Колку феминките одат да следат натпревари во живо

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 21 септември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Многу феминки коментираат во темиве за спорт и баш ме интересира освен дома пред телевизорче колку одат феминките да следат натпревари во живо.

    [​IMG]

    За мене лично нема поубаво од тоа да отидеш на натпревар да се изнавикаш, изнапцуеш :swear: , да си ја исфрлиш цела негативна енергија, да пееш песни, да скокаш, грицкаш нокти, пцуеш цел пат до дома ако изгубат, НО да не зборам кое е чуството да славиш голема победа. Тука на радоста и нема крај. И одиш дома со зарипнат глас неможеш да збориш, но душата ти е полна.

    Колку често одите на натпревари? Одите на клупски или репрезентативни натпреварувања?
    Кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, ватерполо, тенис... што пратите?
    Ако не сте биле, зашто не одите? Да знаете грешите :!:
    Си плаќате карти, зимате гратиси, која е најголемата сума која сте ја платиле за натпревар?
    Како се облекувате? Носите ли дрес, шалче, знаме, исцртувате на обравчето сонценце со краци?
    Ги знаете ли навивачките химни?
    Кој ви е најдобар спортски партнер за пратење на натпревари?

    Многу се радувам што во последниве години гледам многу жени на натпревариве, мераци бе 8)
    [​IMG]
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Jaс имам одено само на Македонија-Шпанија,Македонија Камерун и пред две три години кога беше Интер-Манчестер Ј. на Џузепе Меаца.
    Чуството е неописливо,атмосверата не можеш да ја опишеш а пцуењето да не зборувам.На секоја секунда.Адреналинот е преголем.Не знам што друго да кажам за да го доловам моментот.Вреди да се оди на такви настани и ке си олесниш на душичката :lol:
    Кога бев на натпреварот против Јунајтед ги имав обезбедено речиси сите реквизити.Сакам пак :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Феминки каде сте :D

    Ај јас ќе си кажам најмногу следам кошарка, второ ракомет и трето фудбал. Сум отишла еднаш случајно на пливање, не знаев дека има а отидов да си пливам :lol: и на тенис имам одено нашки, но мерак имам за Ноле да го гледам :) А нема да набројувам кај сакам да одам зашто не собира толку зборови еден пост! :!:
    Одам пред се на репрезентативни натпреварувања, тие додуше се трудам да не ги пропуштам посебно на кошаркариве им одам на 90% од натпревариве, ракомет одам исто често, а фудбал ако има добар противник зашто во фудбал ние сме тапа. А од клубско натпреварување само кошарка но порано одев повеќе и порано на Кометал си одев кој за жал пропадна :|
    Карти најчесто си плаќам ама и си наоѓам некад гратиси чат пат, а најскапо платена 1000ка за Македонија-Англија фудбал.
    Натпревари кои ќе ми останат во сеќавање има многу од фудбал Македонија со Англија и Шпанија, до победи во квалификации на кошаркариве посебно со Босна и Велика Британија, ракомет полуфинале на Кометал итн неможам да се сетам на премногу сум била.
    Партнер ми е сестра ми секогаш, а и татко ми и мајка ми си одат често зашто бивши спортисти па спорт кај мене е религија :D
    Носам секогаш шалчиња, знаме некад, дрес или блуза со знамето што ми е специјално направена и мора во црвено да сум.
    Ги знам сите песни што ги пејат на репрезентативни натпревари, е клубскиве не ги знам.
    Нема нема поубаво од одење на натпревари уживам во тоа :wasntme:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.873
    Да знаат трибинине на „ФК Караорман“ да зборуваат, само под моето здолниште ќе кажат што има. :wasntme:
    Најредовен посетител на караормановите натпревари и најжесток навивач си бев. Редовно во машко друштво, а единствено девојче на цел стадион. Ни жените од играчите ги немаше колку мене. :wasntme:

    Кога РК Стружанка беше во екот на својата слава, пред чистачот се појавував во салата и чекав да почне натпреварот. :angel:

    Мерачам за барем еден натпревар на Арсенал и Партизан, љубови од детството. Е тогаш верувам дека и косава би ја обоила црвено-бело / црно-бело за автентичност на мојата бурна страст кон тимовите.

    И секако, постојано сум во патриотски филмови за спортски навивања.
    И моето :l: на терен.

    Се пеат химни како на ден на народноста, се вика како мајка по дете невоспитано, се чека како трудница рожба, се пцуе бе - како љубоморен грк по македонец, едноставно се гори како за живот да се работи.
     
