1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку трошите за вашиот изглед?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Magnolija, 12 октомври 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Толку колку што ќе се сожалат моите :lol: Бидејќи не заработувам, а моите имаат многу давачки неможам да си дозволувам многу многу, но сепак имам доволно за се што ми треба, чат пат и за некој луксуз.
    Козметиката не ме чини многу, а ми е преоритет, пред облеката секогаш, поважно ми е тоа. Пудрата ја купувам поскапо но ми трае неколку месеци, терам и до кај 5, и парфемите, премногу пари трошам на тоа, ама пасија ми се :sweat: Маскара, моливчиња, карминчиња тоа се некои ефтини работи од 100-200 ден, и тоа не ги купувам секој месец, туку на два месеци или ако начекам нешто акција. За тело исто не користам многу препарати, се мачкам со вазелин (кој ми го набавува мама од работа) или млеката за тело Елдена бидејќи ми се најубави, гелови за туширање џонснс, шампони такви работи исто купувам на неколку месеци. Што значи дека ни 500 ден месечно не трошам на козметика, ама кога ќе снема се во исто време тогаш е страшно :lol:
    Посета на фризери, козметичари... немам јас такви трошоци, фризер строго еднаш годишно кој ме чини 200 ден.:lol:
    Чевли, патики купувам еднаш годишно или пак еднаш во две години затоа што многу слабо носам патики, но сакам да ми се квалитетни, па не жалам ако отидат едно 3-4000. Исто и чизмите, сакам да ми држат топло, да не пропуштаат и да се квалитетни, лани си купив едни чиста кожа 2000 де, втора година ги изнаносев. Додека пак за штикли и секојдневни обувки, не трошам многу пари. Гледам да е нешто до 1000ка и купувам еден пар во сезона, освен ако не начекам исто некоја акција, плати едно земи две или многу ефтини штикли, на пример лани во аванти имаше пар штикли и тоа солидни модели за 400 ден, па грев е да не купиш во сите бои :lol:
    Облека, за капут да, вреди да платиш поскапо исто и за јакна, затоа што ќе ги убиеш од носење по неколку години, ма да исто немам дадено многу пари, сум нашла квалитетни капути и за 2000 де, бидејќи купувам обично на крај на зима кога се најефтини. Другата гардероба ми е навистина ефтина, фармерки до 1000ка, маички за цени до 500 ден, кошули исто, фустанчиња се тоа... Едноставно не ми оди за обично парталче да дадам поголема сум, само за фармерки што би дала до 1000 ден или за пролетни јакнички до 1500, за друго нешто нема шанси. Шопинг во Солун можам да си дозволам еднаш годишно бидејќи е навистина ефтино кога има попусти, не е од луксуз работава, се исплати да отидеш и да се изнакупуваш работи од 3 до 10 евра. Немам значи некои си скапи работи во плакарот, купувам ефтино и на попусти. Уствари имам некои поклончиња поскапи :P
    Чанти, неам чанта поскапа од 500 ден, сум имала среќа да начекам убави чанти за тие цени, по бижутерииве се изгор, во шутка ефтини, а може да се најде нешто убаво. Не ме влечат многу ташниве и онака ги носам ради реда.
    Накит, се од ebay за по 1$, одкако го открив тоа немам купено никакво парче накит. Бижутерииве ги поминаа сите граници со цените, незнам само кој им купува. Исто открив и една продавница за монистра, каменчиња и се за изработување накит па може и со тоа да се познимавам.

    Ова е во границите на моите можности, но и кога би имала повеќе пари не би ги трошела на парталчиња и скапи чанти и штикли. Не ми е логично да палаќам нешто скапо кога можам да го најдам и за поефтино.
     
    На crazylady и anabel-a им се допаѓа ова.
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    5.524
    трошам и тоа многу.најмногу трошам во козметичките салони и дерматолошки ординации.е таму оставам цело богатство.ги посетувам барем трипати во месецот.потоа за козметика.а за гардероба до сега не знам колку сум потрошила.во гардероберот повеќе немам празно место.тоа што ми се допаѓа и го купувам.
     
