Најнова колекција на облека од таму и таму; потребна ми е чизма за да го поминам зимото, потребни ми се повеќе чизми; руменило, маскара, кармин и лак од таму и таму; бижутерија обавезно, на секое враќање од дома по едно прстенче; ноктите ми се ужас, потребна ми е надградба на нокти, а богами и наградба на коса; сакам нова физура, секој втор ден одам на фризер; неколку јакнички за зимо, неколку костими за капење за во лето... И многу други примери... Прашањето е колку вие трошете пари за вашиот изглед? На што најмногу трошите?
Во главно трошам онолку колку што мислам дека треба и онолку колку што ми е потребно да си се задоволам и да се чувствувам убаво, негувано и женствено. Меѓутоа со граници. Не се задолжувам низ продавници, ниту пак се протегам повеќе од должината на моето чергиче. Како прво, од облека го купувам тоа што ми стои убаво и пред се', си се осеќам удобно во него, а да се туфкам по брендирана облека - мало морген. Не се расфрлам со пари по облека, си купувам лека-полека, сега блузиче, после џемперче и тако даље, па комбинирам да не изгледа монотоно и као у стил да немам што да облечам, па да бидам во истите монотони комбинации - снаџи се, па живи. За нега на тело, си имам одредени колекции кои ми се приступачни по цена и не ги менувам. Е веќе, кога станува збор за лице - не штедам. Сепак лицето е џоа огледалце и се' што ставаме еден ден ќе се рефлектира некако (акни, бубулици, лишаи и други штетници), па сакајќи да не дојде до овие украси, скратувам од нешто друго, на пример нема да купам добра штикла/фармерка/дуксер месецов, ама ќе си купам квалитетен крем и пудра/коректор кои ќе ми траат со месеци. Не трошам премногу, а за да наведам конкретни цифри мислам дека е непотребно, a и не би моментално да правам пресметки.
Уфф... болна точка Секој денар (евро) што ги имам. Се водам по девизата колку по скапо толку поквалитетно а и така е... Па се случува од една плата да земам се на се 2 парчиња било козметика или облека ( читај цела плата) да се живи и здрави тато и мама... инаку банкрот одма
Толку колку што треба , колку што мислам јас дека ми треба. Се водам по паролата нека е и поскапо ако знам дека е квалитет и ќе го износам. Не претерувам и никогаш последен денар или евро не би го потрошила за мене (гардероба, шминка. Абе јас семеен човек си имам и сметки за плаќање ).
Јас трошам онолку колку е потребно. Никогаш не претерувам. Некогаш сакам да се почестам, да фрлам некоја пара, но ретко. Преголемо расфрлање не оправдувам, освен ако не си доволно имотен, да се разбереме. Пошо глупо ми е без везе да се купува толку многу облека и така да ти стои, да се жалиш дека нема што да облечеш, а пун ти плакар. Недостаток на креативност. Секој сака полн плакар облека, но не секој може да си го дозволи. Давам повеќе приоритет на другите работи Инаку си имам и своја шивачка, со која смислувам модели и комбинации. Женската многу добро си ја врши работата, морам да ја пофалам. На фризер одам многу ретко. Никогаш не сум имала проблеми со метил и никогаш не ми била изгорена косата. Одам некогаш за да ми ги поткрастат врвовите. Со козметика толку мн. и не се замарам. Повеќе внимание посветувам на препративната козметика, значи не можам без млеко за тело, гел за туширање и сл .таму. Имам се што ми е потребно, но не во големи количини. На пример користам само една маскара, немам 3 вишок. Само кармини и лакови што имам во поголем број Најмногу пари трошам на патики, затоа што често сум во нив и тражам квалитет.
Трошам толку колку што имам.Многу сакам да купувам и секогаш нешто ми фали.Никогаш немам се,така да секој заштеден денар ако немам нешто друго во план го трошам за облека или козметика.
Прилично сум штедлива. Гледам да го имам она што ми треба, ретко си дозволувам луксузен шопинг, затоа што финансиски не сум јака да можам да си приуштам такво нешто. Најмногу пари ми одат на фармерки и зимски парчиња (како капути) и чизми. Мора да се квалитетни, затоа што секогаш ги носам по неколку години. За тоа цена не гледам, гледам да траат. Маички, блузички, разни тракатанци купувам што поевтино тоа подобро, гледам само добро да ми стојат. На козметика не трошам многу, зошто скоро секогаш стандардно се шминкам и доволна ми е една двобојна сенка, римел, моливче и пудра.
