Па може како пример да ми служат за во некоја ситуација,но брзо се забораваат како лекција што се учи на памет па за одреден период се заборава,но на сопствените грешки доста учам и не ми се повторува по два пати истата.
Не учам многу, односно во мене не остава трага и предупредување туѓата грешка.. Воглавно се учам од туѓи грешки, зашто да не ризикувам, од кај да знам, можеби јас ќе успеам ако не успеал некој си..
Туѓите грешки... Јас место да научам нешто од нив, си викам, пих, како можеше да направи таква глупост и таква грешка, јас да бев никогаш не би го направила тоа. Се разбира, се додека не ми се случи истото и ја направам истата грешка, или можеби поголема, да ми се врати поради претходното размислување.
Учам од туѓите нормално,но некогаш мора да згрешиш за да осетиш како е,за другпат да не ја повторуваш грешката.
Не е финтата што ќе научиш, финтата е потоа да го примениш тоа нешто ако си го научил за да не згрешиш и ти. Знаеме сите да споделиме најдобар совет за некој друг, ама кога станува збор за нас самите знаеме истите грешки да ги повториме неколку пати. Сум научила и јас по нешто од др. грешки ама во некои сутации кога треба сама да си помогнам си ги повторувам грешките, а тоа ужасно ме нервира
Не учам од секој туѓинец ниту пак од секоја грешка. Само од блиски луѓе со кои мојот пат е испреплетен со нивниот и имам индиректни искуства со нивниот живот.
Не учам од туѓите грешки се додека самата не се уверам, се додека не ја почувствувам на своја кожа болката од сторената грешка..
Велат, паметните луѓе учат од туѓите грешки. НЕ!!! Тоа се кукавиците. Само оние кои се плашат да преземат ризик, градат непробоен штит околу себе, седејќи во своето сигурно ќоше и набљудувајќи ги оние кои нескротливо се трудат. Штета… Никогаш нема да најдеш љубов, ако не почувствуваш одбивање, нема да спознаеш среќа, ако не си се давел во депресија и никогаш нема да доживееш поучно просветлување ако не се претопиш во мракот на сопствените грешки. Нема да сфатиш, додека не го почувстуваш на своја кожа. ЖИВЕЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ, живејте како да нема ни ВЧЕРА, ни УТРЕ! Овој момент и овој живот се се’ што всушност имаме. И, сосем доволни ни се, ако ги проживееме по сопствени правила.