Колку трошите за вашиот изглед?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Magnolija, 12 октомври 2011.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Уффф.. многу само купувам купувам ги наберувам по 3 креми за тело по 3 шампони се дупло да се има. :D Мириси да не зборувам и алишта .Се нешто ми се допаѓа на мене. :D :(
     
  2. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Не многу. Доволно.
    Никогаш не сум барала нешто да купам само бидејќи е најнова мода и е толку скако што сите ќе ми завидуваат. Не заработувам и не барам многу. А и не сум само јас, имам и сестра за кои одат исто многу трошоци за секојдневие а не за изглед.Тоа е плус. Моите никогаш не не оставиле недотерани или да ни недостига некоја неопходна работа, но се со граница на нормала.
    По се изгледа на козметика трошам најмногу. И не во смисла скапи производи, туку повеќе ги има па затоа.Од шминка користам само пудра,маскара,креон,неколку нијанси на кармини,лабело и коректор, и секогаш имам по едно и кога ќе го потрошам да купам ново, а не да имам десет и да седат а едно да користам. Од секакви видови на шампони косата си ја уништив и сега се ставив на минималец и користам најефтина можна варијанта-медицински шампон на Алкалоид кој ми помогна премногу,потоа користам маска за коса, силиконски капки и пена за виткање. Не одам на козметичар за нокти, туку сама ги правам со тоа што купувам лакови со цена до 50ден. и на сите им се допаѓаат. Ем ја користам својата креативност, ем е поефтино. Сама се депилирам со ленти,топол восок или крема и сум задоволна.
    За облека не давам многу пари, и повеќе преферирам да купам повеќе поефтини парчиња што ми се допаѓаат, отколку едно-две за истата цена.За фармерки давам до 1.000 и нешто денари, а зимската облека ми е поскапа. Носам зимска јакна од 5.000ден. и квалитетни Адидас чизми од 4.500-но знам дека вредат и ќе ги носам повеќе години. Се што е за една сезона може да помине и со поефтино а да изгледа добро. Капути, бикини, торби, накит и сл. купувам и сакам но со цена за која сметам дека можам да ја дозволам и да се почастам со уште нешто.
    Чевлите ми се ефтини варијанти, но ги користам максимално и никогаш не изгледаат ефтино.

    Сметам дека не е толку важно дали некој дал премногу или премалку за да излгеда така како што изгледа, се додека е тоа убаво, се чувстува задоволен и им се допаѓа на останатите :)
     
  3. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Не трошам многу,доволно колку што ми треба за да бидам средена.На пример:
    Шминки купувам од есенс и голден роуз најчесто ,бидејќи квалитетот и цената ми одговараат.Си порачувам и од орифлејм кога има намаление,заедно со гел за туширање и лосиони за тело и тоа поголеми пакувања.Не правам залихи,купувам кога ќе ми се потроши нешто.
    Маски,пилинзи си правам дома на природна база.
    Не одам на козметичар.Сама се депилирам со депилатор и ми доаѓа многу ефтино и практично.Ноктите и веѓите исто сама си ги средувам.
    На облека не трошам многу.Купувам на намаление и успевам да најдам некое добро парче во пренди и певекс по багателна цена.Се трудам парчињата да бидат вонвременски и универзални.
    Од модни додатоци имам 3 ташни,2 марами, 4 каиши кои ги имам земено само за 130 или 200 денари од теранова и калиопе.Накитот го изработувам сама и имам премногу.
    Чевли имам малку ама квалитетни,кои секогаш ги купувам на намаление и ми се за наредната сезона.
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Не трошам многу,се во граници на дозволеното и според можностите.
    Шминка користам од Golden Rouz бидејќи ми е најприкладна,накит си купувам но не многу скап.Сама се депилирам,не одам на козметичар освен ептен за некои посебни пригоди кога веќе морам.Облека кога купувам не гледам да е прескапа и не мора да е бренд туку да ми одговара мене и да ми стои убаво,па тоа можи да е нешто и од 200 денари кога ми се допаѓа и би го носела зошто да не. Кога купувам чевли исто так не купувам прескапи,а некогаш знам да си купам и некои на намаление.
     
    На Aerodromka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Купувам само тоа што ми стои убаво , најмногу давам пари за млека за тело , и високи потпетици , другото е се во умерена количина , плакарот ми е преполн со алишта нема каде да ги ставам веќе,во последно време зачестив и кај козметичарката , нокти , депилации ова , она ...... :lol: :lol:
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    И да немам да преживеам за нокти кај Верчето имам :D Мерак ми е да ми ги средува и само вадам изговори дека одам кај неа затоа што немам време сама да ги средам.И мажот ме критикува ама јас во стил на Симо :
    .Лажам пеплосвам, 2 саaти ми ги турпира со трач муабети за свекрвата, де мојата де нејзината непокретна што и подарила колнети римјанки за свадбата :D :D :D .Ми треба муабет и убави нокти, никој нема да ми го скрати тоа НИКОЈ !!! Убивам со нокти, и тоа свежо истурпирани :devil:
    У меѓувреме мразам да се шетам со никнати корења, па си гледам да се исфарбам барем еднаш месечно.
     
