1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку трошите за вашиот изглед?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Magnolija, 12 октомври 2011.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Зависи колку ќе ми дадат толку |( , а најмногу на алишта трошам ;)
     
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас трошоците за целокупен физички изглед би ги поделила во неколку категории:

    1. Трошоци за шминки, козметички третмани и фризер
    Во глобала земено, скоро и да не трошам многу на шминки, да не речам воопшто. Така ми се склопија коцките и многу ми е мило.
    Имам блиска роднина која е зачленета во АВОН, секогаш производите ги добивам на попуст, а не ретко и на поклон. Искрено, задоволна сум од квалитетот на АВОН.
    Имам и братучетка која работи во странство, па и таа нон-стоп ми носи козметички производи и сетови. Дома имам козметика за до крајот на животот- сериозно хахаха :)
    Е сега, сама си купувам туш, римел, по некој кармин и пудра. За пудра сум подготвена да дадам повеќе пари, бидејќи навистина ми е важно како ми одговара на лицето. Не ми е сеедно да ги лупнам парите, ама и онака ја користам подолго, а и имам чисто лице, па не ставам многу. Кармините, сакам да ги менувам, а најчесто ги купувам оние од Голден Роуз или Авон- бидејќи ми се допаѓаат нијансите и текстурата.
    По некоја груба пресметка, би можела да кажам дека на ова трошам 1100 денари на секои 4 месеци (пудрата ми трае и подолго).
    На козметичар не одам скоро воопшто (освен ако не фатам некоја понуда на групер хаха). Немам проблеми со лицето, сама се чупам, сама се депилирам, си имам дома препарати за третмани и нега и така си терам. И искрено....многу ми е убаво.
    На фризер одам на еднаш на 3 месеци. Само за да ја потскратам и освежам косата. Сама се фенирам, пеглам, виткам итн,итн.
    Гледате колку сум скромна 8)

    2. Трошоци за чевли
    Сакам да купувам чевли, но гледам да ги купувам по некоја понормална цена. Тоа би значело на некој попуст или од некоја локална продавница- каде што цените не се толку солени.
    За патики давам пари, подготвена сум да платам и 5000-6000 денари, но јас патиките ги носам долго време и воопшто не ми е криво.
    Сепак, би дала повеќе пари за квалитетни чизми, но, сега кога почнав да работам, не сакам да барам од моите....а со мојата сегашна плата, ќе си купам скапи чизми и ќе свирам.
    Балетанките, гледам да ги купувам по најниска можна цена....секогаш ги фаќам на попуст.

    3. Трошоци за облека
    Јас сум ти махер за попусти и за наоѓање ефтини работи. Многу ми е кејф кога нешто што било релативно скапо, ќе го купам за преполовена цена. Моментално сметам дека треба да си докупам некоја јакна, еден-два џемпера. Тоа ќе помине и без попуст :doh:
    Би дала пари за јакна, другото сметам дека не вреди....Секако дека понекогаш марката е психолошко задоволство, но сметам дека се’ има соодветно добра и поефтина замена.

    4. Трошоци за аксесоари
    Дело од накитот си го правам сама, дел од накитот ми е од мајка ми, дела од накитот ми е од бижутерии и дел од накитот ми е од кај Бугарките хаха.
    За ташна би дала доообри пари (но кога ќе имам стабилна плата) мислам на Мона или Фурла ташни, до тогаш ќе си купувам по бижутерии и ќе начекувам попусти :D
    Во бижутерија не би дала повеќе од 800 денари за ташна, едноставно поради тоа што истите ташни ги носат од кинескиот пазар во Грција и од Шутка, па пре би да си ги купам од таму.
    Макпримат имаат добри и квалитетни ташни, за кои вреди да се дадат пари а се солидни со цените.

    Значи, јас би резимирала.....јас сум доста штедлива! Носам убави парчиња од небрендирана облека, а сакам брендирани парчиња, но кога истите ги купувам на попуст.
    За некои работи сметам дека вреди да се издвојат пари (пудра, чанта, часовник, чизми), додека се’ друго има соодветна супститут.
    Не сакам да ги оптоварувам моите со непотребни трошоци, па си трошам онолку колку што имам.
     
    На Sanniii, crazylady, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    За шминки, не трошам многу.Маскара купувам отприлика на 3 месеци, малку поспака ама голема е тубичката и трае долго.Сенки имам неколку во боите што сакам, а и онака не експериментирам со тоа многу.Пудра речиси и не користам, единствено перли кои исто така ми траат барем 3-4 месеци.

