Смири се сега, зафати се со нешто и не мисли на тоа, откако преспиеш сигурно и ќе заборавиш на таа помисла. И другпат воопшто не читај ни на нет, ни по книги за такви работи. Мала птица е, дезориентирана влегла преку прозорец во затворен простор... нема никакво значење зад тоа.
Одвај го избркавме, цело беше збркано, еднаш дури и зацивка... Откако конечно излезе, татко ми излезе на тераса и оно преку него пак застанало на џам, сакајќи да влезе. Страшно...
Па до некаде.Зависи, верувам и во соновници.Овој на Фемина секогаш испаѓа точен и за позитивни и за негативни работи
Суеверна сум иако човек не треба да е суверен. Нема зошто да се вртиме назад на погреб кога постои такво верување не врти назад. Или да поминеш помеѓу двајца во друштво нешто ќе се караат и јас не минувам. Кога видиш црна мачка се враќаш три чекори назад или нешто што на друг му се случило да ти се случи се поплукуваш три пати во пазува. Или пу, пу да не се уроци, миење очи итн.