Многу феминки коментираат во темиве за спорт и баш ме интересира освен дома пред телевизорче колку одат феминките да следат натпревари во живо. За мене лично нема поубаво од тоа да отидеш на натпревар да се изнавикаш, изнапцуеш , да си ја исфрлиш цела негативна енергија, да пееш песни, да скокаш, грицкаш нокти, пцуеш цел пат до дома ако изгубат, НО да не зборам кое е чуството да славиш голема победа. Тука на радоста и нема крај. И одиш дома со зарипнат глас неможеш да збориш, но душата ти е полна. Колку често одите на натпревари? Одите на клупски или репрезентативни натпреварувања? Кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, ватерполо, тенис... што пратите? Ако не сте биле, зашто не одите? Да знаете грешите Си плаќате карти, зимате гратиси, која е најголемата сума која сте ја платиле за натпревар? Како се облекувате? Носите ли дрес, шалче, знаме, исцртувате на обравчето сонценце со краци? Ги знаете ли навивачките химни? Кој ви е најдобар спортски партнер за пратење на натпревари? Многу се радувам што во последниве години гледам многу жени на натпревариве, мераци бе
Jaс имам одено само на Македонија-Шпанија,Македонија Камерун и пред две три години кога беше Интер-Манчестер Ј. на Џузепе Меаца. Чуството е неописливо,атмосверата не можеш да ја опишеш а пцуењето да не зборувам.На секоја секунда.Адреналинот е преголем.Не знам што друго да кажам за да го доловам моментот.Вреди да се оди на такви настани и ке си олесниш на душичката Кога бев на натпреварот против Јунајтед ги имав обезбедено речиси сите реквизити.Сакам пак
Феминки каде сте Ај јас ќе си кажам најмногу следам кошарка, второ ракомет и трето фудбал. Сум отишла еднаш случајно на пливање, не знаев дека има а отидов да си пливам и на тенис имам одено нашки, но мерак имам за Ноле да го гледам А нема да набројувам кај сакам да одам зашто не собира толку зборови еден пост! Одам пред се на репрезентативни натпреварувања, тие додуше се трудам да не ги пропуштам посебно на кошаркариве им одам на 90% од натпревариве, ракомет одам исто често, а фудбал ако има добар противник зашто во фудбал ние сме тапа. А од клубско натпреварување само кошарка но порано одев повеќе и порано на Кометал си одев кој за жал пропадна Карти најчесто си плаќам ама и си наоѓам некад гратиси чат пат, а најскапо платена 1000ка за Македонија-Англија фудбал. Натпревари кои ќе ми останат во сеќавање има многу од фудбал Македонија со Англија и Шпанија, до победи во квалификации на кошаркариве посебно со Босна и Велика Британија, ракомет полуфинале на Кометал итн неможам да се сетам на премногу сум била. Партнер ми е сестра ми секогаш, а и татко ми и мајка ми си одат често зашто бивши спортисти па спорт кај мене е религија Носам секогаш шалчиња, знаме некад, дрес или блуза со знамето што ми е специјално направена и мора во црвено да сум. Ги знам сите песни што ги пејат на репрезентативни натпревари, е клубскиве не ги знам. Нема нема поубаво од одење на натпревари уживам во тоа
Да знаат трибинине на „ФК Караорман“ да зборуваат, само под моето здолниште ќе кажат што има. Најредовен посетител на караормановите натпревари и најжесток навивач си бев. Редовно во машко друштво, а единствено девојче на цел стадион. Ни жените од играчите ги немаше колку мене. Кога РК Стружанка беше во екот на својата слава, пред чистачот се појавував во салата и чекав да почне натпреварот. Мерачам за барем еден натпревар на Арсенал и Партизан, љубови од детството. Е тогаш верувам дека и косава би ја обоила црвено-бело / црно-бело за автентичност на мојата бурна страст кон тимовите. И секако, постојано сум во патриотски филмови за спортски навивања. И моето на терен. Се пеат химни како на ден на народноста, се вика како мајка по дете невоспитано, се чека како трудница рожба, се пцуе бе - како љубоморен грк по македонец, едноставно се гори како за живот да се работи.
Одам! Не сум од оние што само на тв пратат спорт..На прво место ми е ракометот, уште од времето на експанзијата со Кометал го засакав и сум редовен навивач на трибините! Сега сум посветена на машкиов ракомет со оглед на тоа дека женскиот некако згасна на моја голема жалост!Редовно ги пратам Вардар и Металург а и евролигата ја пратев на а1 кога ја даваа и го бодрев секако Кире Лазаров..сега дали ќе ја даваат на др.тв Бог знае Кошарка ми е на второ место..порано идев доста особено на Работнички и Мзт ама сега некако намалив па компензирам одејќи на секој натпревар од нашава репрезентација кога игра во Борис Трајковски! Тоа ми е посебно задоволство...Понекогаш знам да отидам и да го бодрам Вардар на стадион,особено сега кога се враќа оној стар Вардар, клуб кој заслужува да напредува и е дел од мак.фудбалска историја.Но,тоа е ретко..Фудбалската репрезентација да бидам искрена одам да ја бодрам само кога ќе има некој атрактивен противник,и кога знам дека ќе можам да видам добра утакмица! Последно бев со Шпанците кога играа..Вљубеник сум во спортот,повеќе го пратам од што го практикувам,но мислам дека е една од поубавите рекреации во кои може да се ужива! Натпреварите и навивањето се убав начин на издувување на негативната енергија,тука е вклучена и голема количина на адреналин,возбуда,среќа,понекогаш солзи..Мислам дека оние што никогаш не проследиле натпревар во живо пропуштиле многу,сосема е различна магијата кога си таму..блиску до теренот!
