Да суеверна сум и тоа многуууууууууууу. Си носам маичка на испит која ми носи среќа,станувам на десна ногу,влегувам со десна на испит,чукам во дрво трипати.....и уште многуууууууууу
Не сум суеверна ама кога ќе видам црна мачка се фаќам за коса и кога некој ќе каже нешто лошо се мрднувам од место.
Да суеверна сум и тоа многу,изгледа затоа што сум OCD,па имам многу така мали ритуалчиња.Редовно чукам у дрва за нешто лошо коа ќе стане збор,на тест со десна нога влевам,се фаќам за коса коа ќе видам мртво животно.Ама за црната мачка не се согласувам.Имам дома црна мачка и никогаш не сум била суеверна,дури во Англија ги сметаат за среќа доколку ви го прекршат патот.А инаку не минам под скала,не отварам дома чадор..абе знам дека се глупости и живото е многу подобар без нив ама не можам да се оттарасам
Cе молам,чукам во дрво 3 пати и понекогаш не ке можам да спијам и се мијам со вода 3 пати на лице,дека сум фатила на зарек
Не се сметам за суеверна. Единствено од некоја навика која ми останала од детството (гледајќи и слушајќи други) како чукање во дрво и поместување од место, влегување со десна нога. Не верувам во несреќа од црни мачки и секогаш прва сум поминувала кога ќе пресече пат, а не сум ни знаела дека суеверието ''налага'' фаќање за коса кога ќе видиш мртво животинче.
Да сум. Незнам колку и незнам дали е тоа грев или не е добро или слично. Ама ми влијае еден вид психолошки. Може во тоа суеверие нема никаква вистина но ме смирува самата помисла, дека ете штом ке чукнам во дрво нема тоа можеби да ми се случи.
Сум суеверна.Како и сите други тоа општото чукање во дрво,поместување,црна мачка ако помине и ред други работи.Исто така многу често кога нешто сакам и Оче Наш си ја кажувам мислам дека ми помогнало во поголем дел од моите барања или само така јас си имам сфатено. Но како и да е јас верувам во Бог
прво да ти појаснам неколку работи зашто гледам дека не знаеш и не се лути што реков вака прво:молењето не е суеверие јас се молам постојано и во себе и на глас кога сум сам и ГОСПОД ми помага постојано второ:суеверијата се пагански работи останати од нашите предци кои јас ги изкоренив и искоренувам мораш да бидеш внимателна паганите македонци верувале во суеверија јас како христијанин не верувам а причината за молењето е кога ГОСПОД веке слуша се нели веке знаеме семокен е се молиме за опроштај на гревовите и за некоја помош каква и да е ако човек е свет или има најдено милост кај БОГА ТОЈ му помага а кој згрешил и не се кае кај него пагја чашата со гнев БОЖЈИ Давид се молел крал на израел Илија се молел пророк БОЖЈИ сите се молеле БОЖЈИ луге дури и ИСУС се молел и ти тоа најде да го ставиш во суеверие? те молам поздрав и БОЖЈИ благослов
Луѓе паганите сте ли ? Не верувајте во овие работи,молете му се на ГОСПОД, овие работи се останати од словените пагани,пред да се покрстат ве молам покајте се и престанете да правите вака и јас имав компулсивност. Ама се борам човек дур е жив се бори се и сешто имам видено и ГОСПОД ме извадил од челични раце аман. Покајте се во името на ИСУС ако право верувате и сигурен сум дека ГОСПОД ќе ви прости и прекинете со паганските работи на нашите предци.
Се молам често за најразлични нешта А,за суеверието - паа - можеби Секогаш се фаќам за црвено кога поминува болничка кола. Кога црна мачка ми помине пат се враќам три чекори назад и фрлам каменче. Кога видам мртво животно се фаќам за коса. Чукам во дрво трипати. Сметам дека тоа се бабини деветини но сепак - навика
Малку суеверност , малце навика зависи за што. Пред спиење си се молам на иконата во собата. Секоја втора недела одам со баба ми во црква да запалам свеќа , и за празници .. Кога се ќе излезе во ред нешто за кое сум се молела си помислувам дека Господ ги слушнал моите молитви ..
Мислам дека суеверието е нешто најглупаво...значи луѓе викаат дека да се верува во бог е глупост ама да се верува дека една црна мачка може да ти го уништи животот не е глупост нели??
Суеверна сум , можам да кажам и премногу. Кога ќе видам мртво животно секогаш се фаќам за коса и заб да не ми попаѓаат , имам среќен џемпер , среќно пенкало , среќен молив , среќен ден. Но понекогаш се замислувам и длабоко во себе знам дека мојот успех не се должи на моите среќни предмети, туку на моите постапки и мисли, но пак верувам во тие работи дека ми се среќни, можеби така ми е поубаво да мислам , не знам зошто.
Како прво, суеверност и молење немаат благе везе едно со друго. Јас нити сум суеверна, нити се молам зошто немам таква потреба. Не верувам дека ако пројдам под скала ќе ми се случи несреќа, или дека ако видам црна мачка што ми го пресече патот е лош знак. Ама со сигурност знам дека ако се ѕверам во мачката да видам кај ќе иде, ќе ме лупне кола. Во молење не верувам, верувам само во позитивно насочени мисли.
се помалку и помалку, колку повеќе почнав да созрејувам се помалку станував суеверна иако и како помала и зелена и не бев многу. особено во магии, клетви не верувам.
Па да речеме дека сум, поточно порано бев а сега веќе некои работи ми се навика па несвесно ги правам, незнам што би издвоила сега, ама ете сум. А за молење се молам, не секој ден ама се молам секогаш кога имам некоја тежина и молењето ме смирува