Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте полни со самодоверба?

Дискусија во 'Сингл' започната од anichka94, 17 јули 2012.

  1. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Доволно
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    За некои работи-ДА
    За некои - НЕ

    Истересно, со текот на годините за некои работи за кои мислев дека никогаш нема да имам самодоверба-ја добив...т.е стекнав.

    А за некои работи за кои имав самодоверба (на пример , сум имала убаво тело кога бев девојка) сега ми се изгубени.
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Во последно време премногу.Знам колку можам и како можам.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Многу ми е намалена...
    За се во животот ,околу детето ,линијата на телото ,односите ,буквално се.
    Да не речам на 0.
    Ако знаете некои техники за подигнување на самодоверба и мотивација предложете.
    Буквално живеам од ден за ден,ни имам желба да се дотерам ,нашминкам ништо
     
    На ruben-neves му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    За мене здрава цврста самодоверба е лајфстајл, менталитет, филозофија.

    Прво и основно, треба да се сакаш себе си целосно и без компромис. Здраво сакање, не нарцисоидно. Што значи, да се почитуваш.
    Тоа се постигнува кога ќе сфатиш, ама онака со сите клетки од твоето битие ќе сфатиш дека:
    животот е еден, единствен и краток;
    дека битно е ти што сакаш, а не другите (секако не на штета на друг);
    битно е ти што мислиш, а не другите;
    не е битно што другите зборуваат за било што во животот;
    не битно другите што прават во животот, битно е ти што правиш;
    не се споредуваш со никој; јасно ти е дека секој е своја посебна индивидуа со свој живот за живеење;
    здравјето и спокојот се најважни во животот;
    треба да си екстремно селективен со кого се дружиш, комуницираш, разменуваш мислења, примаш совети и критики;
    треба да си екстремно селективен што слушаш, гледаш, читаш, што конзумираш;
    треба да си екстремно селективен на што вреди да трошиш време и енергија;
    треба да си екстремно селективен во изборот на борби вредни за борење;
    треба да сфатиш дека не сè заслужува внимание, реакција, мислење;
    едноставно треба да си посветен на себе, на психата, на здравјето, на сопствените желби, интереси, поставени цели.
    И не треба да се замараш кој што мисли и зборува.

    That being said, имам цврста здрава самодоверба, одамна не ми била разнишана.
     
    На Snowflake97, Selena01, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Последната реченица ме тера да мислам дека станува збор за многу повеќе од само ниска самодоверба. Можеби депресија? Што значи за тебе дека живееш од ден за ден?
     
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Како робот буквално - го правам она што мора да се прави.
    Станувам ,облекувам прво што ми се најде ,ја средувам ќерка ми за во градинка. Одам на работа попатно ја оставам во градинка работам се враќам дома јадам (мислиш ме брка некој ) чекам да се стемни да си легнам.
    Дури и малата некогаш ми вика мама ајде да се смееме :(
    Мислам дека штотуку ме освести...
     
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Дефинитивно не звучи како само проблем со самодовербата. Штом немаш мотивација за ништо друго, само гледаш денот да заврши наместо да уживаш во него, тука нешто повеќе има.
     
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ги обвинував случајностите.
    Тоа шо се мажив во друг град и немам друштво како кај што живеев.
    Ковид time ,немањето време итн
     
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.774
    Допаѓања:
    8.152
    Пол:
    Женски
    Како и секоја жена, коа како. Некогаш многу некогаш ич. Алии биче боље.
     
  11. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    Pa sto znam :D