Ме интересира колку ние луѓето учиме од туѓите грешки и дали ако некој ваш близок згреши одма си го ставате тоа на срце? Спојлер Барав низ форумов и не најдов слична тема. Доколку има, а не сум видела слободно во канта
Ги следам и ги гледам туѓите грешки.Ама многу ретко се присетувам на ситуациите кога тие грешеле,па затоа можам да донесам заклучок дека не учам многу многу од туѓите грешки.Во суштина сакав да кажам додека не почувствувам на сопствена кожа,не е истото.Најдобро одржаната лекција може да ми биде од СОПСТВЕНИТЕ ГРЕШКИ.А понекогаш толку многу посакувам да можам да ги увидам на грешките уште на почетокот за да не дојде до нешто посериозно. Алал да им е на оние кои умеат да учат од ТУЃИТЕ незгоди.
Повеќе се учам од сопствените грешки бидејќи не живеам за другите и не се замарам многу за нив жто сакаат нека си прават.
Јас пак многу учам од грешките на другите и од нивните искуства...мислам дека и тоа е причината поради која ми велат дека сум многу созреана за моите години.
Подобро е да се учи од туѓите грешки најмногу, секако покрај сопствените, бидејки говорат за тоа како човек не треба да прави,а е животна лекција која не треба да се занемари.
Учам од туѓите грешки и тоа многу, многу работи не сум доживеала но знам како треба со нив и многу совети ми барале и сум им помогнала од наученото од другите. Не учам од грешки на било кој, туку од оние кој ми се блиски кои ми раскажувале што доживеале а јас тоа сум си го запамтила исто како да сум го доживеала. Се’ повеќе се трудам да ги користам туѓите искуства во мојот живот.
искрено не учам од тугите грешки ама многу ми е мило што другите учат од моите грешки и не поминуваат како мене.
Јас си учам и од мои и од туѓи. Колку пати ќе згреши некој мој близок и одма се ставам на негово место. Си викам сите последици што ќе ги претрпе не сакам и јас. Мислам дека вака ми е подобро.
Јас не учам дури ни од моите грешки а не па од туѓите.. Мора нештото да пројде кај мене на технички да се напатам убаво, па после да знам за друг пат..
Воопшто не учам. Туѓите грешки не ме интересираат (да може би звучам глупо), но не ме интересира ако некој направи грешка па секој нека си плати за своите долгови. Најубаво учам од сопствените грешки ако се изгорам јас ќе си дувам, ако друг се изгори нека он си дува. Не дувам во туѓо млеко тоа е едно мое горење што повеќе дуваш тоа повеќе се горам, па нека секој си дува сам. Така да секој за себе е моето мото и само така одам напред
од туѓите не се учи само од својте,и да ѓи согледаш туѓите грешки кога тогаш ќе ги направиш бидејќи секогаш болката се трпи на своја кожа,па внимаваш да не ја повториш грешката која ти создала болка
додека нешто не почувствувам на своја кожа,сто пати да го гледам како пример од другите нема да ми користи,не учам од туѓите грешки
Од туѓите грешки не учам прво зошто не се замарам со нив а второ кога ќе осетиш на своја кожа е друго.
Јас не знам да учам од туѓите грешки, колку и да сакам да видам дека некој направил грешка ПРИМЕР некој кликнал на делете и се се избришало, абе додека јас не кликнам и не видам и не осетам неможам. Просто кажано. Додека не осетам на моја кожа не можам да научам. А како што и други феминки пишале, што ме мене интересира кој направил грешка, зошто и.т.н Да ми е некој близок ке дадам совет, ама шо викат старите...„делам совети на сите ама мене кој да ми даде„ Инат сум си и си терам по мое Сепак од туѓи грешки не се уче.