    На La.Reina.Del.Sur и rossonerka им се допаѓа ова.
  5. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Одам! Не сум од оние што само на тв пратат спорт..На прво место ми е ракометот, уште од времето на експанзијата со Кометал го засакав и сум редовен навивач на трибините! Сега сум посветена на машкиов ракомет со оглед на тоа дека женскиот некако згасна на моја голема жалост!Редовно ги пратам Вардар и Металург а и евролигата ја пратев на а1 кога ја даваа и го бодрев секако Кире Лазаров..сега дали ќе ја даваат на др.тв Бог знае :?: Кошарка ми е на второ место..порано идев доста особено на Работнички и Мзт ама сега некако намалив па компензирам одејќи на секој натпревар од нашава репрезентација кога игра во Борис Трајковски! Тоа ми е посебно задоволство...Понекогаш знам да отидам и да го бодрам Вардар на стадион,особено сега кога се враќа оној стар Вардар, клуб кој заслужува да напредува и е дел од мак.фудбалска историја.Но,тоа е ретко..Фудбалската репрезентација да бидам искрена одам да ја бодрам само кога ќе има некој атрактивен противник,и кога знам дека ќе можам да видам добра утакмица! Последно бев со Шпанците кога играа..Вљубеник сум во спортот,повеќе го пратам од што го практикувам,но мислам дека е една од поубавите рекреации во кои може да се ужива! Натпреварите и навивањето се убав начин на издувување на негативната енергија,тука е вклучена и голема количина на адреналин,возбуда,среќа,понекогаш солзи..Мислам дека оние што никогаш не проследиле натпревар во живо пропуштиле многу,сосема е различна магијата кога си таму..блиску до теренот! ;)
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.747
    Не одам многу често. Главно на ракомет, и тоа кога гостуваат странски екипи кај нас. Тогаш гледам голем дел од натпреварите што се одржуваат кај нас. Многу ми се оди по натпревари, атмосферата ептен ми се допаѓа, и ни јас сама не знам зошто почесто не одам, и на различни наптревари.

    Повремено одам и на кошарка, еден период доста одев и на пливање, а баш би гледала ватерполо во живо.
    Сум одлеа и на атлетика, едно време брат ми тренираше, па не испуштав натпревар. Ама за мене лезет е да одам на полн стадион или полна сала, а не кога има два реда гледачи.
     
  7. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    200
    Одам и пеам додека ме држи гласот! Со знаме обавезно и маичка-дрес! Не се цртам ама пеам најгласно! :D Ги знам навивачките песни,најчесто одам со брат ми и најмногу на кошарка.Си навивам за Работнички и нормално за репрезентацијата на Македонија.Дефинитивно натпревари што ќе ги паметам цел живот се квалификациите за ова Европско минатото лето што се играа во Борис Трајковски,поготово мечот Македонија-В.Британија! :inlove:
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    е Мерлинке ко јас да сум го пишела ова...
    што времиња беа тоа во Струга... од дете од 4/5 години се влечев по натпревари
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.836
    Уфф натпреварите ми доаѓаат како терапија. Дечко ми ме учеше да ги пејам навивачките песни и се дерам, урлам мислиш некое мужиште застанало, а да ме видиш ситна ќе си речеш од кај го вади она рапаво гласиште и обавезно си одам засипната.
    Омилен наптевар ми беше кога игравме фудбал со Ливерпул, јас на северна трибина да ја сефтосаме со другарките и се погоди еден грк да игра и штом допреше топка, цел стадион уууууууу леле кои пцовки паднаа тогаш :lol: . Највеќе сакам да гледам ракомет, особено жените ептен ми се интересни, плус имам другарки ракометарки и ми наоѓаат карти понекогаш. На утакмица кошарка еднаш ме однесоа, ама не сум нешто многу по неа.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    651
    Натпревари во ракомет, кошарка! Милина. :inlove:
    Особено ако игра моето КУМАНОВО. Ако не сте ги виделе Кумани во живо, тогаш не знаете што е навивање и љубов кон градот (без лутење, сепак секој си го сака својот град најмногу). :lol:
    Пцуење, викање, ОНА чувство кога ќе победите, нервозата кога ќе изгубите. Големо ДА за женски на натпреварите. :D
     
  11. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    120
    сум била на повеќе натпревари таткоми секогаш ме влече но едвај чекам кошарката кога ке е 2012 или 13 не ми текине сега во лјублјана на сите натпревари ке одам кога ке учествува нашата македонија посебно ако играа со словенија баш би била интересно да ги видам моите другари на другата страна на трибуната хихиих а јас ке викам МАКЕДОНИЈА МАКЕДООНИЈА .... едвај чекааам уште сега си збирам пари за карти затоа што занам дека нема да се поефтини од 50 евра....
     
  12. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    порано одев на фудбалски натпревари а во последно мн ретко
     
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    397
    Често одам на натпревари затоа што едноставно ја обожавам таа еуфорија на навивањето. Преферирам натпревари кога игра репрезентацијата, но знам да отидам и да поддржам некој од нашите тимови. Але Алеее!! :rock:
     
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.093
    Би сакала да следам, ама за жал нема многу интересни утакмици во мојот град. А како мала секогаш ме носеше татко ми со него :lol: Можи заради то го засакав спортот :wasntme:
     
  15. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    980
    Многу сакам да одам да ги гледам Барселона во живо и исто така Надал и Ѓоковиќ,тоа ми е неостварена желба сеуште :lol:
     
  16. blosson

    blosson Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    :lol: :rofl: Не би сакала немам интерес за воа
     
  17. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    И јас исто, ама противник на Барса да биде Реал, и да ги победиме секако, и исто така Надал да го победи Ноле :party: , ќе си ја остварам желбава некој ден, да знаете :inlove:
     
  18. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.459
    Кога се работи за одбојка и знам за тој натпревар неможам ада не отидам.
    А имам и како мала одено со татко ми на фудбалски натпревари.
     
  19. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Порано татко ми многу ме носеше по натпревари. Најчесто на фудбал и ракомет. Сега не одам воопшто, немам интерес за спорт, не ми е интересно. Единствено другарки играат натпревар па да одам да ги гледам, инаку тешко.
     
  20. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    86
    Кога би имала можност почесто би одела,два пати имам гледано фудбал во живо но стадионот во Франкфурт и беше мнооогу јако,па и победија домаќините,до вчера на тв си ги гледал сега во живо,многу убаво си поминав,одвај чекам да ми порасне синчето да одиме заедно :$