    Козметика, ни тука не претерувам, имам два лосиони за тел, крема за раце, еден дезодоранс и парфем, лакови за нокти околу 5-6.Никогаш не купувам бои што знам дека еднаш ќе ги ставам на нокти.Единствено можеби за производи за коса давам повеќе.

    Облека.Е тука морам да признаам дека најмногу се вадам на сестра ми-она работи, носиме ист број, имаме ист вкус, све је њено, моје :D А и јас си купувам чат-пат по нешто што ќе ми фати око, некогаш од моите, некогаш од собрани пари.

    За чевли, не можам да се вадам на сестра ми, тука вкусот е различен.Балетанки признавам дека имам во огромен број, претерувам, штикли имам таман, во боите што ми треба.

    Се на се, кога ќе размислам навистина не трошам многу, или барем ретко одеднаш.Секој месец по нешто и така се опремувам :)
     
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Неможам да се пофалам дека сум нешо уау штедлива, бидејќи не сум.

    Од козметички препарати, за лице користам од Грин лајн и кремот ми трае месец дена, а тоникот и гелот од 2 до 3 месеци.
    Млеко за тело со години наназад користам од Нивеа и веќе ми е навика.
    За парфем, тоа се купува по иницијатива на мајка ми, а се одбира по моја желба. Моментално го имам Џими Чу.На козметичар одам еднаш месечно за депилација и нокти, а за веѓи на 2 недели али немам проблем и сама да ги средам. Фризер посетувам на месец и пол за кратење на косата, а ретко се дешава измеѓу да сакам нешто..пример плетенка или шознам.
    За шминка не трошам многу пари, пошо не се шминкам често, а скоро цела шминка ми е од Макс фактор.
    Сепак на лице не се става шо било.
    За облека, за некој работи се вадам на мајка ми, пошо таа фура младешки стил и носиме ист конфекциски број.
    Најголем дел од облеката ми е од Спрингфилд и Бершка.Но се наоѓа и поефтино и поскапо. Зависи што колку ми паднало во очи.
    Дуксерици,тренерки,патики сакам скапи. Рокси,Најк,Адидас,Конверс.
    Чанти, такоџе. Според мене, чантата и обувките се најбитни.
    За штикли не трошам многу пари иако би сакала да трошам, но се познавам себе си дека не носам штикли, така да инвестирам во рамни чевли.
    Бижутерија имам многу, посебно убетки и ден денес купувам, а не ги носам. Пошо воглавном не сакам бижутерија, не љубам китење.
    Друга работа за која што сметам дека треба да се издвојат пари се очила и часовник. Очила имам едни, рејбанки веќе две години и часовник од Мис сиксти и толку.

    Се случува месец да не купам ништо од различни фактори, наредниот да има голем шопинг..некогаш само некое парталче.
    Зависи каков е семејниот буџет за месецот, кои се трошковите и тоа е тоа.
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    За облека трошам колку имам заштедено,од роденден, од пари што ми даваат за на факултет, а и баба ми и дедо ми ме финансираат од време на време, па тие пари ги чувам, за да не барам од моиве, жал ми е, што знам...
    Добро, се случува и да им побарам секако кога не сум баш при пари,а ми треба нешто итно, ама гледам тоа да го сведам на минимум и не памтам кога последен пат сум им побарала.
    Најмногу имам дадено за Најк патики, 6000, и тоа ЕДНАШ у живот ми се има случено и тоа пак беше со пари што ги имав собрано од роденден и матура...
    И сеа за зимава што зедов чизми исто беа поскапи, ама знам дека ќе ги изнаносам.
    За фаќање попусти сум антиталент, никогаш не фаќам, или па само што ке купам нешто тогаш се снижуваат цените.

    А за бижутерии и козметика се со мои пари. Се шминкам стандард, у смисла не ми треба повеќе од пудра, креон, маскара и лабело. Имам доста други шминки,сенки и кармини за кои сум давала повеќе пари, ама не знам со која цел кога не ги користам скоро никогаш...
    Најмногу пари давам за гелови за туширање и за млека за тела. Овие вториве не ги употребувам сите што ги имам, ама не можам да одолеам и само купувам.
    Е овде е плус што мајка ми кога си нарачува за неа свашта од Авон ми нарачува и мене пилинзи,спрејови за тело, маскари и се тоа она плаќа, демек ме части за нешто, секогаш смислува причина..