  3. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    Хмм читајќи ги коментарите се двоумев околу тоа да дадам мислење,јас неможам да се вбројам во оние скромните иако се сметав за таква :^) .. Искрено си дозволувам така малку поскапи работи,козметиката од причина што сепак ја нанесувам на кожата а плус малце ми е поосетлива и затоа морам да купам некоја поквалитетна.Гардеробата..хм .. ако ми се допаѓа не гледам многу на цената но сепак не сум некоја што неможе друго освен брендирана облека да носи,напротив носам и поевтина облека ако навистина ми се допаднало.Штикли и чевли купувам многу и секогаш џабе купувам само ги поклонувам :| ..едноставно ми се допаднат и прво носење јас неможам една недела на нога да си стапнам неможам да си погодам удобни и затоа решив да не купувам многу туку поретко но квалитетни..Најмногу пари трошам за парфеми но неможам да одолеам :inlove: ги сакам ги обожавам и сакам лимитед едишн да поседувам...сума сумарум трошам сигурно би рекле многу но јас би рекла нормално,сепак ги заработувам но и со љубов ги трошам :?:
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу за чанти и чевли само купвам купвам и пак мислам дека немам све да ми одговара на секоја гардероба |( овај месец само 3ташни мајками ќе ме убиеше претерав но сега ќе намалам доволно е имам осет барем :worried:
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Тоа е во договор со мајка ми,зависи како и се распределени парите однапред и колку може да ми даде за да купам нешто.
    За алишта ми е најмал проблем бидејќи не сум зависна од скапа облека,далеку од тоа дека не би носела арно ама неможам да си дозволам, плакарот ми е полн со алишта од некои скромни цени и имам се,за лето,зима итн.
    Патики имам моментално два пара,едниот пар ми се оргинал ама од пред 3год и уште ги носам, другиот ми се од 500ден ама убави ми се и си ги носам.
    Штикли имам 5 пара,имам и за зимо и за лето,кога сакам да купам нови прво седнувам со мајка ми и и кажувам доколку имаш сакам да си купам нови штикли и тука се договараме,пример ќе ми каже овој месец немам ама за следниот ќе се договориме и така. Имам балетанки ефтини од продавницата на Бит Пазар Новата 2 пара а имам и сандали ниски за во лето.
    Парфеми имам многу,некои поклон,некои што ги купила мајка ми,имам 1 оргинал и тоа е.
    За шминки не трошам многу,користам ефтина пудра ама погодена ми е,ми покрива и плус не ставам многу бидејќи немам потреба.Маскарата и креонот ги користам подолго,максарата и по 3-4 месеци додека не се исуши бојата,ружот исто така заборавам кога сум го купила бидејќи не се троши воопшто. Истото ќе го кажам и за тушот.
    Некогаш кога имам некоја заштеда знам да си порачам нешто од Авон и така се надополнувам.
    Бижутерија и такви работи имам многу,не знам од кога не сум купила.
    Лакови од Бит Пазар по 30ден незнам ни самата колку имам.
    Млеко за тело,дезедоранси против потење и такви работи делам со мајка ми.
    И тоа е од прилика
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу. Се нешто ќе ми се засвиѓа и ќе го купам. Ми требало или не, само го полнам плакаров често и непланирано. Најмногу на гардероба трошам, потоа се останато.
     