Мене ми е срам вака да правам. Јас лани немав пари и го замолив татко ми капут да ми купи и човекот вика нема проблем бе, бар знам ова ќе те топли а не е како твоите партали безвредни Тоа е единствен пат да барам од нив за облека. Мене срам ми е навистина. За што работам ондак? За да трошам нивни пари а јас да се шетам и луксузирам и купам чизми од 10 илјади кои реално не ми се совпаѓаат со платата ама битно божем само тие се убави чизми во градов? Не го разбирам тоа. Инаку си трошам онолку колку што имам. Секогаш гледам да ја распределам платата пред се на трошоци за пат и храна, некој денар за излегувања и што остане е за облека, шминка, акцесорис итн. Не купувам скапи работи, секогаш гледам што поефтино да поминам, во последно време се научив да купувам што повеќе на попуст. Солун е закон за едно стотче тука може да купиш кожни чизми само или да купиш фармерки и чизми и тоа просечни, таму ќе купам и 10 блузи плус за истите пари. Еве баш денес купив лански чизми за 700 денари, во април купив чизми за 400 денари или пред месец дена најдов хулахопки на распродажба, пуста среќа за 100 денари секакви дебели хулахопки јеах. Значи добро ми оди со попустиве и кај се распродажбите таму сум и јас Порано кога не заработував трошев многу од парите на моите а сега и 5 денари ми значат. Дали сум станала скржава или го разбирам значењето на парите и сум поштедлива не знам. Битно пазам многу и секогаш барам парчиња за поефтино да поминам. Во последно време одам на квантитет но сепак си дозволувам и некад квалитет не дека само ефтино купувам, но тоа е навистина ретко. Може еден месец за облека, чевли, акцесорис да истрошам и 500 денари, а следниот на шопинг да истошам 10 пати повеќе, пари кои сум ги штедела. Нема правило, но битно е чергичето колку е долго, не се пуштам над него
Со оглед на тоа што се уште студирам и немам свои пари, туку земам од мајка ми а во последно време се почесто на шопинг ме носи свекрва ми (најдобра ми е знам ). Меѓутоа единствено нешто на што од секогаш сум давала пари се патики, во средно секој божји ден бев во патики па на мајка ми, а богами и мене ми беше битно патиките да се удобни, да не пропуштаат вода и сл. Најчесто купував Најк или Пума, по 3-4 илјади и можам да потврдам дека окулу 4.000 е највисоката сума што сум ја издвоила за обувки. Што се однесува на штикли, до пред 3 години, додека бев средно штикли носев само еден до два дена во неделата, па немав потреба да имам по неколку пара за разноликост, еден до два пара за сезона ми беа доволни. Не сум некој помодарец тежок и знам да си носам обувки и од пред 2-3 сезони, нормално ако не се апла ван мода, на пример не би облекла топуци, но рамни црни чизмички да. Штикли, значи салонки, сандали, чизми гледам да се со приступачна цена, под приступачна мислам да се максимум до кај 2.000, иако гледам секогаш да најдам поевтини, но доколку најдам нешто што навистина ми се допаѓа не би ми било тешко да платам 2.000. За облека, сум невиден манџија, сакам евтино а квалитетно и убаво, тешко ги наоѓам сите три нешта во едно парче ама се тера некако. Фармерки купувам од сегде, битно е да ми се допаднат и добро да ми стојат, а барем низ Скопјево никогаш не ми било проблем да најдам фармерки за цена окулу 1.000. Блузи, маици, кошули купувам од кај стигнам, калитет не гледам, туку повеќе ја запазувам цената, пре би купила две од по 400, одколку една за 800. Сакам да имам избор и алтернативи во гардероба одколку да имам неколку екстра квалитетни и скапи парчиња. И уживам кога купувам на попуст, абе милина ми е кога ќе видам цена 1.200 а јас сега плаќам 500-600. И да надополнам од гардеробава најскапи изгледа ми се јакните и капутите, јас сум терсене или стварно имам некој проблем во главава па незнам да барам капут или јакна, под 2.500 неможам да најдам никако, сум наоѓала ама не ми се допаднале, а криво ми паѓа кога ќе видам некоја од другарките со убав капут или јакна а ја купиле поевтино. За шминка и фризура, не трошам многу, пудра-течна и камена, некоја сенка, моливче, руменило, значи најосновни ствари, но ги купувам на „рати“ еден месец, едно друг друго, иако не користам некои скапи фирмирани производи, туку гледам да е добро и да има добра цена. А за фризер од кога престанав да се фарбам мислам дека мајка ми живна, тогаш секој месец одев да се фарбами трошев од 800-1000, сега одам на неколку месеци само да ги скратам врвовите.
