Знам прилично. Порано скоро сите напамет ги знаев, сега се помалку, одма запишувам, ама што останало во сеќавање, останало
Јас кога сменив број мојот ми беше толку тежок да го научам што пола година кога ме прашуваа за број не знаев да си го кажам.. Инаку ги памтам на дечко ми, татко ми и мајка ми (што не е веќе нејзин, сепак го памтам), и мојот стар број што нема шанси да го заборавам оти има само 3 бројки во него Пс: знам број на полиција, брза помош и пожарна хахахах, и тоа се броеви..
Три, од кои шо третиот е мој. Другите два се на моите дома и едино ги памтам пошо се разлика само една цифра.
Само мојот Е, до толку сум. Ко ќе ми текни на времето, кога немаше мобилни да 'памтат' за тебе, колку броеви имав меморирано... + имав малечко тефтерче со телефонски броеви. Ех времиња Сте збеснале сега! *вклучувајќи ме и мене
Само од татко ми пошто му е стар бројот повеќе од 10 години. Друг незнам ни мој ни од мажот ми. Недај боже некогаш да затреба
Сличен ми е со стариот и секогаш го мешам и Немало потреба да го научим... како и да е сама на себе не вртим
Еее се гледа дека мнозинството сте млади Ова демек јас 100 годишна сум ама кога имаше само фиксни памтев(ме) по мнооогу броеви Сега неговиот, на мајка ми, на мајка му, бројот што беше на татко ми, на фирма, на сметководителката, на другарка и на мажот и, на комшивката што ми ѕврцка по 150 пати на мајсторот што го удавив со глупости, на братучетка ми ииии толку отприлика И уште 10тина броеви што "скоро" ги знам т.е ги знам ама стално некоја бројка мешам Поприлично сум памтела
Ни мојот не го памтам. Кога сум во ситуација некаде да треба да го кажам си имам слика во тел од картичката . Првиот тука едвај додека го запамтив сменив друг и така
Памтам броеви, памтам. Посебно ако ми должат пари. За полесно, пробајте со две по две цифри. На пример, 12 13 14. Така полесно ги памтам.