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Па многу, морам да признаам, иако повеќе трошев порано, додека работев и заработував. Е сега е поинаква ситуацијата, ама кога и да имам пари, одма ги трошам, значи нема шанси да заштедам ни денар :lol: Најмногу трошам на облека (се разбира) и козметика, која сакам да биде квалитетна од причина што се става на лицето, а особено маскара, сенки и такви работи што ги ставам на очи. И пудра мора да имам квалитетна, тука нема збор. За облека, порано купував и поскапи работи, не гледав цена, ако нешто ми се допаѓаше, го купував веднаш, па така имам некои поскапи и убави работи кои ги носам со години, до ден денес ;) Знаев и често за викенди да тркнам до Солун :o Кога ќе ми текне колку сум трошела, ми иде да се запалам :lol: Сега повеќе ги загледувам цените од порано :!: Што да се прави, невработеноста мава на џебот :^) Знам да купам и евтини работи, маички и сл. ако ми се допаднат, баш пред некој ден си купив фустанче за 450 ден и широки пантолони (шалвари) исто за 450 ден. и ми се најубави :inlove: Ама па, од друга страна, кога купувам евтино, повеќе се лажам и повеќе купувам, ќе си речам еј маичкава 250, џабе е, па еј фустанчево 400, ај и тоа ќе го земам, па чекај панталониве за 500, дај и тие, евтини се :tmi: И кога ќе видиш, пак многу трошам :wasntme: Ете така, тоа е

    Едит: Најважното го заборавив! Чевли! Покрај облека и козметика, третиот порок ми се чевли (па и чанти)
     
  8. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Може да се каже дека трошам прилично многу.Што се однесува до гардероба нема излегување во град,а мене нешто да не ми се допадне.Најчесто тоа се некои маички или џемперчиња.Голем обожавател сум на фармерки и мислам дека никогаш немам доста и годишно обавезно купувам по 4-5 пара.Што се однесува до штикли и тука малку сум скарана со имањето усул.Си имам зацртано дека на секоја комбинација мора да имам штикли што ми одговараат па сега веќе немам место каде да ги чувам сите штикли :lol: Со ташни не се замарам нешто многу,ги имам најосновните бои и си ги комбинирам на повеќе комбинации.Накитот најчесто ми е поклон зошто јас многу не обожавам да се кинџурам.Кога станува збор за шминка морам да признаам дека сум опседната со неа.Ги имам сите можни нијанси на пудра,од најсветла што ја користам зимно време па до разни варијации на потемна за летен период.За шминки не штедам пари зошто битно ми е што ставам на лице.Најчесто купувам моливче за очи и маскара зошто нив најбрзо ги трошам.Млека за тело и парфеми купувам само кога навистина имам потреба за нив и тоа постојано ми го купуваат моите.Сума сумарум доста трошам на изгледот и што е најтрагично речиси се ми купуваат моите,а јас си купувам нешто само кога ќе успеам да заштедам некој денар :)
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас отсекогаш сум се водела по поговорката дека си ги спружувам нозете онолку колку што ми е долга чергата, поише не ни можам. :)
    Затоа што не заработувам, туку зависам од моите дома, и се што е поврзано со мене (образование, изглед, џепарлак, одмор) зависи од нив, така да дај шта даш. :lol:
    Пред некоја година се ми се сведуваше на минималец, ретко кога обновував гардероба, се случуваше дали 2-3 пати годишно, а веќе последниве 2 години во нагорна линија оди се што е поврзано со мојот изглед, абе се приметува, не може да кажам дека е исто ко порано. И тоа што го купувам за себе е минимално, не се расфрлам со пари за гардероба, ем ми е мака за дадените пари, ем кога знам дека можам за 5кратно поевтино да земам, според мене нема логика да фрлам купишта пари на гардероба.
    Маици веќе и до 200 ден. сега се купуваат така да во последно време повеќе од 200 денари не сум платила некоја маичка, ем убава, ем евтина, ем колку-толку квалитетна. Пасија ми се блејзери, тенки наметки и џемперчиња, значи поима немам колку такви имам, ама многу ги сакам пустите! :inlove: Фармерки купувам 2 пати годишно и тие што ги земам се до 600 ден., патики еднаш годишно пошто сум спортски тип и преку ден носам патики и балетанки така да се на се 1000ка вкупно оди за тоа, штикли еднаш годишно и не ми се некоја посебна пасија, фустанчиња до 500-600 ден., марами обожавам и тоа си земам барем 1-2 годишно, и тоа е тоа што се тиче гардероба.
    За шминки-минки давам пари за тоа што ми е потребно, за нега на тело и парфеми имам повеќе, тоа многу сакам, кармини, лакови за нокти во изобилство, нешто за шминкање земам кога ќе снемам, немам потреба од 3 пудри да ставам, или 6 креони дома да ми стојат исушени. И тоа што го земам не е скапо, све у свему до 1000ка ме фаќа, али долгорочно гледано затоа што пудрата(течна и камена), креонот, руменилото, тушот за очи, маскарата ги трошам за 6 месеци отприлика. Сенки слабо.
    За накит земам бижутерија, најскапиот накит ми е подарок од дечко ми. :inlove:
    По тезгичиња манијачам, гледам што ми фати око и си земам, само веќе и тезгариве претераа со цениве, само Бугарките ми е спасот.

