Суеверија Јас пак имам слушнато дека луѓе не само со зелени, туку и со мешана боја на очи не смее да гледаат бебиња во очи. Не знам дали ги плашело, несреќа, урок или што...важно постои такво нешто. Не верувам во суеверија нешто особено многу, но тоа со бебињата ме има подзамислено не од причина што ми е верно, туку како и Vega, страв ми е мајката да не ме испердаши.
Суеверна сум,многу. Кога ќе се исплашам од нешто,обавезно морам да си ги "цуцнам" ушите и си потплукнам во градите. Се прекрстувам кога ќе видам како носат мртовец во црква или на гробишта,потчукнување во дрво и поместување од место кога се збори за лошо,да се вратам три чекори назад и да плукнам во земја кога ќе видам црна мачка како ми го пресекува патот,кога рика магаре се фаќам за коса и друго
Се молам... А во врска со суеверието паа можеби, ете останале навики, поместување од место, поплукување во гради, чукање во дрво.....
Понекогаш сум суеверна, кога станува збор за црни мачки, кога треба да се чукне во дрво или да се поместам од место.
Кога ќе помине црна мачка покрај мене, потсвесно си мислам леле ќе ми се деси нешто грдо ама за среќа тоа чувство ме држи неколку минути или пак ако каже некој лошо, веднаш пу пу пу или чукам во дрво..тие навики ми останале од кога бев дете и некои сеуште не може да се искоренат.. Едит: не сум премногу суеверна, но верувам во суеверие..на скала од 1 до 10 ќе типувам на шест
Суеверија Ne sum sueverna no mm e sueveren i za dvajcata Ne mi se veruva covece eden den trgnuvame da odime na kafe kaj edna drugarka i covekot odednas izleze od kola i mi vika,ti odi sama jas ke sedam doma.Abe sto ti stana mu vikam.Komsikata ,onaa baksuzon mi go presece patot,ic ne izleguvam denes od doma.
Суеверија Јас по обичај си викам машала и ќе се обидам да го објаснам овој збоп- тоа е турски збор Mashallah и значи нешто како напредно ( па и уште да напредува) така нешто слично!
Суеверија За суеверија да не почнам да ги редам сите што ми ги имаат кажувано. Тоа со бебињата јас од навика си викам Пу, пу, да не го урочам. Порано додека баба ми беше жива, против уроци демек ми велеше Да те се*ат кокошките. Како помала често ми облекуваа гаќи, маици на опаку против уроци било. Потоа едно така да го наречам суеверие да не се гледаш навечер во огледало. Знае некој за ова да го пообјасни?
Суеверија за суеверие..јас знам само дека оние кој се роден на ист денн на пример близнаци..не можат да присуствуваат на венчавањето во црква на другиот или ако се родени на ист ден..за пример брачед ми и брачеда ми..кој се родени на ист ден само 2 години разлика..и брачед ми не бече в црква кај брачеда ми -.-..исто сега брачеда ми ќе прај свадба и таја е близначка...и баш го прашавме попот дали да присуствува на венчавање..тој рече..дека сето то е глупост..хД..и јас истото мислење го имам!.
Суеверија леле иссто како кај мене ,кога бев мала се живо ми облекуваа наопаку,мислев дека така се носат гаќите и маиците а оно да ти биде против уроци. Е сега тоа за огледалото ијас го имам слушнато демек ако се огледуваш ноќе „ќе ја загубиш убавината“(е како ,хаха) А она за урокливи очи-луѓе (децата) кои биле одбивани од доење ,па повторно ставани на града за „само малку да цицнат“колку да се смират да не плачат кога ќе пркнат урочувале. Е сега има тука поглед во нос-сопствен(си го погледнуваш носот за да не урочиш некој),потоа Гасење на кибритчиња во вода и миење на „урочениот“ со истаата вода и ред други тракатанции. Не сум „многу суеверна„ама знам да си ги измијам децата со крстена вода кога ќе одиме кај една моја пријателка.Ај што има зелени очи,ај што и се како на зејтин(убави очи)ама и многу им се чуди на децата „леле колку сте големи,убави и дрн-дрн,
Суеверија не сум суеверна, како помала бев но секогаш сум била скептична околку вистинитоста на истите, но денес ич не верувам нити ги приваќам уште и се смеам на нив. знам неколку и тоа она најопшто познатото носење облека наопаку, 40 дена не смеело новороденче да се изнесува надвор, да не се сечат нокти навечер, 7 години биел малерот од скршено огледало.... други незнам.
Знам да чукнам 3 пати во дрво дали е навика или суеверство...???? И она ,, пу пу подалеку било,, како и гризнување за јазик и мрднување од место . А тоа црна мачка-пресечување пат.... не верувам. Не сум премногу али сепак ДА, затоа што си имам факт. Секогаш ама секогаааш кога ќе видам пајак како се симнува со мрежата надолу дома, ми доаѓаат гости и уште еден факт - секогаш кога ме чеша лева рака земам пари.
Ни најмалку не сум суеверна, не чукам на дрво, не се загрижувам кога ќе помине црна мачка, не верувам во тоа...
Суеверна сум, ама зависи за што .. значи делумно. Практикувам работи од типот чукање во дрво, а тоа дека црната мачка носи несреќа не верувам. Или дека ако помине црна мачка пред тебе, треба да застанеш па да почекаш некој друг да помине после тебе. Тоа не сум го правела никогаш, а знам луѓе кои го прават. Што ако се најдеш на некое пусто место и ти помине црна мачка ? Ќе си дремеш таму дур не дојде некој Најмалку верувам во тоа дека бројот 13 сам по себе носи лоша среќа. Мене напротив, тој број, ми е среќен Воопшто не ми е баксузен Можеби е до мене, ама еве веќе 2 години по ред ми носи добра среќа
Воопшто не сум суеверна, не верувам во ни една од тие глупости. Ех колку огледала имам скршено годинава, би требало да ми биде најнесреќна, а таа е најдобра до сега.
Кога бев помала многу бев суеверна и ја слушав баба ми (таа е најсуеверен човек што го познавам)! Абе живи глупости! Се е психа Како оди напред светов, за некоја година нема никакви суеверни работи ни да се спомнуваат... Порано немале што да прават нашите прадедовци, прабаби... немале нет, тв, телефони па морало некако да го поминуваат времето xD