1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте суеверни?

Дискусија во 'Религија' започната од manevska.mila, 4 март 2010.

  1. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Дури и ме нервира таа моја суеверност.Секогаш кога има нешто помеѓу мене и другото лице поминувам од таа страна за да не се скараме,кога ќе видам мртво животно се фаќам за коса,кога ќе слушнам нешто лошо се помрднувам од место,чукам во дрво,се враќам три чекори назад ако помине црна мачка.. -.*
    За молење се молам најчесто кога ми треба нешто. :lol:
     
  2. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    И мене ме нервира суеверието, ама и незнам ова што е, ама кога ќе ми рече некој ај да ти гледам и ми каже нешто лошо, јас почнувам да се опседнувам. Еве на пример сега оваа играва што ја стаија на форумов, арапско погодување на судбината - па ми излезе дека нема да имам деца по моја вина, ме оптерети, цело време размислувам како може да немам деца по моја вина? Што ли ќе направам, само се поместувам од место, бог да чува сум станала. А порано не бев ваква. И нешто ме затерало, па во сонови почнав да верувам! А бе суеверие ли е, не ли е, мене ми смета на животот :lol:
     
  3. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Исто така, само не сум слушнала за она првото, инаку јас верувам и во многу други нешта. Но не дека верувам буквално, туку како навика ми станаа, бидејки на почетокот ми е интересно, а потоа едноставно потсвесно го правам тоа. :D Понекогаш ми е страм пред други да кажам дека сеуште го правам тоа, на пример кога некое куче ќе изврши мала нужда ( :lol: ) почнувам да си ги поплујам прстите, кај нас се верува дека ако тоа не го сториш ќе имаш кучески нокти! :D Некогаш сум прескокнала па не сум добила кучески нокти, но сепак повторно тоа го правам како да сум навиена! :$ :D
     
  4. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    суеверието ја убива слободата
     
  5. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да го ставам прашањево, па ај тука? Пред некој ден дома видовме скакулец, а потоа богомилка. Дали некој знае што значи тоа?
     
  6. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    Хаха ..ами малце од поќе :D
     
    На Ivi05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    да,и се нервирам поради тоа. :( :| :| :envy:
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Тоа значи дека немате мрежа на влезната врата и/или на прозорците, а сте ги отвориле.
     
    На Witchman и Hipica им се допаѓа ова.
  9. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сум суеверна-верувам во наука и во сама себе!!!
     
    На Liebe.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    24
    Ич не сум суеверна...може за некои работи кои ми станале навика ама многу ретко ги уботребувам тие зборови...бабини деветини :) исто како и корисникот над мене...верувам во науката повеќе него во оние теории за Адам и Ева блаблабла... ;) ;)
     
  11. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Фрлање паричка во бунар за да се исполнат нашите желби

    Во минатото жените верувале дека ако стојат над бунар и замислат желба, таа наскоро ќе се оствари. Најчесто замилувале да имаат маж, деца, а потоа поради сигурност желбата да им се исполни фрлале паричка. Добар знак дека желбата ќе се исполни било ако жената во водата ја види својата јасна рефлексија. Водата и денес е поврзана со мечтите и желбите.

    Кинење ливчиња од цвеќе


    Овој обичај е од средновековната Франција, а стиховите поврзани за овој ритуал – ме сака, не ме сака, прв пат во малку поинаква верзија се изговорени во Англија во 15-тиот век.

    Партнерот се повикува три дена по состанок


    Филмот „Свингери“ од деведесеттите години, е „виновен“ за оваа пракса. Како би се прикрил копнежот од другата страна, партнерот чека да помине извесно време за да и се јави на својата симпатија.

    Бакнување на полноќ под елка на новогодишната ноќ

    Се верува дека начинот на кој ќе почне новата година го одредува нејзиниот тек, а бакнежот, ќе се сложите е еден од најдобрите симболи на радоста и љубовта, а старите друиди сметале дека елката лечи сè, па повеќе е од доволно, на полноќ да се бакнете со драгата личност под елка. Овој ритуал прв пат е забележан на фестивали кај старите Грци.

    Ставање на свадбена торта под перница


    Ова суеверие гласи: ставете парче свадбена торта под перницата и ќе го сонувате својот иден маж. Настанало во 17-тиот век во Англија и се применува сè уште бидејќи колачот и понатаму се смета за симбол на плодноста.

    Фрлање ориз над главите на младоженците

    Дали некогаш сте помислиле зошто сватовите фрлаат ориз над младенците? Изгледа малку непријателски, но обичајот настанал со најдобри намери. Суеверието потекнува од хебрејската култура, а го применувале и Асирците и Египќаните. Оризот се сметал како симбол на плодноста и среќата, а Кинезите верувале дека тој љубовните парови ги штити од зли духови.

    Губењето на вереничкиот прстен е лош знак


    Бетси Белега, медиум, поучена од искуството на своите клиенти тврди дека губењето на вереничкиот прстен е лош знак.

    - Прво мислев дека е во прашање случајност, но дури седум девојки по губењето на прстенот, ја раскинале веридбата – вели Бетси.

    Таа советува да не се става прстенот додека не се најде соодветна големина и потоа да не се вади.

    Носење на нешто старо, позајмено и сино на денот на венчавката


    Синото симболизира чистота, верност и лојалност, се враќа на библиската традиција, бидејќи невестите во Израел на денот на венчавката носеле сина лента во косата. Стариот предмет означува дека постоечките врски во семејството ќе бидат сочувани и продолжени, додека она позајменото на невестата и обезбедува поддршка и љубов од пријателите.
     
  12. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    сто знам не сум многу суеверна,само она чукни во дрво,и за бебиња знам да рецам пу пу да не се урочи, и да верувам во она да не се излегува по гости додека бебето не направи 40 дена и ја мијам керка ми со крстена водицка др нисто.а за молење често се молам и одам во црква тоа ме смирува и ми олеснува некако. :angel:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ваљда мислиш на бонбона, а не на парче торта :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. cuckata95

    cuckata95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    od mob sum i zatoa na latinica.inaku praktikuvam da ne sum sueverna bidejki mislam ne e mn intelektualno ,megjutoa da se slucuva vo poveke situaciii da sum :?:
     
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не сум суеверна ама ете кога се зборува за нешто лошо чукам во дрво , повеќе навика ми е
     
  16. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Не.. не сум суеверна..
     
  17. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Не!...не сум суеверна..можеби во ова и продонесува атеизмот од страна на татко ми, али не верувам во црни мачки, скршени стакла и огледала.. :)
     
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Во последно време, не сум суеверна. Обожавам црни мачки - и не ги сметам за несреќа. Не верувам ниту во приказните за скршени огледала и сл. Да, се молам - но не онака стандардно во црква туку на еден начин ако може така да се каже. :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Не сум суеверна, мислам дека тоа се некои измислици или толкувања на старите народи но обожавам да слушам како мислеле останатите народи во минатото :)
    -обожавам да читам иначе, суеверија а и некогаш си прикажуваме со другарка ми некои вакви работи иначе интересно толкување е ова што го најдов на интернет:Во минатото жените верувале дека ако стојат над бунар и замислат желба, таа наскоро ќе се оствари. Најчесто замилувале да имаат маж, деца, а потоа поради сигурност желбата да им се исполни фрлале паричка. Добар знак дека желбата ќе се исполни било ако жената во водата ја види својата јасна рефлексија. Водата и денес е поврзана со мечтите и желбите.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Единствено во ова се пронајдов.. :)
    Значи не сум многу суеверна, :lol:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.