    Не ми е лесно баш да се снаоѓам со заштедениве пари, ама па од друга страна да им барам на моиве нон-стоп не сакам, така да здравје кога ќе заработувам, ќе ми биде полесно. :)
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    порано трошев многу буквално многу секоја недела скоро на шопинг но кога моите видоа дека немам кочници решија тие да ми ги кренат да ми стават граница потоа сватив дека задоволството и среќата не е во тоа и сега се прашувам зошто сум трошела како луда пари но ете |(
    сега повеќе заштедувам се одржавам нормално стандардно што на секоја жена му е потребно без претеризам облека нормално не како порано (колку да се има а ако се стави еднаш) најповеќе пари трошам за обувки и палта од тоа неможам да се откажам макар и на бесилка ме ставиле :D
    ех моја луда главо важно сега знам многу многу повеќе да ги ценам парите од порано и да ги користам за стварно потребни работи на пример сега да си платам курс по книговодство(нешто што вреди да вложиш во себе и за себе) :rock:
     
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    па искрено тросам многу :^) се сто собирам парите за тоа ми се за сминки облека се за вакви работи
     
  8. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    ептен сум скап за одржавање ^_^
    секој месец одам на шишање и тогаш трошам : 300ден за шишање +100ден за чупање + 700 ден си зимам гума за коса
    за облека исто така трошам многу а најмногу на фармерки и на патики
    а да не правиме муабет за исхрана за да си го одржувам телото колку ме кошта на месечно ниво ххх уствари не мене моите ги кошта :D
     
  9. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Не многу. Млада сум па сеуште ни немам свое козметичко катче, го користам на мајками.
    Облека купувам два пати годишно, онака вистински шопинг, со полни кеси да се вратиш дома, а другите две сезони, чат пат ако загледам нешто во некоја продавница или на пазар.
    Фризер посетувам два пати годишно :tmi: , за потшишување, и за некоја поспецијална прилика, фризура.
    Парфеми се купуваат кога мајками ке одлучи и по нејзин избор (добро е што има добар вкус)
    И тоа е.. За разлика од моите врснички, баш сум лесна за семејниот буџет.
    Е сега кога ке тргнам на факлутет, ке мора да го одврзат кесето :D
     
    На Monchence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Факт е дека трошам повеќе на изгледот како што растам.
    Ако до пред некоја година сум имала некоја сума, сега е двојно зголемена. Потребите се поголеми.

    Најмногу трошам на чевли, зошто сум специфична многу за нив, не носам патики и сл. па изборот ми е ограничен. Плус, трнувајќи од фактот што сме жени, ни требаат чевли за секакви прилики и секакви временски услови.
    За облека трошам нормално како секоја девојка. Купувам на попуст, а во меѓувреме може да си купам некое парталче што ќе ми влезе во очи.
    Во козметичко и фризерско студио оставам пари еднаш во два месеца. За мене е доволно.
    Другите работи мање-више небитно. Купувам по потреба, и имам толку колку што треба.

    Значи, не сум некој голем трошач. Умеам да располагам добро со парите, за да имам на крајот на месецот како што имам и на почетокот.
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Баш сега си правев некои математики што ми треба да си купам и колку пари имам на располагање! :?:
    Секогаш предвреме си ги распределувам парите, оделувам пари за храна и излегување, некој денар за заштеда што ќе ми се најде како бонус кога најмногу ќе ми треба и останатите пари ги трошам за облека, по некоја шминка, обувки, ташни и сл! Ако овој месец си купам пример фармерки, блуза и џемпер, наредниот месец од наредната плата си купувам чизми и ташна, некој накит и сл! Поточно си правам план кога што ќе купам! Да бидам искрена тешко можам да одолеам на убаво парче облека и знам да се послужам со опцијата повикај пријател овааај родител! :$ Ми дават и моите скоро секој месец по некој денар!

    Не купувам брендирана облека а и од шминки купувам само основни и не многу скапи производи (единствено пудрите ги купувам почесто додека другите производи како сенки и руменила ми траат по подолг период)!
    Косата исто така сама си ја средувам (освен за шишање) а на козметичар одам само за депилирање и понекогаш на третман за лице!

