1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте суеверни?

Дискусија во 'Религија' започната од manevska.mila, 4 март 2010.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала да ама сега не сум
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Чукам во дрво и викам 'Не дај Боже',
    Плукам трипати кога црна мачка ќе ми го пресечи патот-не го правам комплетно-три чекори напред, три назад, плукање и фрлање камче-срам ми е да не ме види некој :tmi:
    Се поместувам од место кога ќе кажам или слушнам нешто лошо...
    Овие ги правам обавезно, други не...
     
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Ич не сум суеверна и ми е глупаво кога на некој суеверието му го одредува начинот на живот (како на некои постари жени), вака чинело-така не чинело и уште се мачат и мене да ме убедат.
    сепак јас и како такви ги почитувам. :)
     
  4. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Воопшто не сум суеверна, дотолку што не ги ни знам повеќето од овие работи како се толкуваат.
    Не обраќам внимание на црни мачки, скршени огледала итн.

    Не се ни молам бидејќи не верувам во Господ.
     
  5. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Девојки хелп, што правите кога ќе ви се скрши огледало?!?!? :(
     
  6. sinetta

    sinetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Ништо будалче. Не паничи. Собери ги парчињата, пази да не се исечеш, усисај и свиркај. Тоа е само обичен предмет со употребна вредност и има рок на траење. Да не ти паднало на памет да почнеш со сеќавање на сите стереотипи и суевериа, што си ги слушнала до сега. Се е тоа измислица, за плашење на момите од страна на бабите, сред село во предминатиот век. :))))))))
     
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Не сум суеверна, тоа носи несреќа.
    Без зафрканција, ни најмалку. Обични глупости од дамнешно време кога луѓено немале што да прават и кога не преместувале миленца измислувале глупи симболики и заплашувале мали деца, а и самите себе.
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден црна мачка ми го пресече патот и си се вратив од друго место отидов до посакуваната дестинација.... Чекав нешто и не ми се ризикуваше....
    Обично не сум суеверна многу многу, ама си имам моменти
     
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Јас сум суеверна...
    а тоа за огледало ако се скрши мислам дека имам слушано дека во минатото огледалата биле многу вредни и скапи затоа што ретко ги имало, па од таа причиа ако некој скршел огледало се велело дека ќе го прати несреќа....
    така имам слушнато...
     
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Во црни мачки, самовили и нафрљотини не верувам :D
    Една народна поговорка вели: ако сакаш да го насмееш Господ, прави си планови. Од досегашното животно искуство, за жал, во ова верувам. Затоа никогаш не се зарекнувам дека нешто ке направам утре без да си кажам “здравје Боже“. Можеби горнион има друг план за мене :?:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    колку што е потребнооо... :) :)
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    да суеверна сум си си(не којзнае колку,но сум), исто така си одам во црква, си се молам на бога,си палам свеќа за најблиските,едноставно душата ми е полесна потоа(неможам да го опишам тоа убаво чувство откако ќе излезам од црква).
     
  13. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Порано бев повеќе суеверна,сега ми остана само чукање во дрво,поплукување во гради,поместување од место,фрлање вода кога некој оди на пат(или на испит) или барем чешмата малку да е пуштена да тече... такви некои работи. ( :D малку работи ми останале :D )
    А мајка ми е малку повеќе од мене, нокти да не сечам навечер,па кога вечераме,чаршавот со трошки ако е стемнето да не го тресеме,враќана храна да не јадам зашто сум немажена,ќе ми се враќале стројниците :!: ... има и друго,ама не ми текнува сега :D
    Како и да е,се помалку верувам во ова,а и некои работи ги правам повеќе од навика. Верувам во Бог и се трудам почесто да се молам,отколку да се занимавам со овие работи.
    А кога сме веќе кај суеверијата,и прославувањето на Нова Година,на начинот на кој се слави,со сите тие лумпувања,е суеверие,потекнува од паганизмот ( се верувало дека колку повесел ќе бидеш на дочекот,толку повесела ќе ти биде целата година) :^) Глупости.
    Така да,од скала 1-10,би рекла 3,5 :D
     
  14. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Верувам во Бог и не сум воопшто суеверна.
    На пример, пред влезната врата чувам улично црно маче.Ми спие пред врата и секој ден го хранам.
    Но,имам една навика која не знам дали е суеверие или ритуал...Пред секој важен настан кој ме очекува обавезно од влезната врата излегувам со десна нога.Без исклучок.
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Што значи три пати да ти влезе ластовичка во домот. Сега три пати влезе и излезе,преку вратана на балконот.
     
  16. Love-angel

    Love-angel Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Јас не сум воопшто суеверна .но во текот на една недела ми се скршија 5 огледала што малце почна да ме плаши |( ,инаку одам в црква и се молам :)
     
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Велат некој убав глас ке чуеш, порака некаква :)
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Вака не верувам, ама кога сум пред некој важен момент во животот, црна мачка и те како може да ми го расипе денот. Инаку имам слушнато дека не чинело многу често да се фотографираме, наводно дел од душата ни` останувал во сликата. Ако е за тоа, сите фотомодели ќе ни` изумреа... :lol:
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.986
    Допаѓања:
    279.080
    Само на денот кога полагам успит сум суеверна и забегана до бескрај :rofl:
    Порано баба бог да си ја прости ја терав да ми истура вода, без едно легенче истурено зад мене не мрдав од дворот :tmi:

    Сега како малку поголема употребувам други тактики :emo:
    Дента се туширам со омилениот гел за туширање, пазам кои гаќи ги облекувам и :!: мора да ми се у тон со бх. Исклучиво само омилените доаѓаат у комбинација, оние ради реда за кога тетката иде, но тенкју.
    Само омилени парчиња облека да има на мене и приборот за пишување кој најубаво ми лежи на рака.

    Во автобус седнувам само во иста насока во која возиме, дента никако седење у обратната страна.
    Кога влевам во воз исклучиво напред одам за да барам слободно место, никако вртење наназад.

    Суеверие или живци :?: .....
    али јако ме дрма на ден на полагање, ко некој фрик сум. Се мора да е совршено
     
  20. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Се трудам да не бидам, ама не можам на пример да си ја сопрам навиката , секој пат кога ќе слушнам нешто лошо, морам да се помрднам од место. |(
    Кога шетам со некој кој ми значи обично не сакам да поминеме покрај некој предмет од различна страна, да не сме се скарале. |(
    Ако имам некој во мислите и погледнам на телефонот и е една минута или две после цагер си викам
    -Уфф копиле едно, не мисли на мене сега. :devil:
    ( иако сум свесна дека е глупост, ама цагерот страшно ме радува) :lol:

    А еден другар имав порано и веруваше дека ако помине црна мачка и му го пресече патот
    којзнае што лошо ќе му се случи.
    И еден ден си одиме така по пат, и типов видел црна мачка како го погледнала и тргнала да му пресече пат. Одеднаш типов се залета, се стрча да помине пред неа.
    Oткако разбрав зашто претрчал му се згазив од смеење. :D Будала :lol: