1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку трае сегашноста?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Сите ние зборуваме за минатото и за плановите во иднината. Но многумина велат треба да се живее во сегашноста. За некои работи е лесно да се определи времетраењето на сегашноста, пример: кога мојот тренер ќе и рече дека јас не треба да мислам на предходниот погодок,зошто тој бил и поминал,таков е каков е го пишува на метата.И дека исто така не треба даразмислувам ниту за следниот,зошто за него има време,незнаеме може ќе се прекине натпреварот од хх причини.И ми вели дека јас треба да мислам за погодокот кој го изработувам/опалувам во овој момент- сегашноста.
    Примерот ми беше,дека за некои работи е лесно да се определи сегашноста, но ва в/нашите животи, колку трае сегашноста?
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Според мене трае вечно, зашто пази секој момент е сега. Сегашен. така да, трае и трае.

    Ја мислам дека постојат само минатото и сегашноста, ама иднината и не толку е загаранитрана. Така да сегашноста е баш кога ти ке одлучиш, ама не и иднината.
    :)
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Самата кажа дека ние луѓето постојано зборуваме за минатото и иднината, во право си.Ќе надополнам, ние сме преоптоварени со мисли за минатото и иднината, постојано сме таму со умот, но не сме во сегашноста.Пример, како да мислиш дека некој те повредува, а во моментот/сегашноста всушност никој не те повредува.Умот постојано некои работи ги повторува, без разлика дали се реални или не.Тоа е целата разлика, меѓу минатото, сегашноста и иднината.Минатото треба да се остави, веќе поминало, не може да се промени, а иднината, за неа може да размислува човек, но не и да биде преоптоварен, за да не се разочара потоа од она што тој го очекувал, останува повеќе да биде поприсутен во сегашноста, тука и сега.За траењето на сегашноста, најверојатно тоа зависи и од самиот човек, колку со неа тој е преоптоварен.
     
    На angelche16, Lovely93 и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Колку што ќе ја живееш. Викаат живеј го секој момент од денот.
    Значи сегашноста трае цело време само зависи од нас дали сме присутни во неа или сме заглавени во минатото или преоптеретени со иднината.
     
  5. The.dreamer

    The.dreamer Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    8
    се пократко и пократко!
     
  6. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    644
    Цело време :wasntme:
    Штета што ретко кој ужива во сегашноста.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    За мене сегашност е овде и сега, местово каде што сум и она што го правам. Денешниот ден е сегашност. Вчера е минато. Утре е веќе иднина.
     
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Daa (y)(y)(y)
     
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Сегашноста трае еден миг се пред и после тоа е минато и иднина, но сегашност е само овој миг сега.
     
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Најмногу може да потврдиме всушност за минатото,односно за неговото времетраење,добро му го знаеме тајмерот и се низ што сме поминале притоа,додека пак сегашноста е овај миг кој го живееме токму сега со секое издишување и вдишување на воздух,а за иднина не можеме ни да помислиме дали ќе доживееме,кој знае,не на секој му предодредиле да ја дочека,затоа уживајте во сегашноста која е всушност само момент кој трае овде и сега:D
     
    На 2212 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Сегашноста трае во секој момент.
    Само ретко кој живее за моментот.

    Човекот се кае за тоа што не го направил. Никогаш за тоа што го направил.
    Е сеа многу зависи и од човек до човек. Ситуација до ситуација.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mesmeric

    Mesmeric Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Темава е од 2012. Кратко. Кратко трае очигледно. :|
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.