Jaс најмногу ги обожавам попустите после сезоната . На пример едвај чекам да дојди септември и да изнакупам блузи на прерамки , шорцеви , корсети и фустанчиња . Не дека не купувам нешто од овие во сезона ама да биде со цена што мене ми одговара.. Многу се нервирам што кај нас е поскапо за разлика од другиве држави, а изборот спрема нив е 0 . Има убави работи само треба да бараш и бараш . За обетки сакам да носам и рачно изработени , цените му се прифатливи , а и ценам личен труд . Имам 4-5 рала поелегантни што ги носам за вечерни излегувања родендени и свадби . Рачни часовници колку сака нека се во мода никогаш не сум носела а нема ни да носам , убаво стојат ама треба да знаеш да ги носиш , мене едноставно не ми е таков стилот . Има и елегантни и спортски и секакви , знам .. aма да ми се клати на рака не За патики мислам дека трошам повеќе отколку што треба . Последните што ги купив не беа толку скапи колку претходните ама барем се исплати и овие не ми пропуштаат вода. Акцесорис за коса купувам само од оние цветчињана за коса што се , како пуфчиња и тоа само кремова боја за да ми одговара на косата , другите ми се некако детски За сандали и штикли си се опремив кога бев на екскурзија во Прага и мислам дека тоа ми беше најпаметен избор . Си купив едни сандали на платформа за 10 евра и 2 пара штикли и тие по 10 евра. Квалитетот им е супер , што ако ги купив од една кинеска продавница на излезот од државата, на граница. На фармерки морам да признаам дека не штедам оти најбитно ми е да го имаат квалитетот, да не се стеснуваат при прво перење и да не пукаат на рабовите. Барем мене ми се има случено тоа 2 пати Е сега за роденденов малце заштедата ќе се стопи ама тоа е , еднаш е полнолетство. .
Мене може одреден период да не ми текне ништо да си купам. Ич не знам да си распределам од типот на овој месец тоак е си земам пример козметика, идниот облека. На момент ко ке видам дека ништо немам, ме фаќа криза, и можам доста да потрошам. Ке ми текне дека се ми се потрошило, дека сакам нокти, дека сум стасана за постижување, дека црнките на лицето треба да ми се исчистат, дека не сум депилирана, дека сакам нова облека од глава до пети сосе чанта. Сакам се да сикупувам наеднаш и кевови сум дека се ми е ново, ама не може така Порано кога не работев, од дома ке писнам, може нема се ама од се по нешто ке ми земат. Сега ми е срам да барам за било што, шанса нема да побарам, и гледам колку многу се трошено кога мене ке ми текне се наеднаш да купам. Од облека, немам брендирана.. најчесто купувам повеќе поефтини работи, оти се наеднаш ми треба. Најмногу пари давам за штикли. Се нешто други сакам, со таква боја со ваква боја.. Од козметики си дозволувам убав крем за лице, и пудра, на нив не штедам. Моливчиња сенки и сјајчиња од кое ке ми текне, од поефтините обавезно земам. Исто доста трошам кога ке ми текне дека сакам нокти, депилации, чистење на лице и слично. Повеќе пари би дала наеднаш само за парфем. Е порано беше друго, сега кога сама работам да видиш како гледам и како знам дека не може се наеднаш. Ке се навикнам се надевам да купувам распределено, за да не се чудам после дали да излезам или не.