    Воглавном за мојот изглед трошам толку колку што имам, но пред се со план и засега платата ми е доволна за да ги задоволам моите потреби и желби!
     
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Кога ќе размислам сосем нормално. Прва работа најглупаво на свет ми е на моите да им барам пари за се и свашта. Не работам редовна работа, ама затоа пишувам семинарски, правам накит и понешто си заработувам. Во средно имав стипендија и тие пари ми беа баш мои, а сега се надевам и на факултет ќе земам. Бидејќи најчесто одам да купувам со мајка ми ако се понуди она да ми купи нешто океј, ама јас да ја тегнам за ракав и да се дерам Мамо, ма ајде купи ми го и ова...Никогаш. A имам видено девојки што се однесуваат вака.

    Мајка ми секогаш се води по Квалитет пред квантитет, ама денес искрено никаде и нема некој квалитет. Ако има не ми е жал да дадам повеќе пари на нешто што трае и нема да се распадне по три перења. Поштено си чекам попусти затоа што 990 денари за една обична маичка со сликичка, свака му час на мозокот на тој што ја купува. А марка ко марка апсолутно ништо не ми значи.
    Ептен сакам накит, марами и слично ама уште еднаш велам многу пари за ова не се даваат. Во Аксесорајз на пример, ми се допаѓаат 90% од работите ама за едно ланче 700 денари не се даваат. Па за 3 недели избледува. Затоа си одам на Битпазар, Цигански пазар си земам повеќе ствари и си ги преправам. Ем ефтино ем уникатно. Плус и сама си правам накит.

    Дополнително имам многу работи од мајка ми и баба ми. Некои ги носам како што се, некои ги преправам и излегуваат прекрасни.

    Не сум зависна од шминка и со мајка ми ја делиме, така да тука не одат многу пари. Имаме сличен вкус за парфеми и искрено одамна не сме купиле парфем, цело време на поклони добиваме, од матура јас можев комотно парфимерија да отворам.

    Се на се, прилично сум штедлива и снаодлива за мојот изглед. Во план ми е да научам и да плетам и шијам, што исто се исплати.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Со парите кои ми се на ситно располагање, трошам онолку колку што ми е потребно,а некогаш и за тоа потребно чекам и со месеци.
    Во месецот единствена неизбежна работа на која мора да се потрошат пари ми е средување на веѓи и интимна депилација на козметичар и нормално рексона и шампон.
    Друго све ми е бонус и купувам само кога ќе се потроши 'материјалот' и кога по некоја случајност заштедам повеќе пари купувам 'за да имам'.
     
  14. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Јас не трошам многу за да се дотерам :P
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Ако направам некој просек месечно трошам околу 2000 денари. Се разбира понекогаш е помалку, понекогаш повеќе. Не купувам скапи работи, си имам лимит до која цена може да ми биде едно парталче и се придржувам до тоа.
    Шминката исто влегува во месечниве пари, ама нели повеќето работи ни траат повеќе месеци, па не епотребно секој месец подновување иако признавам секој месец си купувам карминче :wasntme:
     
  16. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Па бидејќи не заработувам, не можам да кажам дека трошам многу на мојот изглед. Купувам најчесто на попуст и понекогаш нова колекција. Мојот џепарлак го трошам најмногу на накит и шминка.
    Од шминка молив за очи купувам кога ќе ми се потроши исто за маскара и за се останато, во принцип 3-4 пати годишно. Лакови купувам кога стигнам ако ми се допадне бојата одма го купувам. Накит најчесто на попуст начекувам. На козметичар не идам, веѓите сама си ги средувам на депилација одам многу ретко и за тоа сама се снаоѓам.
     
  17. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    И јас најмногу пари давам за патики :D
     
  18. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    онолку колку што ми пружаат можностите сепак не дека моите немаат пари ама имам осет
    тоа што ми треба тоа, отповеќе работи има колку да сакаш ама за без потреба некој глупости не купувам иначе знам да си се почастам со еден убав пар штикли имам премногу а ретко ги носам
    цело време купувам патики... секој месец шо се вика... неможам да ги пазам некако незнам зш :D
    најмногу на патики!
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    онолку колку што имам пари, а ако има повеќе, токаш купувам онолку колку што ми е потребно.
     
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ниту премногу,ниту премалку си трошам умерено со тоа што секој месец морам да имам по некое ново парче облека и секако козметика од Авон. Мислам дека најмногу на козметика трошам. :wasntme: