Секогаш гледа да учам од туѓите грешки. Зошто јас да се сопнувам и да страдам, кога истото е поминато од некој друг, ако ми работи мозокот може да го сфатам и да извлечам поука оттука. Таа ми е логиката.
Не учам од туѓите грешки. Секој има свои размислувања и ничиј живот не е ист. Се базирам на моите пропусти и учам од сопствените грешки.
Премногу. Затоа и никогаш не сум се каела страшно многу за нешто, него се радувам за таа лекција плус. А колку може да се научи од туѓи грешки незнам.. Се додека не осетиш на своја кожа тешко дека ке научиш дали нешто е исправно или погрешно
По правило треба да учам од своите грешки, ама често пати тешко ми иде. Заглавена сум во ќорсокак од кој реално не го гледам светлото. Да учев од сопствените грешки многу далеку ќе бев сега...ама што е тука е, се надевам дека оваа последната грешка конечно ќе ме освести...
Велат: "Учи од туѓите грешки за да не ги направиш во иднина". Јас, досега не можев ни од моите грешки да научам нешто, а не пак од туѓите. Кога и да сум гледала на грешките од другите во моментот сум мислела дека јас не би го направила тоа и не би грешела, бидејќи не сум сакала да се најдам во ситуација како и личноста која погрешила. Но, кога и да сум се најдела во иста или слична ситуација сум правела грешка,со оправдување дека можеби во мојот случај ќе биде поинаку. Така да, кога се работи за учење од туѓите грешки можам да кажам дека сум научила нешто, но тоа не сум го применила во мојот случај.
Јас од моите сопствени некогаш неможам да научам не пак од туѓите Некогаш може да си ја научам лекцијата,но не секогаш.И колку и да ми е научена лекцијата јас не ја практикувам Ете таква личност сум со сопствени сфаќања и со голем инат.
Слабо.. јас и кога ке згрешам, ја повторувам истата грешка и по неколку пати.. Ама па затоа за ништо не жалам. Ама баш за ништо.
Мислам оти учам. Една другарка баш не мисли за последиците пред да направи нешто, па јас учам од нејзините грешки. Да не беше нејзината непромисленост, којзнае јас што грешки ќе изнаправев
Многу сум научила од грешките на моите најблиски, и тоа многу ми помага во животот, ми помогна да станам добра личност...
Личните грешки се најдобра лекција. Туѓите брзо се забораваат. Барем таков е случајот со мене. Додека не почувствуваш на своја кожа, не можеш да научиш. Освен тоа, туѓите грешки можат да подразбираат поразлични ситуации. Оние одлуки кои за некого се грешка, за мене може да бидат правилни. И обратно.
Јас и моите грешки ги правам по 5-6 пати, за сигурна да бидам дека сум згрешила. А за туѓите, секогаш си викам дека јас кога ќе направам нешто поинаку ќе биде, се додека и јас не се зафркам...
Јас лично доста учам од туѓите грешки затоа и често давам примери на форумот за и други да извлечат поука од тоа.