За облека и не трошам многу пари,освен кога ми треба нешто,но ми се случило да начекам убави работи,пример слабост ми се балетанки,за смешна цена од 10 или 15$ и си велам зашто да не земам?Mногу ретко да се случи тоа за облека, не се опседнувам со мноогу работи,како морам нови пантолони,маичка ова она,само тоа што ми треба A за козметика,се за нега на тело и лице сум опседната,но сепак држам граница,си собирам пари за тоа што го сакам и ке го купам
Купувам секој месец по нешто мислам ќе пукнам ако не купам, најчесто парите ги трошам на маици и козметика што декоративна што препаративна, фармерки одвреме навреме ако ми се фатат некои за око, кондури најретко, имам неколку пара кои ги носам од чизми, салонки и летни кондури кои се модерни повеќе сезони , не сум мераклија и не ги купувам, ептен ако начекам некој специфичен модел.
Си имам зацртано во главата дека јас кога ќе имам своја плата, тогаш ќе си трошам колку сакам и за што сакам, а додека ме финансираат мама и тато ќе бидам скромна. И така е! Секогаш ме караат за ова, но не можам јас да се луксузирам, а они да одат со старата облека и да работат макотрпно за јас секој месец ќејфови да си терам. Од облека можеби највеќе трошам за патики, чизми и јакна, но доволно ми е по еден пар да имам. Штедам од парите што ми ги даваат за на училиште и ги чекам попустите, па си купувам секогаш по нешто. Шминки не користам, но знае мајка ми да порача нешто од овие Орифлејм, Авон и сл. За парфеми исто мајка ми купува, а сјајчиња, лакови, дезодоранси е тоа јас пак сама си го купувам од заштедата. Нема нешто посебно на кое трошам многу пари.
^^ Многу добар пристап девојче, браво Така ќе уживаш уште повеќе од она што сама ќе си го купиш, и ќе си ги цениш парите што си ги заработуваш. Па, трошам за мојот изглед. Некаде на средина сум, би рекла. Во рамките на можностите. На облека не трошам којзнае колку, во последно време многу малку облека си купувам, прво што не ми се допаѓа скоро ништо, второ и она малку што ќе ми се допадне е прескапо во моментот, па чекам попуст. Ако го начекам, супер, ако не.....барам нешто друго. За депилација никогаш не сум штедела пари, нема ни да штедам. Некои други посебни третмани на лице и тело многу ретко правам, така да не ми се некои вообичаени трошоци. Правам надградба на нокти понекогаш, и тоа не ме чини многу. На шампони, маски за коса, фарби, млеко за тело, купка, и сите останати работи....не штедам, но не ни користам некои кои се многу скапи. Едно време многу трошев на парфеми. Сега се контролирам и трошам толку колку што треба За шминка......Не штедам кога е пудра во прашање, зашто лицето ми е најделикатниот дел, затоа мислам дека вреди на 6-7 месеци да дадам пари за нешто добро и квалитетно. И за маскара не штедам, зашто имам трепки со кои цел живот едвај излегувам на крај, и кои едноставно немаат заеднички јазик со секоја маскара (најтешко ми паѓа кога треба да дадам пари за маскара).
Ко за белја, за време на сите фамозни попусти кај нас - јас немам пари во тој момент. Не дека сега имам нешто посебно на пример, ама тогаш па ич, еве да речеме после Нова година и сите празници, а платата јануарска си доцни, си гледаш по излози и се враќаш дома тажно дете. Многу малку трошам. Посебно во оваа ситуација, немам образ, ниту срце да речам - мамо, тато, носете ме на шопинг. Ако мајка ми пројави самата желба да ми купи нешто, тогаш во ред. И дури и тогаш сум скромна и не претерувам. Доволни ми се 2 пара добри фармерки и некој пар панталони. Не гледам ниту да се марка, да се чувствувам убаво во нив и да ми стојат. Маички и блузи имам доволно, повеќе се ориентирам да речеме кон интересни џемперчиња, болероа, марами, шалови, за да ги комбинирам со веќе постоечката гардероба (а поголем дел ми е купена од времето кога сама заработував). Ниту чевли, ниту чанти ми се фетиш. Ништо гламурозно и прескапо или во преголем број. Посебно чанти, да се пребројам, немам веројатно повеќе од 6. И доволни ми се. Повеќе пари ми одат на козметика, иако и таму направив неколку рестрикции. А од шминките само внимавам на пудрата и руменилото, другото се' може да биде од пазар. Исто и бижутеријата. А нешто и сама изработувам. Кога ќе видам колку многу пари трошат други девојки на облека и козметика и чевли и парфеми, ама онака баш безмилосно се расфрлаат со пари, останувам ваква. И за прв пат во овој мој живот - немам коментар. Што и да кажам е... излишно.