    На крајот да кажам, дека попрво би земала 5 маички од 200 ден., него ли 1 од Манго за 1000ка, некако со текот на времето научив многу повеќе да ги ценам парите и нештата што можеш да ги земеш со нив можат да бидат и поевтини, веќе ни цената не е мерило за квалитет,а брендот веќе само станува име. Не патам по брендови, немам зошто. Побитен ми е моделот, и удобноста.
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    во последно време :o оооххоооооо закејв има што трошам на тоа..
    е па мора,неки ке се мажам :D а треба се ново да си земам ;) од сега е моето :lol: :lol: :lol:
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Скрмна сум јас. ;)
    За козметика ако може така да се каже, гелови за туширање, шампони, маскари, пени за коса, моливчиња и туш ги користиме истите со мајка ми, пошто мало сум зошо и за мене исто да купува.
    Чевли, патики носам највеќе, и тоа купувам евтини 800-1000 денари, најскапите ми се 2000, пума едни, ама квалитетни се покажаа. Балетанки порано сум ги кинела почесто, сега потпораснав и едни лани си купив, оваа година едни преубави за 500 денари, и оваа пролет сум опремена. Чизми еднаш во сезоната, секако. Оваа година купив 2 пара, едни на почетокот на зимата и други за 500 денари на панаѓур, ама ги изнаносив за сите пари. Сандали еднаш годишно секако. Штикли не носам, имам само едни на пуна-пета кондури и тоа ги купив за свадба кај прва братучедка.
    Фармерки/панталони имам 4-5 пара, ради тоа што другите ми се мали :$ и нив ги купувам само по потреба, најскапите ми биле 1900 денари.
    Фустани и суќни не носам многу, сега оваа пролет купив за свадба и го земав прескапо, барем за моите можноси, 1700, ама многу е убав де. :D
    Јакни и капути еднаш во 2 години, така порано се јакни и имам, оваа година купив капут.
    Ташни не носам, имам такви поголеми шо ги носам и на школо, и тоа до 500 денари највеќе.
    Накит не носам уште, добро носам обично летоска алки и ланчиња по 50-100 денари, и обетки носам само такви мали со бурмичка од позади и сите ми се по 30 денари.
    Маици и кошули до 500 денари, и тоа ако овој месец земам 2 маички, наредниот може само една кошулка или ни тоа, ќе чекаш до наредниот.
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Трошам толку колку што имам во џебот :rofl: :rofl:
     
