САМА КОН СЕБЕ - треба сама да научиш да се сакаш а потоа да дозволиш на друг.
Ова не се однесува само затоа што темава ја отворив во категорија љубов, туку може и за стекнување пријателства итнитн.. Сигурно има доста членови на форумов што во одреден период од животот им сме смалила самодовербата, потешко наоѓаат теми за разговор, многу се стегнатии.. Епа вака ќе ви ја раскажам мојата конктерна ситуација : Не сакам прво погрешно да ме разберете.Имам другарки и другари со кого да се дружам сум имала и дечковци колку ти душа сака.Ама некогаш имам помала самодоверба, комуникација и повеќе стегнатост. Незнам зашто се случува тоа ама кога ќе ме фатат овие бедови се затварам сама во соба и си плачам ... Некогаш неможам да изнајдам нови теми за разговор па им зборам на луѓето какво е времето и се чуствувам како да им е досадно кога седат со мене...ако ми кажете да запознаам нова личност можам уште утре да го направам тоа, но што послем?! Некако во последно време како да незнам како е да се дружиш !!! Многу почнав лошо да се чуствувам............ Ви се случило нешто слично? Ако, да како сте го пребродиле кризниот период? Што ми ме советувале да направам? Како да се опуштам освен алкохол? Ако ве интересира конкретно самодовербата во врска со категоријата љубов можете да ми пишете во лп да не одовлекувам тука. СЕКОЈ СОВЕТ Е ДОБРЕДОЈДЕН
Немам ниту малку храброст кога се во прашање машките... Нарочито кога ми се допаѓа типот... Немам храброст дури ни да го аднам на фб.. Од страв дан помисли нешто лошо за мене...