Зависно од тоа со колку располагам и што ми е приоритет. Порано ,додека земав стипендија (цело средно ) а и кога одев на работа ,ги трошев сите пари ,до последен денар на облека ,обувки ,козметики и се останато. Никогаш не сум сакала да зависам од моите ,тоа ми е преокупација уште откако почнав да го осознавам светов воопшто и во секоја прилика што ќе ми се укаже се стремам да бидам самостојна. Но ,дојде време на рестрикции ,стипендијата заврши ,а јас ваму на студии ,како ли да им побарам на моите пари за да се подновам со било што? Од една страна сум имала потреба ,од друга страна - срамот голем ,кога сум била дете не сум им барала пари ,сега ,на 20 години!?! Арно ама ,свесни си се луѓето па сами си поддаваат по некој денар ,сепак ,тато не е Гејтс,јбг Спојлер А јас такво сум си ,морам да купам по нешто ,не мора да е којзнае што - нека е еден лак за нокти од 30 денари или штипче од 10 ,битно ново да е. Вложувам колку што ми се можностите ,целам кон Месечината по уникатност ,а не по бренд или пет-шест цифрени цени. Фармерки наоѓам просечно за 1200 денари ,блузи - 500 нека се ,чевли - до 1700 ,чизми - максимум 2400 имам дадено ,макар да минатата година зедов едни најслатки на попуст за 800 ( и повеќе пати ми се носени од тие што вредеа 2400). Капути ,вентијаги ,кожени џакетки ,на тоа трошам најмногу . Не ги купувам скапи но ако начекам попуст земам два за 3000 ,произволно да се каже. Често поради лошењето што ми го предизвикува синдромот на фотокопија ( две или повеќе исто облечени фаци) си купувам материјалчиња или ги коритам оние што им заостанале несошиени на моиве па си шијам нешто оригинално и далеку од тоа што ги имаат сите. Ем поубаво - ем поевтино Парфемот кој си го користам е 500 денари ,редовно ставам туш ,максара ,моливче и сјај ,така да не ми бега тешка пара во тоа (барем сега ,кога имам залихи за 200 наредни години после неколку големи сметки во Авон ,Орифлејм или локалниве парфимерии ) и што е најважно - укапирав што ми е најважно. Не е стварта сега да земам портокалова сенка за очи ,да ја платам некојси 200-300-повеќе денари ,а никад да не ставам од неа ,сфаќате? Патики оригинални не купувам ,имам став дека нема потреба да правам сметка од 4-5000 за една (добро ,две ) работа кои ионака ќе ги заменам догодина ,не дека ќе ги оштетам ама ај До кај 1400 давам. Повеќе - ако ме натераат да си ги ококорам очите вака од восхит. Чанти поскапи од 700 не би зела ни мртва ни луда. Заклучок - скржава сум ,сакам со еден удар да отепам не две туку седум муви и со 100 евра да имам полн гардеробер со нови партали
Најмногу пари трошам на фармерки и пудра. Сметам дека пудратата треба да биде најквалитетна од шминките, додека за фармерки имам проблем со броевите. Полничка сум, башка се ми се собира во задница и обично фармерки можам да најдам во Tommy Hilfiger и тоа во Солун. Пред месец дена неможев ни таму да најдам, па се потепав барајќи низ Космос и едвај најдов. За друго не се преокупирам многу со трошење, чизмички, капутчиња, маички (посебно) може и поевтино, ама убаво да изгледа. Сепак сум малку комплицирана кога е во прашање купувањето, многу сум пребирлива - сакам да е убаво, квалитетно изработено а евтино. А тоа нема никаде Парфемот пак, ми е поскап - Bvlgari Omnia Crystaline, со години истиот го ставам и не ми е доста. Се на се, трошам колку што имаме, сепак живеам од платата на татко ми. Кога ќе заработувам сама верувам дека ќе трошам помалку....