Не одам многу често. Главно на ракомет, и тоа кога гостуваат странски екипи кај нас. Тогаш гледам голем дел од натпреварите што се одржуваат кај нас. Многу ми се оди по натпревари, атмосферата ептен ми се допаѓа, и ни јас сама не знам зошто почесто не одам, и на различни наптревари. Повремено одам и на кошарка, еден период доста одев и на пливање, а баш би гледала ватерполо во живо. Сум одлеа и на атлетика, едно време брат ми тренираше, па не испуштав натпревар. Ама за мене лезет е да одам на полн стадион или полна сала, а не кога има два реда гледачи.
Одам и пеам додека ме држи гласот! Со знаме обавезно и маичка-дрес! Не се цртам ама пеам најгласно! Ги знам навивачките песни,најчесто одам со брат ми и најмногу на кошарка.Си навивам за Работнички и нормално за репрезентацијата на Македонија.Дефинитивно натпревари што ќе ги паметам цел живот се квалификациите за ова Европско минатото лето што се играа во Борис Трајковски,поготово мечот Македонија-В.Британија!
е Мерлинке ко јас да сум го пишела ова... што времиња беа тоа во Струга... од дете од 4/5 години се влечев по натпревари
Уфф натпреварите ми доаѓаат како терапија. Дечко ми ме учеше да ги пејам навивачките песни и се дерам, урлам мислиш некое мужиште застанало, а да ме видиш ситна ќе си речеш од кај го вади она рапаво гласиште и обавезно си одам засипната. Омилен наптевар ми беше кога игравме фудбал со Ливерпул, јас на северна трибина да ја сефтосаме со другарките и се погоди еден грк да игра и штом допреше топка, цел стадион уууууууу леле кои пцовки паднаа тогаш . Највеќе сакам да гледам ракомет, особено жените ептен ми се интересни, плус имам другарки ракометарки и ми наоѓаат карти понекогаш. На утакмица кошарка еднаш ме однесоа, ама не сум нешто многу по неа.
Натпревари во ракомет, кошарка! Милина. Особено ако игра моето КУМАНОВО. Ако не сте ги виделе Кумани во живо, тогаш не знаете што е навивање и љубов кон градот (без лутење, сепак секој си го сака својот град најмногу). Пцуење, викање, ОНА чувство кога ќе победите, нервозата кога ќе изгубите. Големо ДА за женски на натпреварите.
сум била на повеќе натпревари таткоми секогаш ме влече но едвај чекам кошарката кога ке е 2012 или 13 не ми текине сега во лјублјана на сите натпревари ке одам кога ке учествува нашата македонија посебно ако играа со словенија баш би била интересно да ги видам моите другари на другата страна на трибуната хихиих а јас ке викам МАКЕДОНИЈА МАКЕДООНИЈА .... едвај чекааам уште сега си збирам пари за карти затоа што занам дека нема да се поефтини од 50 евра....
Често одам на натпревари затоа што едноставно ја обожавам таа еуфорија на навивањето. Преферирам натпревари кога игра репрезентацијата, но знам да отидам и да поддржам некој од нашите тимови. Але Алеее!!
Би сакала да следам, ама за жал нема многу интересни утакмици во мојот град. А како мала секогаш ме носеше татко ми со него Можи заради то го засакав спортот
Многу сакам да одам да ги гледам Барселона во живо и исто така Надал и Ѓоковиќ,тоа ми е неостварена желба сеуште
И јас исто, ама противник на Барса да биде Реал, и да ги победиме секако, и исто така Надал да го победи Ноле , ќе си ја остварам желбава некој ден, да знаете
Кога се работи за одбојка и знам за тој натпревар неможам ада не отидам. А имам и како мала одено со татко ми на фудбалски натпревари.
Порано татко ми многу ме носеше по натпревари. Најчесто на фудбал и ракомет. Сега не одам воопшто, немам интерес за спорт, не ми е интересно. Единствено другарки играат натпревар па да одам да ги гледам, инаку тешко.
Кога би имала можност почесто би одела,два пати имам гледано фудбал во живо но стадионот во Франкфурт и беше мнооогу јако,па и победија домаќините,до вчера на тв си ги гледал сега во живо,многу убаво си поминав,одвај чекам да ми порасне синчето да одиме заедно