  7. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Најмногу трошам за:
    -кондури,балетанки,чизми,сандалки..
    -сјаеви
    (облека секој втор ден купувам)по нешо така ситничко
    -фустанчиња
    -фармерки(на секои 2 месеца) :^)
    -блузички вакви,блузички такви.
    -туники
    -марами
     
  8. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Па скоро сите пари за тоа ги трошам, нема за што друго.. :)
     
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Кога ме финансираа моите бев далеку поскромна и со многу помали трошоци отколку сега. Некои велат дека кога ќе почнеш да работиш ги цениш повеќе парите и да внимаваш на што ги трошиш, ама ете јас не спаѓам во таа категорија на луѓе - трошам додека има.

    Најмногу пари одат на гардероба.
    Плакарите не само што ми се преполни, си земав спејс бег за да ги вакумирам и да не ми фаќаат место оние што не ги носам во моментот и ги префрлив кај моите за мене да не ми сметаат.
    [​IMG]

    Второ на што многу трошам е накит: ланчиња, саати, алки, прстени, обетки, наочари...
    Зависник сум од убав накит и не штедам кога станува збор за ова. Според мене и наједноставната комбинација може да изгледа преубаво и уникатно со добро парче накит.
    [​IMG]

    Трето се ташните, ги имам безброј, секакви модели и бои за секоја комбинација.
    Порано секој месец земав по една, среќа сега малце намалив, немам потреба веќе од толку многу. Голем дел од нив не се никогаш искористени.
    [​IMG]

    Никогаш немам и доволно чевли па и тука не кратам кога станува збор за купување.
    Работата е што тешко си наоѓам соодветни, во спротивно сигурно и тука ќе летаа многу пари.
    [​IMG]

    На козметика трошам најмалку пари.
    Не купувам различни препарати за една иста намена и чекам прво нешто да се потроши за да купам ново. Порано складирав од се по две работи да се има, ама видов дека тоа е крајно неисплатливо и многу од тоа фрлив па решив да купувам според потребите. Не одам во козметички салони, освен за депилација, не трошам пари за третмани, нокти, коса и слично.
    [​IMG]

    Ете така, ви кажав сега колкав расипник сум и не се гордеам со тоа. Имам и други трошоци ама не е темава за да ги пишам и нив. Сликиве што ги поставив не се мои - да не дојде до некоја забуна, само ве забављам додека ги читате моите глупости.
    :emo:
     
    На eloves, crazylady, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Дома можам да продавам облека... :D :D :D нешто на што најмногу трошам е изгледот...
     
  11. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Кога одам на шопинг јас целосно се подновувам така та околу 5000 илјади минимун...^^
     
  12. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Се трудам да трошам што помалку. Облека тешко наоѓам, или е широко или кратко. :D Па ретко купувам, повеќе дома шијам и преправам, а она што ќе го купам знае да ми трае со години а ако нешто не е по стил знам да го преправам :) . Патики купувам кога ќе ми се искинат старите, на секои 2 години, а истото важи и за чевлите за секој ден. Имам неколку пара убави чевли и штикли, кои не се за секој ден. Ама ги чувам ненормално моите работи. Од патики не сум купила ништо над 900 денари :D
    Од козметика купувам по еден коректор на секои неколку месеца, подлога за лице ретко користам па и таа ми трае прилично многу, маскара и друго купувам од ефтините. За нега најскапо нешто ми е кремот за лице (имам осетлива кожа). Ми трае месец дена може и повеќе.
     
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Хмм не сум рачунала а и нејкам :D не сакам да трошам многу пари за облека те не робувам на тоа што поскапо поубаво кај мене обратно , ама па затоа купувам многу , единстевно за обувки многу пари ми одат не можам да одолеам на добра штикла ]:) а и да козметиката ми е многу голем трошок ама за неа не жалам :)
     
  14. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    трошам колку што ми е потребно но највеќе за гардероба и обувки[​IMG] :rofl: :rofl:[​IMG] :rofl: :D :rofl: :D
     
  15. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    676
    све оди на облека, козметика и добри патики :)
     
  16. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Трошам колку што ми е потребно
     
  17. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    колку ќе ми дадат мама и тато
    :lol: :D :D
     
    На glittergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Зависи. За облека не трошам многу и секогаш гледам да поминам поефтино, но за козметика посебно, за лице НЕ ШТЕДАМ.
     
  19. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    9.487
    Пол:
    Женски
    Зависи колку пари ми остануваат за трошење. Сакам да трошам за шминка и облека, али не ми е на прво место:)
     
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    5.109
    Многу пари вложувам во изглед. Ама ме прави среќна и ми влијае на самодовербата и кога можам да си дозволам, зошто да не ?
     
    На mssuniquee и FreeToGo им се допаѓа ова.