Не барам многу, зашто не заработувам. Не дека сум нешто презадоволна и радосна од тоа што го имам, ама можам да се пофалам дека сум снабдена. Ништо не ми фали, но сепак би дошло добро да се подновам со нешто. За патики не сум дала повеќе од 1.500 искрено. Пошто ногата уште ми расте, а и нон-стоп сум во патики па лесно стануваат партали. А и го немам јас тоа срце „Дај ми 3 или 4 илјадарки, мамо/тато за да си купам конверс, најк или адидас“ . Ајде, можеби ќе испаднат квалитетни, ама сега ми се таман - другата сезона малечки, а сакам удобни, а не да ме стегат. Фармерки купувам од околу 1.200. Имам повеќе фармерки купено и од 700 денари - на попусти. Блузи, маици - имам од секакви цени (но не од скапи, да се разбереме). Немам дадено над 1000 за една блуза. Гледам со мама кога излегуваме во шопинг да истеглеме поевтино, а со повеќе маички, блузи. Имам една маичка од 150 ден., ама летово ја утепав од носење. Зависи кога ќе фатам. Балетанки имам купувано од околу 1.200, 1000. Ништо повеќе. Сега не купувам балетанки, оние на пролет ги купив 800, а одма ми се расипаа, па ќе чекам другата пролет, и бестоа сега преминувам на чизми. Инаку, заборавив да кажам дека патики во моментов имам 2 пара и плус едни старки (ама не ги носам, малце се пукнати од страна, па за до продавница, маало ми се океј). Чизми имам до над глужд некоја темно црвено-кафеава боја, имам до под колена црни. Имам угг чизми црни, баш се убави, а се сеќавам со мајка ми ги купивме 150 ден. од Џордан, ама тоа беше одамна. Имам уште еден пар црни, ама ич не ми се убави, ги носам само кога има снег зашто ни пропуштаат ни ништо. Имам и кафеави со некои интересни црвени, темно зелени, кафеави парчиња во форма на цветови и нитни низ нив. Паа, речиси сите ми се од Швајцарија (од тетка ми), а стварно многу добар квалитет се. Немам појма од каде ги има купено, ама лани цела зима ги износив. Оние кафеавите и они не пропуштаат снег, а ми се од мама кога имала тенка нога на времето. Пред добри 10/12 тина години. Инаку, многу парчиња имам од тетка ми од Швајцарија, така да тука не сум ни имала некој онака, голем шопинг. Инаку, најчесто од таму ми купува зимска гардероба - капути, јакни, палтенца, сакоа, чизми, џемперчиња итн. Имам едно палто, розево, ама долго, една педа под газ. Го купив 800 денари на намаление, а на половината има и една врвца како коланче, па се остручува убаво кога ќе си ја заврзам. Има и капа. Инаку имам околу 2/3 јакни и 2 капути. Дури и многу ми се, ама нели, кога ти ги носат - не се жалиш. Затоа, не ни правам многу трошоци на мама и тато, зашто сепак се задоволувам со тоа што го имам. Има време да купувам што сакам и колку сакам, ама тоа ќе биде кога ќе заработувам сама. За шминка - не трошам пари. Имам четири комплетчиња сенки. Едното од мама (зашто она не користи шминки заради очилата (за вид), па демек и бестоа не се гледале сенките од очилата, бла бла). Другите се детски шминки внатре со еден дел сенки, друг дел сјај за уста, и третиот дел руш (овие се исто од тета). Третите ми се од роденденот годинава од една другарка. А, четвртите ми ги купи тато исто за роденден. Инаку, не користам сенки, ама ми стојат запечатени за понатаму. Имам едно моливче за очи, една маскара која ни’ се падна поклон од авон, инаку, искрено, немаше да купувам. Имам неколку сјајчиња, некои за роденден, а некои јас што сум ги купувала. Секогаш гледам да заштедам нешто, па да си купам. Еве, сега од екскурзијата што ми останаа пари - 500 си земав за мене, па ќе штедам уште, да видам до колку ќе издржам. Така да, не сум некоја која купува секој месец различни парчиња, а плус да се скапи. Се додека сум под покривот на мајка ми и татко ми, нема разбацувања. Па, треба да се научиме на малце скромност.
Не трошам, бидејќи не заработувам. Фармерки купувам стрикно кога се на попуст, исто и патики, маици кога ќе најдам некоја што ми се свиѓа. Чизми купувам од година у година и избегавам да лупам пари, посебно ако гледам дека се лепени. За јакни не штедам, купувам една и ја носам 2-3 години и тако даље...