Само на моја кожа ја сфакам грешката, некогаш толку сум убедена во себе и своите постапки што и 50 души да дојдат и да ми го речат спротивното јас пак ке го направам она моето. Едноставно таква сум, од што сум тврдоглава некогаш и повеке пати на иста грешка паѓам Ама има и некои работи што сум ги прифатила од туѓото искуство и ги применувам.
Учам од се, јас сум еден прекрасен ученик! :geek: Кој и да згреши, јас тоа го забележувам, а понекогаш и пред да згреши некој си замислувам што би се случило и учам!
Не значи дека ако некој направил нешто и згрешил, ќе погрешам и јас ако направам така. Учиш само од своите грешки. Барем јас така.
Навистина можам да дадам добар совет ама кога се работи за мене мора да погрешам.Многу слабо учам од туѓите грешки :/ Јас знам дека може не треба некоја работа да се направи така како што мислам ама пак ја правам Слабост.
Го ставам на срце и тоа премногу. Многу сум сентиментална и одма се ставам на нивно место и го доживувам чувството како на мене би ми било , ако сум во таа ситуација и можам многу добро да ги сфатам и разберам. Што се однесува до тоа колку учиме, стојам на фактот дека Секој си учи од своите грешки, Не е финтата да се изгориш од млеко, па после да дуваш и на јогурт.
.. .никогаш не ме интересирале туѓите животи,а нивните грешки па ич......ако некој згрешил како прво не значи дека и мене можи да ми се случи истото па да извлечам некоја поука,а ако пак ми се случи па ќе се справувам со тоа во тој момент...е сега ако друг згрешил и дошол помош да бара од мене ако можам ќе излезам во сусрет а ако не можам ќе пружам морална подршка..... ....опасно учам на сопствените грешки,негативното секогаш го претворам во позитивно,излвлеквам поука и никогаш не ги повторувам....
Ептен многу учам од тугите и од моите грешки, нема шанси еднаш да сум направила грешка и пак да ја повторам, не сум таква.
Од грешките можам да наочам само кога јас лично на своја кожа ке ја почувствувам таа направена грешка...А да слушнам како некој направил грешка не би можела да научам од неа
Се учиме од туѓите грешки, ама кога човек ќе осети на свој грб најмногу ќе се пази.. http://www.youtube.com/watch?v=wcpEte4plbw
Мислиме дека учиме од туѓи грешки , но со сигурност учиме од сопствените. Само кога ке осетиш на своја кожа , си научил.
Хммм туѓите не се и наши,човек најубаво учи од своите,зашто секоја индивидуа си е сама за себе,најлошо е кога ги повторуваме своите,ај оправдано една двапати али третпат проблемот е кај нас
Се трудам многу да учам од тугите грешки,не сакам да испробувам на себе па да видам дали ке погрешам или не,затоа се трудам да учам од многу примери и грешки од другите-сега не сум ни ја безгрешна,али во главно многу размислувам и се трудам да не грешам!