  13. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски

    Исто :D
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Порано купував поретко, да речеме два пати годишно - за лето и есен/зима, ама на пример ќе земев со мене 3500-4000 и со тие пари ќе купам три-четири работи од Котон, Калиопе, Спрингфилд.. Патики купував/м еднаш годишно, последните ги купив на почетокот на школската година, октомври мислам, Најк аутлет од една продавница незнам како се викаше, три и нешто беа. Значи за патики не се штедам, зашто купувам еднаш годишно и сакам да се убави и удобни за носење. Ама за гардеробата, во последно време сватив дека премногу пари ми одат во ветер за само неколку парталчиња, па што ако се од Котон и Калиопе?! И сега за само 700 денари можам да купам 5-6 парчиња на пример од Певекс ,искрено се изнакупував од таму триста маички и убави се, добар квалитет а и фини се, исто како да сум ги купила од Калиопе, Теранова и што ти ја знам.
    За шминки до сега не сум трошела многу, зашто не сум ни користела, само сега сум купила два римела поефтини и туш кој не ни знам уште да го ставам :D , а сјајчиња, лабела и такви ствари не ни ги рачунам за шминка, ама ете со нив мама ме снабдува. :)
    Парфеми исто немам многу, не дека не користам туку не им дошло редот :D , купувам Бон Бонс за 150 и нешто, ама ќе гледам да си купам еден од Ла Рив, така посериозен, овие предетски ми се.

    Значи сега можам да кажам дека не трошам многу за мојот изглед, за разлика од порано кога трошев многу повеќе а добивав помалку. Не дека сум се расфрлала со пари дека и ги немам, ама сепак, споредбено со сега - многу било. Ама па сега од што се навикнав на Певекс, секоја втора недела одам, па пак му доаѓа дека трошам троа повеќе парички. :D
    Како и да е, јас мислам дека и со 2000 ако знаеш правилно да ги трошиш парите, ќе си купиш од се по малку - и гардероба, накит, козметика, обувки..
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Трошам онолку колку што можам.Ако некогаш не сум при пари,немора да ги купам чизмите што ми се допаднале одма.И да,не се расфрлувам и СИТЕ пари на облека. :^)
    Зависи кога како-колку имам толку трошам.
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Pетко да потрошам многу пари :)
    за козметика не трошам скоро ич, си купувам ефтини кармини (зависна сум од кармин) по 20 денари, мене ми се супер, кремави, и даваат ист ефект како и поскапите, потврдувам, и докажувам :!:
    пудра, си користам од 130 денари, сега малце поскапа земав, колку за промена
    млека за тело, парфеми имам навистина многу, ама сите ми се поклон :)
    A не ги користам,не сум фанатик по овие работи,па и да ги немав немаше да купувам :)
    за облека не трошам многу, така ефтино си купувам.
    Hајвеќе пари трошам во супермаркет за дома кога треба да се купи нешто :D
     
  17. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Онолку колку што е потребно бе :)
     
  18. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    јас ќе соберам 1000 и ќе отидам у трговски и ќе си купам маица туника марама и сл. колку да се каже дека сум се подновила неможам јас на секој шопинг да трошам 6.000 едноставно не сум до толку богата и не очекувам други да ми купат јас сама си купувам од парите што сум ги собирала што ми останале од џепарлакот или пак кога баба ми ќе ми даде... :)
     
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Уф ненормално трошам многу пари.За се.Сакам убава облека,купувам и поевтини маички и поскапи.Фармерки имам не знам колку.Чантите ми се фетиш.Фустанчиња и сукниња обавезно мора да се подновувам,за во летно време ми се незаменливи и совршени.За чевли имам една девиза дека нема никогап да се штедам,сакам квалитет а не квантитет.Сеа не да мислте дека цела плата ја давам за облека и шминки али претежно секој месец а може и почесто си се подновувам.Некогаш купувам многу често а некогаш знам да го користам и карминот кој е цел потрошен уште еден месец..
     
  20. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Ја најскромна сум од сите. :D
    Не сакам да трошам многу се додека не застанам на свои нозе, вака некако се ми е на мисла да не ги трошам многу моите.
    За шминки, производи за тела, парфеми и сл трошам од тие на мајками, заеднички ни се.
    За облека 2 пати во годината по 3/4000 и толку. :)